Дизајнот на BMW Серија 2 Active Tourer

КОМПАКТЕН ОД НАДВОР. ПРОСТОРЕН ВНАТРЕ.

Дизајнот на BMW Серија 2 Active Tourer.

КОМПАКТЕН ОД НАДВОР. ПРОСТОРЕН ВНАТРЕ.

Дизајнот на BMW Серија 2 Active Tourer.

Совладувањето на секојдневните активности на пријатен начин значи постојано да се биде во врвна форма. Како BMW Серија 2 Active Tourer. Овој нов концепт на возило нуди совршена комбинација на разновидност, функционалност и типично BMW задоволство во возење: долгото растојание меѓу оските, куси натстрешници и висока линија на покривот не само што обезбедуваат компактни, мускулести пропорции, туку и помагаат да се создаде една исклучително просторна внатрешност.

КОМПАКТЕН ОД НАДВОР. ПРОСТОРЕН ВНАТРЕ.Дизајнот на BMW Серија 2 Active Tourer.

Совладувањето на секојдневните активности на пријатен начин значи постојано да се биде во врвна форма. Како BMW Серија 2 Active Tourer. Овој нов концепт на возило нуди совршена комбинација на разновидност, функционалност и типично BMW задоволство во возење: долгото растојание меѓу оските, куси натстрешници и висока линија на покривот не само што обезбедуваат компактни, мускулести пропорции, туку и помагаат да се создаде една исклучително просторна внатрешност.

ЕКСКЛУЗИВЕН ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА.

Непобитен доказ дека функционалноста и естетиката може совршено да се комбинираат: надворешноста на BMW Серија 2 Active Tourer додава динамика без преседан во оваа класа на возила. Кога се гледа однапред, вниманието веднаш ви го привлекуваат контурите на браникот, ниското ветробранско стакло и високата хауба. Во профил, впечатливите линии создаваат динамичен израз кој додава уште поголемо забрзување на возилото, дури и кога тоа стои во место. Понатаму, високата линија на покривот и големите врати даваат лесен пристап кон сите седишта.
Профинетиот дизајн на задниот дел со големи светла во L-форма и широките лакови на тркалата му даваат на BMW Серија 2 Active Tourer едно спортско обележје, без оглед на неговата височина. Во исто време, големата задна врата со низок праг за товарење и широкиот отвор обезбедуваат добар пристап кон багажниот простор.

LED ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Опционалните LED предни светла со аголни светла оптимално го осветлуваат патот, со што ноќното возење го прават порелаксирано и ја подобруваат безбедноста. Предните светла имаат јасни и ефикасни светла со би-LED технологија за предни долги и средни светла. Аголните светла исто така работат со LED технологија. Со вклучување на аголните светла со ниско ниво за осветлување, ќе добиете подобро странично осветлување во градски средини и возачот полесно и побрзо ќе ги препознава пешаците и велосипедистите, на пример. Стандардните LED светла за дневно возење и позиционите светла во светлинските цевки на главните предни светла создаваат еден впечатлив и непогрешлив изглед.

Најелегантна форма на неограничено движење

КОМПАКТЕН. МОЌЕН. ЕЛЕГАНТЕН.

Најелегантна форма на неограничено движење.

КОМПАКТЕН. МОЌЕН. ЕЛЕГАНТЕН.

Најелегантна форма на неограничено движење.

ВЕЛИКОДУШЕН ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТА.

Без оглед на тоа колку е голема тежината на товарот – во просторната внатрешност на BMW Серија 2 Active Tourer секогаш доминира чувство на светлина. Материјали со врвен квалитет и внатрешни декоративни лајсни во суптилни бои во комбинација со големи прозорци и опционалниот панорамски стаклен покрив создаваат атмосфера исполнета со светлина.
Ова чувство продолжува и кај инструмент таблата, која се чини дека стои независно и додава еден модерна, естетска нота на целата внатрешност. Издигнатата положба за седење гарантира оптимален поглед насекаде.
Има доволно простор за функционалност во BMW Серија 2 Active Tourer. Привлечната централна конзола, внатрешноста на вратите и опционалниот централен потпирач за рацете нудат бројни можности за складирање, како прегради за смарт телефони или чаши како и простор за оставање чаши и големи шишиња. Опционалната можност за преклопување на предното седиште го зголемува факторот на флексибилност. Речиси рамната површина на багажникот гарантира лесно товарење и задната клупа, која може да собере тројца патници, може да се регулира надолжно (како опција) и може да се преклопи во сооднос 40:20:40, создавајќи идеална разновидност како за патниците така и за багажот.

МАТЕРИЈАЛИ.

Концептот за материјалите во BMW Серија 2 Active Tourer се фокусира на спортско-модерната природа на возилото. Иновативните дрвени површини комбинирани со одбрани платнени и кожни тапацири создаваат внатрешност со врвен квалитет и екстремно чувство на просторност. Изразеното хоризонтално раздвојување на инструмент таблата создава едно лесно, воздушесто чувство кое го нагласува просторот кој се нуди. Осветлувањето е обезбедено со опционалната амбиент светлина, која, со својата елегантна комбинација на директна и индиректна светлина, пренесува една префинета салонска атмосфера.

ПАНОРАМСКИ СТАКЛЕН ПОКРИВ.

Панорамскиот стаклен покрив отвора нови атрактивни перспективи. Атмосферата преполна со светлина го нагласува специјалниот амбиент на внатрешноста. Доколку сончевата светлина е многу јака, едноставно и лесно, можете да ја затворите ролетната. Со своите функции на лизгање и подигање, панорамскиот стаклен покрив дава разни опции за одлична вентилација. Доколку стаклениот покрив е поставен во положба на проветрување, ролетната автоматски се повлекува за да овозможи соодветен проток на воздух. Интегрираниот штитник од ветер автоматски се подига за да ја сведе турбуленцијата при возење на минимум кога е отворен покривот.

Самостоен дисплеј

САМОСТОЕН ДИСПЛЕЈ.

Со својот висококвалитетен изглед и чувство, самостојниот LCD дисплеј придонесува за помодерно чувство на леснотија во внатрешноста на BMW Серија 2 Active Tourer. Совршено поставен на висина која е одлична за преглед, можете, на пример, да го комбинирате со системот за навигација Professional за да обезбедите важни информации со извонреден квалитет – дури и во неповолни услови на осветленост.

Поглед на сите страни

ПОГЛЕД НА СИТЕ СТРАНИ.

Истражете го првиот BMW Серија 2 Active Tourer од сите агли и во различни бои.

ПОГЛЕД НА СИТЕ СТРАНИ.

Истражете го првиот BMW Серија 2 Active Tourer од сите агли и во различни бои.