Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 2 Active Tourer

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед дали возите низ град, по стрмни планински патишта или по земјени патишта, едно нешто не се менува кога станува збор за BMW Серија 2 Active Tourer: неспоредливо и енергично искуство при возење. Со BMW TwinPower турбо технологијата, иновативното управување со извонредни реакции и бројни паметни системи за контрола на шасијата, овозможуваат BMW Серија 2 Active Tourer да го совлада секој свиок и секоја патна површина со најголемо уживање.
 

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед дали возите низ град, по стрмни планински патишта или по земјени патишта, едно нешто не се менува кога станува збор за BMW Серија 2 Active Tourer: неспоредливо и енергично искуство при возење. Со BMW TwinPower турбо технологијата, иновативното управување со извонредни реакции и бројни паметни системи за контрола на шасијата, овозможуваат BMW Серија 2 Active Tourer да го совлада секој свиок и секоја патна површина со најголемо уживање.
 

BMW TwinPower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, иновативните BMW бензински и дизел мотори овозможуваат брза испорака на снага и неверојатна реакција дури и при ниски вртежи на моторот, со мала потрошувачка на гориво и ниски емисии на гасови. Најновата генерација на мотори од EfficientDynamics фамилијата ги комбинира врвните технологии на инјектирање гориво со целосно варијабилно дистрибуирање на снага со иновативната технологија на турбополнач за да се подобри ефикасноста и динамиката.

Снага и ефикасност во едно.

BMW TwinPower Turbo мотори во BMW Серија 2 Active Tourer.
 

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција

НАПЛИВ НА АДРЕНАЛИН СЕКОЈ ДЕН.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција.

НАПЛИВ НА АДРЕНАЛИН СЕКОЈ ДЕН.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција.

BMW sDRIVE.

BMW sDRIVE

BMW sDRIVE.

Системот sDrive се однесува на BMW возилата во кои вртежниот момент од погонскиот склоп се пренесува само преку една оска. Во возилата со компактни димензии кои без разлика на тоа што нудат просторна внатрешност и разновидност, багажен простор што се проширува, sDrive на предната оска заедно со трансверзалниот мотор штедат простор и истовремено гарантираат извонредна динамичност и агилност.

100% спортски

100% СПОРТСКИ.

На рамни делови од патот или на свиоци, на долги патувања или во гужва при градското возење, со својата снага, агилност, непречените промени на брзините и одлично прилепување на патот, BMW Серија 2 Active Tourer го демонстрира својот спортски дух во секоја ситуација.
 

  • Steptronic пренос

    6-степениот Steptronic пренос ги олеснува промените на брзините и го прави возењето значително поудобно со подобрување на реакцијата при промената на преносот. 8-степениот Steptronic пренос ја олеснува промената на степените на пренос и го прави возењето значително поудобно благодарение на брзите премини на вртежите на моторот и пократките интервали на промена. Тој ја спојува извонредната удобност со импресивната динамика и намалената потрошувачка на гориво.

    8-степениот спортски пренос ги олеснува промените на степените на пренос и овозможува удобно возење благодарение на брзите транзиции на моторот и пократкото време на промена. Освен автоматскиот пренос, може и рачно да се менуваат степените на пренос со помош на менувачот, или, заради поголема динамика, преку копчињата за промена на степенот на пренос на управувачот.

  • Контрола на тргнување од место и BMW контрола на перформансите

    Контролата на тргнување од место со сигурност ќе ги одушеви возачите кои сакаат динамично, спортско возење. Функцијата овозможува максимално забрзување од место кога ќе се отпушти педалот од сопирачката и ќе се притисне гасот. Го поставува моторот на неговата идеална стартна брзина и Steptronic спортскиот пренос непрестајно ги поставува степените на пренос така што при менување во повисок степен, достапен е следниот оптимален број на вртежи на моторот.

    Системот BMW Performance Control се вклучува преку контролата на моторот и контролираното сопирање при вртење, така што на надворешните тркала се пренесува повеќе снага отколку на внатрешните. Ова значи дека возилото практични самото врти, и на тој начин ја зголемува безбедноста и удобноста при возење.

  • Динамичка контрола на амортизерите

    Динамичната контрола на амортизерите му овозможува на возачот да ги промени карактеристиките на амортизерите на две различни поставки, за исклучително непречено и удобно возење со зголемена динамика при возење. Покрај стандардната поставка Comfort која обезбедува смирено и пријатно искуство при возењето, достапна е и Sport поставката. Кога ќе се избере, амортизерите се потврди и карактеристиките на возење се подиректни и подинамични. Поставките се активираат со прекинувачот на централната конзола со Контролата за доживувањето при возење.  

  • Систем на електромеханичко управување и варијабилно спортско управување

    Електромеханичкото управување овозможува директно искуство при управувањето додека истовремено ја подобрува агилноста и удобноста при возење. За да се гарантираат карактеристичната прецизност на управување на BMW во комбинација со погонот на предните тркала, електромеханичкото управување совршено е калибрирано за новиот концепт на возење. Серво единицата и запчениците на управувачот се поврзани во една компонента. Ова значи дека системот за управување функционира со исклучително мало триење.
    За да се обезбеди прецизно и непречено искуство при управувањето, електронското управување се спротивставува на инаку забележителните сили на движење со електромеханичка сила во запчениците на ниво кое го пресметува DSC уредот за управување. Компензацијата на силите на возење резултира на ниво на прецизност на управување која може да парира на прецизноста на управување на возилото со погонот на задните тркала.
    Многу цврстиот преден крај и прецизната кинематика на оската придонесуваат за одличните карактеристики на управување на возилото. Електромагнетното серво управување ги освојува возачите со својата прецизност и директна реакција, како и со намалената снага потребна за вртење на управувачот при паркирање.

    Варијабилното спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција со помал физички напор при вртење. Реагира на аголот од управувачот со различни односи на управување. Со ова се подобрува управувањето во спортски стил на возење и удобност при паркирање и вртење.

ECO PRO РЕЖИМ.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на празен од (само со 8-степениот Steptronic пренос) и ECO PRO Route(само со навигацискиот систем Plus) нудат уште поголема заштеда на гориво.
 

  • ECO PRO Route

    ECO PRO Route системот го избира најефикасниот пат врз база на ситуацијата во сообраќајот, стилот на возење и условите на патот. Патниот компјутер го покажува процентот на гориво што може да се заштеди со возење по препорачаниот пат.
     

  • Празен од

    Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без пренос. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час и не го притиска педалот од сопирачката. Во комбинација со Активен темпомат (контрола на брзината), возилото забрзува до саканата брзина поефикасно по сопирање кога е во ECO PRO режимот.
     

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматска старт/стоп функција

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).

Сигнал на информацискиот дисплеј покажува кога Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне на педалот од спојката (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Обновување на енергијата на сопирање

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија.

Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено при градско возење, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Компаративните тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.