Првиот BMW Серија 2 Active Tourer

ШТО И ДА СИ ЗАМИСЛИТЕ.

Првиот BMW Серија 2 Active Tourer.

ШТО И ДА СИ ЗАМИСЛИТЕ.

Првиот BMW Серија 2 Active Tourer.

ШТО И ДА СИ ЗАМИСЛИТЕ.Првиот BMW Серија 2 Active Tourer.

Комбинирана потрошувачка во л/100км (218d)

4.3–4.1 [4.3–4.1]

Капацитет на багажен простор

468–1,510

Предно патничко седиште со преклоплив наслон

Да

BMW Серија 2 Active Tourer е доказ дека компактните димензии, функционалноста и разноликоста може совршено да се комбинираат со динамичниот дизајн. Без оглед дали се работи за спортски настани, одмори со возење или секојдневна употреба, ова возило секогаш е подготвено да тргне – со сета динамика што ја очекувате од едно BMW.

КОМПАКТЕН ОДНАДВОР, ПРОСТОРЕН ВНАТРЕ.

Дизајнот на BMW Серија 2 Active Tourer.

Совладувањето на секојдневните активности на пријатен начин значи постојано да се биде во врвна форма. Како BMW Серија 2 Active Tourer. Овој нов концепт на возило нуди совршена комбинација на разновидност, функционалност и типично BMW задоволство во возење: долгото растојание меѓу оските, куси натстрешници и висока линија на покривот не само што обезбедуваат компактни, мускулести пропорции, туку и помагаат да се создаде една исклучително просторна внатрешност.

BMW Серија 2 Active Tourer Комфор и сестраност

Комфор и сестраност.

Без оглед на тоа дали треба да го превезувате целото семејство или кабаст багаж од едно на друго место: има простор за сите и за се во BMW Серија 2 Active Tourer. Прилагодливи седишта, багажен простор со долен дел кој се преклопува и бројни можности за складирање ви овозможуваат да го промените потребниот простор за да одговара на вашите потреби. Големите врати го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото, а задната врата со функција за бесконтактно отворање и затворање (достапна како опција) обезбедува одличен комфор при товарење.
BMW Серија 2 Active Tourer Линии и опрема

Линии и опрема.

Прилагодете го вашиот BMW Серија 2 Active Tourer да одговара на вашите лични потреби и желби – со широка палета на пакети опрема што се достапни од BMW. BMW Серија 2 Active Tourer може да стане профинет со линиите Luxury и Sport. Потоа, тука е и М Спорт пакетот и други пакети како и оригиналните BMW додатоци.
BMW Серија 2 Active Tourer Панорамски стаклен покрив

Панорамски стаклен покрив.

Панорамскиот стаклен покрив отвора нови атрактивни перспективи. Атмосферата преполна со светлина го нагласува специјалниот амбиент на внатрешноста. Доколку сончевата светлина е многу јака, едноставно и лесно, можете да ја затворите ролетната. Со своите функции на лизгање и подигање, панорамскиот стаклен покрив дава разни опции за одлична вентилација. Доколку стаклениот покрив е поставен во положба на проветрување, ролетната автоматски се повлекува за да овозможи соодветен проток на воздух. Интегрираниот штитник од ветер автоматски се подига за да ја сведе турбуленцијата при возење на минимум кога е отворен покривот.

4,3 – 4,1 Л

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, новата генерација на BMW бензински и дизел мотори во BMW Серија 2 Active Tourer создаваат значително повеќе агилно испорачување снага и извонредна реакција, дури и при ниски вртежи на моторот, се тоа додека имаат економична потрошувачка на гориво и ниски емисии на штетни гасови.