Комфор и сестраност на BMW Серија 2 Active Tourer

ЕКСПЕРТ ЗА ПРЕОБРАЗБА.

Комфор и сестраност на BMW Серија 2 Active Tourer.

ЕКСПЕРТ ЗА ПРЕОБРАЗБА.

Комфор и сестраност на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед на тоа дали треба да го превезувате целото семејство или кабаст багаж од едно на друго место: има простор за сите и за се во BMW Серија 2 Active Tourer. Прилагодливи седишта, багажен простор со долен дел кој се преклопува и бројни можности за складирање ви овозможуваат да го промените потребниот простор за да одговара на вашите потреби. Големите врати го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото, а задната врата со функција за бесконтактно отворање и затворање (достапна како опција) обезбедува одличен комфор при товарење.

ЕКСПЕРТ ЗА ПРЕОБРАЗБА.Комфор и сестраност на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед на тоа дали треба да го превезувате целото семејство или кабаст багаж од едно на друго место: има простор за сите и за се во BMW Серија 2 Active Tourer. Прилагодливи седишта, багажен простор со долен дел кој се преклопува и бројни можности за складирање ви овозможуваат да го промените потребниот простор за да одговара на вашите потреби. Големите врати го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото, а задната врата со функција за бесконтактно отворање и затворање (достапна како опција) обезбедува одличен комфор при товарење.

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ЗАДНАТА ВРАТА.

Бесконтактно отворање на задната врата

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ЗАДНАТА ВРАТА.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу торби од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Во такви ситуации, иновативниот систем за удобен (лесен) пристап настапува за да Ве спаси и овозможува бесконтактно отворање на вратата од багажникот. Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Сè што треба е да го носите клучот со себе. Вратата од багажникот тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат багажникот. Оваа иновативна карактеристика од BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно.

ПРЕДНО СЕДИШТЕ СО ПРЕКЛОПЛИВ НАСЛОН.

Предно седиште со преклоплив наслон

ПРЕДНО СЕДИШТЕ СО ПРЕКЛОПЛИВ НАСЛОН.

Предното седиште со преклоплив наслон е сведоштво на големата флексибилност и добро осмислениот просторен концепт. Наслонот може целосно да се преклопи нанапред со помош на рачка, создавајќи речиси рамна површина. Ова овозможува превоз на подолги прпедмети и спортска опрема со должина и до 2.40 метри.

ИЗДИГНАТА ПОЛОЖБА НА СЕДИШТАТА.

Издигнатата положба на седиштата има неколку предности. Таа овозможува значително подобар поглед во сите насоки и за сите патници, што ја подобрува безбедноста со подобра прегледност и свесност. Издигнатата положба на седиштето исто така овозможува полесно и поудобно влегување и излегување од автомобилот за сите патници. Таа исто така влијае и на изгледот на внатрешноста – патниците подобро може да ја почувствуваат висината и просторноста на возилото.

КОМФОРНО ТОВАРЕЊЕ.

Да го започнете одморот како што треба, треба соодветно и да се спакувате. И со флексибилноста на BMW Серија 2 Active Tourer, обезбедено ви е време за релаксирање дури и пред да тргнете на пат. Со големите врати, вратата од багажникот која се отвора широко, опционално преклопување на предното седиште, прилагодлива задна клупа и багажен простор кој создава простор речиси од сешто, можете да го ставите багажот, спортската опрема и патничкиот прибор во просторната внатрешност без никаква мака.

  • Наслон на задни седишта од три дела

    Наслонот на задните седишта кој може да се подели во сооднос 40:20:40, го прави возилото уште попрактично. Трите дела на задниот наслон може индивидуално да се преклопат или во каква и да било комбинација. Како и да ги поставите, отворот што ќе го добиете е рамен со дното на багажниот простор. Ова го прави користењето на багажниот простор пофлексибилно и дозволува лесен транспорт на кабаст багаж и комфорно седење на четири патници со долги предмети како на пример скии.

  • Наслони на задни седишта што се преклопуваат електронски

    Далечинско електронско преклопување на наслоните на задните седишта го олеснуваат нивното спуштање и преклопување. Со притискање на копчето, наслоните се одвојуваат од багажниот простор. Прекинувачите за оваа цел се поставени од левата и од десната страна. Левиот прекинувач на багажниот простор го одвојува сегментот кој покрива 40% од левата страна и 20% од средишниот дел на наслонот. Десниот прекинувач го одвојува сегментот кој покрива 40% од десната страна.

ЗАДНИ СЕДИШТА ШТО СЕ ПОДЕСУВААТ.

Задните седишта што се подесуваат дозволуваат уште поразновидна употреба на багажниот простор. Седиштата може да се подесат за да се добие поголем простор за нозете на патниците од задните седишта или да се добие максимален простор за багаж во багажникот, во зависност од потребите на секое патување. Двете се особено практични за секојдневна употреба. Должината на седиштата може механички да се прилагоди до 130 милиметри со рачката што се наоѓа под седиштето. Седиштето може да се подели во сооднос 60:40. Наслоните на седиштата што се регулираат го прават задното седиште поудобно и нудат опција за проширување на багажниот простоор. Кога наслоните на задните седишта се целосно преклопени во сооднос 40:20:40, клиентите имаат пристап кон речиси рамна површина за товарење.

БАГАЖЕН ПРОСТОР СО ПОД ШТО СЕ ПРЕКЛОПУВА.

Багажниот простор со под што се преклопува го прави возилото уште попрактично. Кога подот е затворен, тој создава рамна површина која може да се товари и со 420 кг товар, совршено за гајби пијалаци, кошници и торби. Исто така има дополнителен простор што се наоѓа под подот, со капацитет од 70 литри (без опционалното резервно тркало) и практичен простор за складирање помали предмети. Подот што се преклопува лесно може да се отвори во само неколку чекори за да се добие овој дополнителен простор под подот, со што се добива едноставен и удобен пристап.