ПОГОЛЕМА БРЗИНА, ПОГОЛЕМА ЗАБАВА.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 1 со 3 врати.

Последната технологија на инјектирање гориво, целосно варијабилна контрола на вентилите и турбополнење, тоа е рецептот за успех на моторите од палетата на BMW EfficientDynamics. И кај бензинските и кај дизел моторите, вртежниот момент се искачува до врв дури и при ниски вртежи. Меѓутоа, кога станува збор за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите, BMW Серија 1 остава извонредно добар впечаток – особено во изведба на BMW 116d EfficientDynamics.

BMW Twinpower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставува пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW M140i
  • BMW M140i xDrive
  • BMW 125i
  • BMW 120i
  • BMW 118i
  • BMW 116i
BMW Twinpower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • BMW 125d
  • BMW 120d
  • BMW 120d xDrive
  • BMW 118d
  • BMW 118d xDrive
  • BMW 116d