Линии и опрема за BMW Серија 1 со 5 врати

ДОБАР СТИЛ Е НОВ ТРЕНД.

Линии и опрема за BMW Серија 1 со 5 врати.

ДОБАР СТИЛ Е НОВ ТРЕНД.

Линии и опрема за BMW Серија 1 со 5 врати.

Трендовите се за секого. Стилот, пак, е лична работа. Тој целосно може да се покаже со BMW Серија 1. Со BMW линии во варијанти Sport и Urban. Со атлетскиот М Спорт пакет. И со оригиналните BMW додатоци за да се добие уште поиндивидуален изглед.  

ДОБАР СТИЛ Е НОВ ТРЕНД. Линии и опрема за BMW Серија 1 со 5 врати.

Трендовите се за секого. Стилот, пак, е лична работа. Тој целосно може да се покаже со BMW Серија 1. Со BMW линии во варијанти Sport и Urban. Со атлетскиот М Спорт пакет. И со оригиналните BMW додатоци за да се добие уште поиндивидуален изглед.  

URBAN ЛИНИЈА.

Посвежо, помодерно и поексклузивно – со Urban Line, можете да му дадете на BMW Серија 1 со 5 врати нешто што ретко се гледа на улиците: сопствена лична нота.  

  • Надворешност

    Линијата Urban се движи на привлечни 16-инчни тркала од лесни легури со V краци тип 411. BMW полукружната двојна маска, со лајсни во мат сребрена боја и рамка хромирана со висок сјај, создава визуелен акцент на предниот дел од возилото. Предните отвори за воздух се изработени во црна боја со висок сјај и – како и задниот браник – доаѓаат во нагласена линија со лајсна во мат сребрена боја. Лајсната поставена во средина на отворот за воздух на предниот браник е со сјајна црна боја. Натписот „Urban Line“ може да се види на страничните панели од предната лева и десна страна.
    17-инчни тркала од лесни легури со V краци тип 412 во двобојна сива варијанта се достапни како ексклузивна алтернатива за Urban линијата. Достапни се и други типови тркала.  

  • Внатрешност

    Дури и пред да влезете во возилото, далечинскиот управувач со елегантните бисерно хромирани детали ја најавуваат возбудата која следува. Кога ќе се отворат предните врати, погледот веднаш ви го привлекуваат газиштата на праговите со алуминиумски влошки и натписот „BMW Urban“.
    Патниците се удобно сместени во елегантни седишта во комбинација од текстил/кожа во „Path“ сребрено/бисерно сив дизајн. Црните внатрешни декоративни лајсни во акрилно стакло со Oxide мат сребрени лајсни, заедно со релаксирана комбинација на директно и индиректно осветлување – како што е амбиент светлото, осветлените рачки на вратите и осветлениот простор за нозете – и даваат на внатрешноста луксузен амбиент. Бојата на светлината може да се менува од сина во портокалова. Наслоните за рацете што се регулираат исто така придонесуваат за одличното ниво на комфор во кој уживаат возачот и патникот на предното седиште. Спортскиот кожен управувач му овозможува на возачот целосно да ужива во прецизноста на BMW потпирањето.
    Седиштата во комбинација текстил/кожа во Path црно/сребрен дизајн, заедно со украсните лајсни во внатрешноста во бело акрилно стакло со матирани украси и мат Oxide сребрени украсни лајсни се исто така достапни како алтернатива.  

SPORT ЛИНИЈА.

Со Sport линијата, динамичниот BMW Серија 1 со 5 врати се чини дури и поспортски и поатлетски. Ова се должи на бројните адаптации што се направени во внатрешноста и на надворешноста на возилото.  

  • Надворешност

    Линијата Sport се движи на динамични 16-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци тип 376. BMW полукружната двојна маска доаѓа со хромирана рамка, додека лајсните и другите впечатливи дизајнерски детали – како лајсната на задниот браник или отворите за воздух на предниот дел - се во црна боја со висок сјај.
    Црно хромираниот завршеток на издувната цевка, заедно со натписот „Sport“ на страничните панели на предниот дел, даваат увид во динамичното педигре на моделот.
    17-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци тип 379 се достапни како ексклузивна алтернатива за Sport линијата. Достапни се и други типови тркала.  

