ИНТЕЛИГЕНТНИ ПОМОШНИЦИ ВО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 1 со 5 врати.

Возењето може да биде порелаксирано кога интелигентните системи за помош при возење ќе спроведат некои задачи за Вас. Помошта при возење Ве предупредува за претстојните ризици. Навигацискиот систем Professional си го знае патот скоро насекаде. И со информациите за ограничување на брзината, Ви се гарантира возење без пречки. Ова се само три од многуте опции што ќе го подобрат забавниот фактор во BMW Серија 1 со 5 врати.  

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на автоматско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час, ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со автоматско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на автоматско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша акустичен звук. Доколку возачот не реагира, при брзини до 60 км/час, системот самиот почнува да сопира. При брзини од приближно 20-25 км/час, Предупредувањето за лица помага да се спречат незгоди со пешаци, и на брзини до 60 км/час, ја намалува сериозноста на незгодата. Доколку системот предупредува за потенцијален судир, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција и почнува да сопира, доколку е потребно. Помошта за внимателност го следи однесувањето на возачот за знаци на умор. Кога ќе регистрира некоја абнормалност, на Контролниот дисплеј се прикажува совет да се запре возилото.

АКТИВЕН ТЕМПОМАТ СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

Активниот темпомат (контрола на брзината) со stop&go функција, кој вклучува и радарски систем за предупредување на приближување со функција на намалување на брзината нуди можност за поголема удобност и безбедност во сообраќајот. Системот одржува брзина која претходно е избрана од возачот, како и растојание од возилото пред Вашето. Возилото ја презема функцијата на забрзување и сопирање и го одржува претходно определеното растојание до возилото пред Вашето, дури и при бавно движечки сообраќај до целосно запирање во сообраќаен метеж. Доколку возилото се приближи на друго возило пред него, или, доколку друго возило навлезе во лентата, системот прецизно ја приспособува брзината за да го земе предвид другото возило. Може да се активира при брзини до 210 км/час.
Stop&Go функцијата не само што автоматски ја регулира брзината до целосно запирање, туку, исто така, и автоматски забрзува до саканата брзина во рамките на дадениот временски период, веднаш штом условите во сообраќајот тоа ќе го дозволат.
Ако возилото пред Вашето ненадејно запре, Вашиот BMW автомобил веднаш ќе реагира кога ќе се активира контролата на приближување. Системот функционира во неколку чекори. Прво ќе се вклучи симбол за предупредување, а потоа симболот ќе почне да трепка и ќе се слушне звучно предупредување, а на крајот се активираат сопирачките.  

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното и нормалното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори, дури и при тесен паркинг простор, додека возилото поминува крај нив со мала брзина (под 35 км/час) на максимално растојание од 1.5 метри од редот на паркирани возила.
Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали.
Кога возилото полека ќе се приближи до пречката, помошта при паркирање автоматски ќе се активира преку функцијата ,,Auto PDC” (автоматска контрола на оддалеченост при паркирање). Подобрената функционалност на системот вклучува поддршка на возачот при паркирање на места што се нормални со патот. PDC, исто така, емитира сигнал за предупредување, доколку возилото премногу се приближи до пречката.
При паркирање без системот за помош при паркирање, помошта при латерално паркирање користи дополнителни сензори за да ја следи површината покрај автомобилот и прикажува пречка на контролниот дисплеј. На тој начин возачот може да се релаксира и да ужива во поголема безбедност при паркирање.

sd
3
iDrive Touch Controller

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со префинет дизајн и супериорна палета услуги: тој испорачува едноставен и лесен за употреба навигациски систем што е целосно интегриран во BMW возилото, вклучувајќи iDrive оперативен концепт и iDrive Touch Controller. Системот се состои од хендсфри (hands-free) уред со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, тој ја олеснува употребата на Сообраќајните информации во реално време (RTTI). Вградениот 8.8" LCD дисплеј во боја со функција на поделен екран (главен и дополнителен екран) е дизајниран за најдобра видливост и преглед.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација и тоа рачно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување.  

  • Автоматско ажурирање мапи

    Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надоместок во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во некои европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ БРЗИНА.

Информации за ограничување брзина

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ БРЗИНА.

Безбедност на прво место: Информациите за ограничување на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување го прикажуваат моменталното ограничување на брзината на инструмент таблата, како и информации за зоните во кои е забрането претекнување. Таквите информации се прикажуваат на информацискиот дисплеј на инструмент таблата. Камерата интегрирана во ретровизорот ги регистрира сообраќајните знаци. Контролната единица потоа ја процесира и ја прикажува оваа информација заедно со податоците од навигацискиот систем. Со употреба на останатите функции во автомобилот, понекогаш може да се прикажат, дури и варијабилни ограничувања на брзината, како тие кои се применуваат во текот на влажни услови или во одредени периоди во текот на денот.

КАМЕРА ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД.

Камера за возење наназад

КАМЕРА ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД.

Камерата за возење наназад му овозможува на возачот да има увид на Контролниот дисплеј за површината зад возилото кога маневрира и паркира. Камерата за возење наназад ја подобрува видливоста при возење наназад со брзина под 15 км/час, на пример при паркирање.
Линиите за водење и пречките означени со боја што се прикажуваат на Контролниот дисплеј му покажуваат на возачот дали избраниот паркинг простор е доволно голем за неговиот автомобил и го олеснуваат паркирањето. Кога управувачот е свртен докрај, системот прикажува црвени линии за вртење и зелени линии водилки кои се адаптираат на движењата на управувачот.
Камерата за возење наназад автоматски се исклучува по десет метри или кога брзината надминува 15 км/час. Во комбинација со кука за влечење приколка, камерата за возење наназад го олеснува приоѓањето до приколката за истата да се закачи благодарение на практичната функција на зумирање.

СИСТЕМ НА АВТОМАТСКИ ДОЛГИ СВЕТЛА.

Систем на автоматски долги светла

СИСТЕМ НА АВТОМАТСКИ ДОЛГИ СВЕТЛА.

Системот на автоматски долги светла му помага на возачот во текот на возењето ноќе, со тоа што ги активира долгите и кратките предни светла во зависност од присуството на сообраќајот што приоѓа или возилата пред вашето. Овие светла, исто така, автоматски се затемнуваат кога уличното осветлување е доволно силно.
Камерата сместена зад внатрешниот ретровизор ги регистрира предните светла на останатите возила на растојание од 1.000 метри. Задните светла на возилото пред Вашето се регистрираат на растојание од 500 метри. Кога системот на автоматски долги светла е активиран и се приближува возило од спротивна насока, или кога ќе се регистрираат задните светла на возилото пред Вашето, системот автоматски ги вклучува кратките светла.