BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Active Tourer

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Active Tourer.

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Active Tourer.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Active Tourer.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

ПОМОШ ПРИ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ.

Помош при сообраќаен метеж

ПОМОШ ПРИ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ.

Помошта при сообраќаен метеж го олеснува возењето во текот на монотони ситуации на возење. При брзини до 60 км/час, системот овозможува ,,рамномерно движење” со останатите возила во густ сообраќај и со тоа го прави сообраќајниот метеж помалку стресен. Системот автоматски ја одржува саканата оддалеченост од возилото пред него, ја регулира брзината на возилото до целосно запирање и обезбедува активна поддршка при управувањето. Возилото му помага на возачот да остане во вистинската лента сè додека возачот држи барем една рака на управувачот. Ако возилото стои во место помалку од 30 секунди, тоа автоматски ќе продолжи повторно да се движи. Уште едно достигнување на патот кон целосно автономно возење.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е брзината, инструкциите од навигацискиот систем, информациите за ограничување на брзината, вклучувајќи го индикаторот за забрана за претекнување, телефонските листи и листите со забава се прикажуваат заедно со информациите и предупредувањата од другите системи за помош при возење.
Симболите кои се проектираат на склопливата плоча над инструмент таблата се прикажуваат во боја за сообраќајните знаци да изгледаат реално. Малку затемнетата плоча го зголемува контрастот.
Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, а може и рачно да се приспособи за да ги рефлектира индивидуалните желби. Ноќниот и дневниот дисплеј имаат различен дизајн. Возачот избира, освен брзината и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат. Видливоста е ограничена кога возачот носи поларизирани очила за сонце.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ПЛУС.

Опремата за Помош при возење плус носи големо унапредување во сигурноста и удобноста. Таа вклучува контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање и предупредување за напуштање лента, помош за долго светло, предупредување за ограничување на брзината, темпомат(контрола на брзината) со Stop&Go функција со камера како помош при сообраќаен метеж.
Забелешка: Оваа функција може да биде ограничена поради темнина и магла.

  • Помош при возење

    Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: систем за напуштање лента, систем за контрола на приближување, BMW селективен сноп и предупредување за ограничување на брзината. Контролата за приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање предупредува за судири при брзини помеѓу 10 и 60 км/час, додека предупредувањето за напуштање лента предизвикува управувачот да вибрира кога возилото случајно ќе излезе од лентата со 70 км/час или повеќе.

  • Предупредување за напуштање лента

    Предупредувањето за напуштање лента ги регистрира обележувањата на лентата и го предупредува возачот за ненамерно менување лента со 70 км/час или повеќе преку вибрирање на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога ќе се активира трепкачот за вртење.

  • Предупредување за приоѓање и предупредување за пешаци

    Додека предупредувањето на Контролата за приближување со помошна функција за лесно градско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на помошно лесно градско сопирање реагира на пешаци. Кога постои ризик од судир, контролата за приближување се активира во две фази, на инструмент таблата се осветлува симбол, проследено со акустичен аларм. Предупредувањето за лица функционира на брзини помеѓу 10 и 60 км/час и емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Доколку возилото пред Вас нагло сопира, Вашето возило веднаш реагира кога ќе се активира контролата за приоѓање. Системот функционира во чекори - најпрво се прикажува симбол за предупредување, а потоа симболот почнува да трепка и се емитува акустично предупредување, и на крај возилото самото почнува лесно да сопира (при движење на брзини под 60 км/час).

  • Активен темпомат (контрола на брзината) со Stop&Go функција

    Темпоматот(контрола на брзината) се базира врз камери, а опремен е и со функцијата Stop&Go и одржува брзина до 140 км/час, која возачот претходно ја избрал, како и ја одржува оддалеченоста од возилото пред Вашето. Доколку е потребно, системот ќе го запре возилото, автоматски повторно ќе го задвижи, а во бавно движечки сообраќај тој ќе ја одржува минималната оддалеченост од возилото пред Вашето.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го прави паралелното паркирање полесно. Без оглед дали е вклучен или не, системот ги мери потенцијалните простори додека возилото минува со мала брзина (под 35 км/час) и на максимална оддалеченост од 1.5 м од редот на паркирани возила.
Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали. На овој начин возачот може да биде релаксиран и да ужива во поголема сигурност при паркирање.

ЗАДНА КАМЕРА.

Задна камера

ЗАДНА КАМЕРА.

Задната камера му овозможува на возачот да го следи просторот зад возилото на Контролниот дисплеј, при маневрирање и паркирање. Задната камера ја подобрува видливоста при движење наназад и брзина под 15 км/час, на пример при паркирање.
Линиите водилки и обоените препреки што се прикажуваат на Контролниот дисплеј прикажуваат дали избраниот паркинг простор е доволно голем за возилото што го прави паркирањето полесно. Кога управувачот е свртен докрај, системот прикажува црвени линии и зелени линии водилки што се приспособуваат на вртењето на управувачот.
Задната камера автоматски се исклучува по десет метри или кога брзината ќе надмине 15 км/час. Со кука за влечење, благодарение на практичната функција на зумирање, задната камера го олеснува приближувањето до приколката.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ ПЛУС СО IDRIVE TOUCH CONTROLLER.

Навигациски систем плус со вклучен BMW Head-Up дисплеј поврзува неколку корисни компоненти: навигациски систем со вграден LCD екран во боја, радио уред, MP3 плеер, RDS двоен тјунер и инструмент табла со висока резолуција со 5.7-инчен TFT дисплеј. Водењето за рута е претставено со стрелки или со дисплеј на мапа, заедно со говорни инструкции. Со навигацискиот систем лесно се ракува преку iDrive Touch Controller со помош на копчиња за директен пристап и осум функционални обележувачи или, во зависност од карактеристиките на возилото, преку гласовни команди.
Навигацискиот систем плус му покажува на возачот брза и директна рута низ многу европски земји и пошироко. TMC технологијата се користи за рано регистрирање на препреките во сообраќајот и со голема брзина се пресметуваат алтернативни рути заради безбедно пристигнување до Вашата дестинација.

Навигациски систем Professional.