  • Внатрешност

    Кога ќе се отворат предните врати, газиштата на праговите со алуминиумски влошки – вклучувајќи го и натписот „BMW Sport“ – ви даваат увид во динамичното педигре на линијата Sport. Возачот и патникот на предното седиште имаат оптимална поддршка во спортските седишта, кои се тапацирани во текстил „Corner“ антрацит со црвени детали. Внатрешните декоративни лајсни во црна боја со висок сјај со мат лајсните во корално црвена боја, заедно со релаксирана комбинација на директно и индиректно осветлување – како што е амбиент светлото, внатрешното светло и осветлениот простор за нозете – создаваат динамичен, но удобен амбиент. Бојата на светлината може да се менува од бела во портокалова.
    Наслоните за рацете што се регулираат исто така придонесуваат за одличното ниво на комфор во кој уживаат возачот и патникот на предното седиште. Со лесниот кожен управувач Sport со црвени контрастни пораби, возачот секогаш одржува совршена контрола над возилото. Инструмент таблата со специјален дизајн на стрелките, со црвени детали и попрецизно поставените ознаки исто така придонесуваат за внатрешниот спортски изглед, Далечински управувач со црвени детали го надополнува спортскиот изглед.
    Спортските седишта со текстил „Corner“ антрацит со сиви детали и внатрешни декоративни лајсни во црна боја со висок сјај со мат Oxide сребрени украсни лајсни се исто така достапни како алтернатива.  

М СПОРТ ПАКЕТ.

Екстремен спорт пренесен на улиците: со М Спорт пакетот, можете да го покажете спортскиот карактер на BMW Серија 1 со 5 врати за сите да го видат – и одвнатре и однадвор. Дизајнерските детали на М аеродинамичниот пакет и М Спорт потпирањето (дел од пакетот) му даваат на возилото едно неодоливо спортско обележје.  

  • Надворешност

    Благодарение на М Спорт потпирањето и 17-инчните М тркала од лесни легури со двојни краци тип 383 М со разни димензии на гуми, М Спорт пакетот е идеален за исполнување на сите потреби на оние возачи кои сакаат динамично возење. Аеродинамичниот М пакет со браниците и праговите во боја на каросерија, заедно со обработ на задниот дифузер во ексклузивна контрастна темна Shadow металик боја, го нагласуваат атлетскиот изглед на возилото. Секој сегмент во BMW двојната полукружна маска со хромирана рамка има девет лајсни во црна боја со висок сјај. Спортскиот изглед го заокружуваат BMW Individual Shadow Line карактеристики со висок сјај како што се линиите на лајсните, страничните рамки, завршните делови на прозорските рамки и базата на надворешните ретровизори како и рамка во црна боја со висок сјај. Издувната цевка е хромирана со висок сјај. М натписите на страничните панели во предниот дел укажуваат на динамичните амбиции на автомобилот. За М Спорт пакетот ексклузивно е достапна Estoril сина металик боја.
    Како алтернатива, М Спорт пакетот исто така е достапен со стандардно потпирање или адаптивно М потпирање, заедно со 18-инчните М тркала од лесни легури со двојни краци тип 461 М во сребрена или железно сива металик боја со гуми во разни димензии.  

  • Внатрешност

    Спортските седишта на М спорт пакет во комбинација платно/алкантара „Hexagon“ антрацит со контрастна опшивка во Royal сина боја и во ексклузивен М стил. Овие седишта им овозможуваат оптимална поддршка на возачот и патникот на предното седиште, додека наслоните за рацете што се регулираат придонесуваат за создавање исклучителен комфор. BMW Individual наслонот за глава во антрацит и внатрешните декоративни лајсни во алуминиум Hexagon со мат сини детали извонредно ги нагласуваат динамичните перформанси на возилото. Возачот секогаш одржува одлична контрола на возилото благодарение на М кожниот управувач со три краци, наслон за палците и мултифункционалните копчиња. Со дијаметар од 373 мм и амблем М, управувачот е достапен во кожа „Walknappa“ црна боја со црна опшивка. Инструмент таблата на која мерачите се со прецизна поделба, го истакнуваат спортското педигре на возилото, додека клучот со Estoril сини детали значи дека желбата на возачот за динамично возење е очигледна за сите, дури и надвор од возилото.
    Комбинација на директна и индиректна светлина, како што се внатрешното светло и осветленото место за нозете на патниците, додава една импозантна нота на внатрешноста. Бојата на светлината може да се менува од бела во портокалова.
    Внатрешните декоративни лајсни исто така се достапни во алуминиум Hexagon со акцентирани детали во црна боја со висок сјај како алтернатива. Достапни се и други внатрешни декоративни лајсни.  

Пакети

ПАКЕТИ.

BMW пакетите со опрема се првиот избор кога станува збор за специјалните додатоци за вашиот BMW Серија 1. Побарајте информации од вашиот дистрибутер на BMW возила какви пакети се достапни во вашата земја или дознајте во конфигураторот на возилото на националната BMW веб страница.  

