BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 1 со 5 врати

БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 1 со 5 врати.

БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 1 со 5 врати.

Кога возите BMW Серија 1 на располагање имате сè што Ве поврзува со Вашата околина, а тоа го подобрува квалитетот на животот, благодарение на BMW услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive. Сè што нуди интернетот и Ваша сопствена музика во секое време и секаде А, тука е приликата да избегнете колони и гужви и да тргнете по алтернативниот пат.

БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 1 со 5 врати.

Кога возите BMW Серија 1 на располагање имате сè што Ве поврзува со Вашата околина, а тоа го подобрува квалитетот на животот, благодарение на BMW услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive. Сè што нуди интернетот и Ваша сопствена музика во секое време и секаде А, тука е приликата да избегнете колони и гужви и да тргнете по алтернативниот пат.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услуги се основа за функциите BMW ConnectedDrive кои му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа пристап до тековната локација, информации врз база на локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн/мрежни пребарувања овозможени од GoogleTM и практични функции на уред. Во менито со апликации може да се состави сопствена палета услуги и функции како следење интернетски камери, паркинг информации и патни и хотелски водичи.
Вклучен е и практичен, сигурен и неограничен пристап до избраните апликации на смарт телефонот. ConnectedDrive услугите обезбедуваат пристап до ConnectedDrive продавницата во којашто услугите и апликациите може да се нарачаат и да се продолжат во секое време и секаде за да одговараат на Вашите потреби. Опремата на ConnectedDrive услугите го нуди сè ова и повеќе, и го претвора секое Ваше патување во вистинско доживување.

  • BMW апликации

    BMW апликациите се платформа што овозможува практична употреба на селектираните апликации за смарт телефон во BMW возилата. За да се направат достапни многуте апликации за своите клиенти, BMW не само што разви свои сопствени апликации, како BMW Connected и М Laptimer, туку и блиску соработува со Napster, GoPro, Deezer, Spotify и Audible за да можат и тие апликации да бидат сигурно користени во возилото.
    Едноставно поврзете компатибилен смарт телефон со возилото преку snap-in адаптер или USB кабел. Сите апликациски функции може практично да се управуваат преку iDrive Controller. Изборот на апликации, достапни за употреба во возилото постојано се проширува благодарение на блиската соработка помеѓу BMW и големиот број снабдувачи. За повеќе информации видете на www.bmw.com/apps.

  • BMW ConnectedDrive продавница

    Во продавницата на BMW ConnectedDrive можете да купите услуги и апликации што одговараат на секоја потреба, во секое време и место. Овие услуги може флексибилно да се изберат и нарачаат во секое време, дури и по купувањето на BMW возилото. Со ова им се овозможува на клиентите да изберат од палетата на сите достапни BMW ConnectedDrive услуги и апликации директно од возилото, во секое време, врз база на нивните потреби.
    Услугите и апликациите што може да се нарачаат во BMW ConnectedDrive продавницата се посебно развиени за да одговараат на потребите и барањата на возачите на BMW возилото. Времетраењето на посебните услуги може, исто така, да се селектира. Со ова се овозможува клиентите да нарачаат услуги за определен период на време, на пример за време на нивниот одмор.
    До продавницата BMW ConnectedDrive може да се пристапи директно од возилото или преку My BMW ConnectedDrive онлајн корисничкиот портал. Новите нарачани услуги и апликации потоа се пристапни од возилото, кратко по нивното избирање и купување. BMW ConnectedDrive продавницата нуди можност во секое време да се пристапи до најновите информации за достапните услуги и апликации.

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Со далечинските услуги и бесплатната апликација My BMW Remote (достапна во Apple App Store и Google Play продавницата), од далечина може да се управуваат различните функции поврзани со возилото, како што се заклучување и отклучување на возилото. Исто така, адресите на дестинациите може директно да се пренесат со употреба на Google™ пребарувачката машина во навигацискиот систем, доколку е достапен. Исто така, може да се прикаже и локацијата на возилото. За да се користи оваа карактеристика, клиентите едноставно треба да ги активираат далечинските услуги во My BMW ConnectedDrive корисничкиот портал на www.bmw-connecteddrive.com.

Далечински услуги.

ОНЛАЈН ЗАБАВА.

Совршена музика за секоја ситуација, секој пат и секое расположение. Онлајн забавата нуди директен и неограничен пристап до 22 милиони музички наслови во BMW возилото, сето тоа без смарт телефон или други уреди. На располагање се многу музички нумери за секој вкус. Веднаш штом ќе заврши одредена нумера или албум во возилото, тие автоматски се префрлаат на хард дискот од возилото. Загарантирано и непречено задоволство на слушање музика.
Со пакетот на Онлајн забавата, може да се отвори сметка со паушален износ што важи една година кај кој било BMW музички партнер, на пример во Napster, кој може да се користи во шест различни европски држави без дополнителен надомест: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија.  

Онлајн забава.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично во реално време, и тоа за моменталната состојба во сообраќајот на автопатите, регионалните патишта и на многуте рути низ градот. Интелигентите совети за алтернативни рути му помагаат на возачот да дојдат до својата дестинација што е можно побрзо. Податоците се влечат од такви извори како профили на движење од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања, и ги земаат предвид утврдените сообраќајни шеми како на пример времето на најголемиот сообраќаен метеж.
Сообраќајните информации јасно се претставуваат благодарение на прикажувањето во боја на патиштата означени со зелена, жолта, портокалова и црвена боја.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик за итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку незгодата се случила со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси (на пример), системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

BMW ConnectedDrive in the BMW 1 Series

ПОВРЗАНИ СО ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ.

BMW ConnectedDrive во BMW Серија 1.

ПОВРЗАНИ СО ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ.

BMW ConnectedDrive во BMW Серија 1.

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Секој кој некогаш сакал да знае какво е чувството да се има личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугата од BMW ConnectedDrive. Со притискање копче возачот е поврзан со агентот од кол-центарот на BMW кој има улога на ,,личен асистент”.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надомест.

ИНТЕРНЕТ.

Опцијата на интернет обезбедува пристап до мрежата на контролниот дисплеј од возилото. Возачот може да го користи интеренетот исто како на домашниот компјутер, со целосна UMTS брзина. URL се внесува едноставно и практично со употреба на iDrive Controller или се избира од листата со означувачи за брз пристап.
Со паушален износ за интернетска употреба, корисниците може да сурфаат низ интернетот директно од возилото, во својата земја (нема роаминг).Веб страниците се прикажуваат на Контролниот дисплеј. Во возила со забава на задните седишта Professional, патниците во задниот дел од возилото може да користат интернет преку рамните екрани вградени во предните седишта.