Дизајнот на BMW Серија 1 со 5 врати

НЕ Е ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЗНААТ ДА УЖИВААТ.

Дизајнот на BMW Серија 1 со 5 врати.

НЕ Е ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЗНААТ ДА УЖИВААТ.

Дизајнот на BMW Серија 1 со 5 врати.

Градскиот живот нуди секојдневни изненадувања. И со својата совршена комбинација на возбудлива динамика, самоуверениот дизајн и врвните материјали, BMW Серија 1 е дел од нив. Без оглед на тоа дали патувате на работа, до вашиот омилен спортски клуб или излегувате со пријателите, неговиот опуштен карактер го зголемува факторот на забава. И ви гарантира куси, брзи патувања – без слепи улици.  

НЕ Е ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЗНААТ ДА УЖИВААТ. Дизајнот на BMW Серија 1 со 5 врати.

Градскиот живот нуди секојдневни изненадувања. И со својата совршена комбинација на возбудлива динамика, самоуверениот дизајн и врвните материјали, BMW Серија 1 е дел од нив. Без оглед на тоа дали патувате на работа, до вашиот омилен спортски клуб или излегувате со пријателите, неговиот опуштен карактер го зголемува факторот на забава. И ви гарантира куси, брзи патувања – без слепи улици.  

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Моќни линии и големи отвори за воздух укажуваат на тоа колку енергија ви стои на располагање во BMW Серија 1. Тесни, фокусирани предни светла, кои се достапни како опција со целосна LED технологија, се насочени кон срцето на предниот дел – двојната полукружна маска со хромирана рамка. Динамичниот целосен впечаток отвора апетит за едно автентично уживање во возењето. На задниот дел, големиот браник со калниците и широката оска на тркалата го нагласуваат блискиот контакт со површината на патот. Задните LED светла во L-облик го привлекуваат вниманието и веднаш покажуваат дека тоа е типично BMW возило кое ги освојува улиците.  

ДИЗАЈН НА LED СВЕТЛАТА.

Точки на привлечност: задни светла во L-форма, предни светла и светла за магла на BMW Серија 1 исто така се достапни во LED технологија.  

  • Адаптивни LED предни светла

    Адаптивните LED предни светла со целосна LED технологија вклучуваат трепкачи, средни и долги предни светла, позициони светла и аголни светла за безбедност и оптимално осветлување на патот. Осум силни LED ламби се користат за функциите на средните и долгите светла. Издолжените LED трепкачи со динамичен изглед се поставени јасно над карактеристичните LED светла за дневно возење. Автоматските долги светла и адаптивните предни светла со варијабилна контрола на светлата за возење во градски услови како и надвор од градовите и на автопатиштата обезбедуваат значителни подобрувања при возење ноќе – за безбедно и релаксирано возење, речиси како да возите дење.  

  • LED светла за магла

    LED светлата за магла ја подобруваат видливоста на мала оддалеченост при услови на магла или дожд, со што ја подобруваат безбедноста при ноќно возење. Покрај широкиот сноп светлина, тие се забележителни по бојата на нивната светлина – која е многу слична на дневната светлина – нивниот долг век на траење и ниската потрошувачка на енергија.
    LED светлата за магла исто така имаат и впечатливо дизајнирани детали под двојните предни светла на привлечниот преден дел од BMW.  

  • Задни светла

    Задните светла во два дела со карактеристичната L форма се базирани на LED технологија. Тие се состојат од еден светлински елемент во каросеријата на автомобилот и еден во задната врата. Благодарение на динамичната функцијата на светлата од сопирачките, возачите на возилата зад вас се предупредуваат со светкање на светлата од сопирачките доколку возилото нагло запре во итни ситуации.  

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Свеж, модерен и едноставен – тоа е впечатокот што на прв поглед го создава внатрешноста на BMW Серија 1. Истото се потврдува и при повторно гледање. Кабината ја има типичната ориентираност кон возачот и целата внатрешност се карактеризира со врвен дизајн се до последниот детаљ. Стандардна карактеристика на BMW Radio Professional се карактеризира со разни хромирани детали и жлебови во црна боја со висок сјај.
Багажниот простор од 360 литри може да ги собере вашите торби од пазарење, ранци или големи предмети, заедно со очила за сонце, фото апарати и други помали предмети што може да се стават во вратите или во централната конзола. Ексклузивната површина и дава на внатрешноста модерен изглед, а со пакетите Urban, Sport и М Спорт, се додава и една лична нота. Каде и да се возите со BMW Серија 1, едно нешто е загарантирано: никогаш нема да ви биде здодевно.