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци, можете да го истакнете индивидуалниот стил на вашиот BMW Серија 1. И уште повеќе да ја зголемите неговата разновидност и флексибилност. Тука можете да најдете голем избор на практични производи со висок квалитет.

  • Транспорт и багаж

    Модерниот BMW покривен носач 320 во бела и антрацит боја овозможува простор за до пет пара скии со должина до 185 цм и е компатибилен со сите BMW системи за покривни носачи. Поради фактот дека тој може да се отвори од двете страни и има тројно централно заклучување од секоја страна, скиите лесно може да се натоварат и да се заштитат од кражба.
    Универзалниот држач е идеален за транспорт на сите видови објекти. Благодарение на четирите држачи кои лесно се регулираат, четири точки на врзување и два појаси за затегнување, дури и големите габаритни предмети може безбедно да се прицврстат.

    BMW детско седиште за група 2/3 во црно/сина боја „расте“ како што ви расте детето и може да се користи долг период на време, за деца на возраст од приближно три до 12 години (од 15-36 кг.) Тој е прицврстен со сигурносен појас од автомобилот кој се врзува во три точки и може да се поврзе и со ISOFIX точките за прицврстување во возилото. Ова значи дека седиштето нуди поголема стабилност. Во исто време, патентираните воздушни перничиња и високите странични штитници обезбедуваат оптимална заштита од странични удари во главата. Покрај тоа, детското седиште оптимално се вклопува во секое седиште во возилото благодарение на наслонот на седиштето кој може да се регулира. Функцијата за преклопување на наслонот ви овозможува полесен транспорт надвор од возилото, на пример, додека патувате.

    Држачот за Apple iPad 2, 3 или 4, вклучува приклучок за USB/кабел за полнење. Лесно може да се приклучи на основниот носач (потребно) и да се извади со притискање на копчето. Apple iPad може лесно да се монтира на рамка која ротира за 360°. Фактот дека може да се постави во различни позиции им овозможува на патниците во задните седишта да имаат удобен агол за читање, да може да гледаат видео записи во релаксирана положба или да започнат интернет комуникација (само поврзано со BMW Car Hotspot). Благодарение на интегрираната потпора на задниот дел, држачот исто така може да се постави и надвор од возилото.

    Држачот за велосипед/е-велосипед кој се монтира на куката за влечење е лесен но стабилен и може да носи товар и до 60 кг. Извонредно лесен за ракување, тој може да транспортира два велосипеда или е-велосипеда (може да се продолжи да собере и три велоспеди). Функцијата за лесно налегнување овозможува лесен пристап кон багажниот простор во секое време.  

  • Тркала од лесни легури

    Висококвалитетните 19-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци 660 се двобојни ковани во Orbit сива боја и од предната страна се исполирани до висок сјај. Електричниот систем за контрола на притисокот во гумите (TPMS) го заокружува комплетот тркала со ран-флет гуми во разни димензии, предните тркала се со димензии 7.5J x 19 со 225/35 R 19 88Y XL RSC гуми, а задните тркала се со димензии 8 J x 19 со 245/30 R 19 89 Y XL RSC гуми.
    19-инчните тркала од лесни легури со двојни краци 361 и со врвен квалитет се двобојни, црни со црвен прстен и дополнителна спортска нота. Комплетот тркала со ран-флет гуми во разни димензии, предните тркала се со димензии 7.5J x 19 со 225/35 R 19 88Y XL RSC гуми, а задните тркала се со димензии 8J x 19 со 245/30 R 19 89 Y XL RSC гуми.

  • Додатоци за внатрешноста и надворешноста

    Совршено скроени, трајни патосници Urban за сите годишни времиња со издигнати краеви и елегантен дизајн го заштитуваат просторот за нозете од влага и нечистотии и ги одржуваат нозете суви. Тие се црни и имаат светло сиви рабови и поставени во предниот простор за нозете совршено се вклопуваат во линијата Urban.
    BMW Urban кутијата за клучеви е комбинација на висококвалитетна кожа и иновативни метални детали и совршено го надополнува динамичниот карактер на возилото. Клучот цврсто е закачен за кутијата, заштитен е од гребаници и лесно може да се извади. Во црно/светло сива боја, тој совршено ја надополнува линијата Urban.
    Совршено скроени, трајни патосници за багажниот простор со издигнати краеви и елегантен дизајн го заштитуваат просторот за нозете од влага и нечистотии и ги одржуваат нозете суви. Тие се црни и имаат светло сиви рабови и поставени во предниот простор за нозете совршено се вклопуваат во линијата Urban.