BMW Серија 1 со 5 врати

ЖИВОТОТ Е ПОДОБАР КОГА ЌЕ СЕ СПОДЕЛИ.

BMW Серија 1 со 5 врати.

ЖИВОТОТ Е ПОДОБАР КОГА ЌЕ СЕ СПОДЕЛИ.

BMW Серија 1 со 5 врати.

ЖИВОТОТ Е ПОДОБАР КОГА ЌЕ СЕ СПОДЕЛИ. BMW Серија 1 со 5 врати.

Комбинирана потрошувачка во л/100км (116 EffDyn Edition)

3.8–3.4

Емисија на CO2 во гр/км (116 EffDyn Edition)

101–89
 

Број на врати

5

Доста е со обичното, време е за нешто извонредно – за BMW Серија 1 со 5 врати. За агилно и динамично возење со спортски, модерен изглед. Редизајнираниот преден дел, типична BMW полукружна маска и впечатливи LED предни светла ја истакнуваат спортската страна на BMW Серија 1. На задниот дел, вниманието го привлекуваат дводелните LED светла во L-форма. А ергономската внатрешност со голем број можности за складирање ви овозможува да го добиете просторот што ви е потребен. Уште повеќе забава во возењето ви овозможуваат најновата генерација на BMW TwinPower турбо мотори, кои се ефикасни и возбудливи. Изборот за ова возило со 5 врати се движи од економичното BMW 116d EfficientDynamics издание до спортскиот BMW M135i. Со пакетите Urban, Sport и М Спорт, се додава една лична нота. И благодарение на BMW ConnectedDrive, можете да споделите се со вашето семејство и пријателите додека патувате. Тоа е вистинско задоволство. Тоа е BMW Серија 1.  

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО BMW СЕРИЈА 1 СО 5 ВРАТИ.

Надворешен дизајн

Надворешен дизајн.

Моќни линии и големи отвори за воздух укажуваат на тоа колку енергија ви стои на располагање во BMW Серија 1. Тесни, фокусирани предни светла, кои се достапни како опција со целосна LED технологија, се насочени кон срцето на предниот дел – двојната полукружна маска со хромирана рамка. Динамичниот целосен впечаток отвора апетит за едно автентично уживање во возењето. На задниот дел, големиот браник со калниците и широката оска на тркалата го нагласуваат блискиот контакт со површината на патот. Задните LED светла во L-облик го привлекуваат вниманието и веднаш покажуваат дека тоа е типично BMW возило кое ги освојува улиците.
Услуги и апликации

Услуги и апликации.

Кога патувате со BMW Серија 1, можете да имате се што ве одржува во контакт со вашето опкружување и што го подобрува квалитетот на животот – благодарение на BMW услуги и апликации од BMW ConnectedDrive. За се што интернетот може да понуди. За вашите сопствени музички записи, во секое време и на секое место. И за можност да се избегне гужвата и да се избере алтернативен пат.
Динамика на возење и ефикасност

Динамика на возење и ефикасност.

Со својот агилен, енергичен дух, BMW Серија 1 едноставно е идеален за градски сообраќај. BMW TwinPower турбо моторите и опционалниот 8-брзински Steptronic пренос ви овозможуваат да постигнете најдобри резултати за кусо време. А ECO PRO режимот на возење ви дозволува да го истражите максималниот можен домет на автомобилот. Се на се, идеален сопатник – молскавично брз во забрзувањето, релаксиран во поглед на потрошувачката на горивото.

3,8 – 3,4 Л.

Најновите технологии на вбризгување, целосно варијабилна контрола на вентилите и турбо полнење – тоа е рецептот за успех на BMW EfficientDynamics семејството мотори. И бензинските и дизел моторите достигнуваат максимална вредност на вртежен момент дури и при мал број на вртежи. Сепак, кога станува збор за потрошувачка на гориво и СО2 емисии, BMW Серија 1 одржува низок профил – особено моделот BMW 116d EfficientDynamics Edition.