Динамика на возење на BMW Серија 2 Active Tourer

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Динамика на возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Динамика на возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед дали возите низ град, по стрмни планински патишта или по земјени патишта, едно нешто не се менува кога станува збор за BMW Серија 2 Active Tourer: неспоредливо и енергично искуство при возење. Со BMW TwinPower турбо технологијата, иновативното управување со извонредни реакции и бројни паметни системи за контрола на шасијата, овозможуваат BMW Серија 2 Active Tourer да го совлада секој свиок и секоја патна површина со најголемо уживање.

МАЛИ ДИМЕНЗИИ. ОГРОМНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.Динамика на возење на BMW Серија 2 Active Tourer.

Без оглед дали возите низ град, по стрмни планински патишта или по земјени патишта, едно нешто не се менува кога станува збор за BMW Серија 2 Active Tourer: неспоредливо и енергично искуство при возење. Со BMW TwinPower турбо технологијата, иновативното управување со извонредни реакции и бројни паметни системи за контрола на шасијата, овозможуваат BMW Серија 2 Active Tourer да го совлада секој свиок и секоја патна површина со најголемо уживање.

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на BMW xDrive со погон на сите четири тркала совршено се прилагодува на сите услови на патот, овозможувајќи извонредна влеча во секое време. xDrive и динамичката контрола на стабилноста (DSC) обезбедуваат совршена стабилност на вашиот BMW. Контролиран преку сензорите на DSC, xDrive ја распределува снагата флексибилно и брзо меѓу оските со цел да спречи прекумерна или недоволна чувствителност на управувачот со што обезбедува една максимална стабилност при одржување насока. Ова му помага на DSC во критични услови на патот. BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите четири тркала - влечата, стабилноста на одржување насока и безбедност при возење - со класична BMW агилност за да се добие уште поголемо задоволство при возење.

BMW sDrive.

BMW sDrive.

Извонредна динамика и агилност.

Системот sDrive се однесува на BMW возилата во кои вртежниот момент од погонскиот склоп се пренесува само преку една оска. Во возилата со компактни димензии кои без разлика на тоа што нудат просторна внатрешност и разновидност, багажен простор што се проширува, sDrive на предната оска заедно со трансверзалниот мотор штедат простор и истовремено гарантираат извонредна динамичност и агилност.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција

НАПЛИВ НА АДРЕНАЛИН СЕКОЈ ДЕН.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција.

НАПЛИВ НА АДРЕНАЛИН СЕКОЈ ДЕН.

Запознајте го BMW Серија 2 Active Tourer во акција.

STEPTRONIC ТРАНСМИСИЈА.

Steptronic трансмисија

STEPTRONIC ТРАНСМИСИЈА.

Еталон за комфор и динамика.

Steptronic преносот со 6 или 8 брзини поставува нови референцијални точки за комфорот и перформансите во динамиката на возење и е клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Особено прецизните зголемувања при менување брзини овозможува максималното испорачување снага при секоја брзина. Ова значително ја намалува потрошувачката на горивото, додека во исто време овозможува возачот да ужива во спортскиот дух и динамичните перформанси на возилото. Особено при големи брзини, дополнителните брзини ја намалуваат брзината на моторот што во исто време придонесува за намалување на потрошувачката на гориво и намалување на бучавата на моторот. Педалот на конверторот, исто така, помага - дури и кога автомобилот е во режим на рачна работа. Во комбинација со брзиот пренос на брзината на моторот и прецизното усогласување на преносот, тој обезбедува високо ниво на комфор при префрлање брзини и значително ја намалува бучавата.

8-брзинска Steptronic спортска трансмисија.

8-брзинска Steptronic спортска трансмисија го прави менувањето брзини едно исклучително пријатно искуство благодарение на брзиот пренос на брзината на моторот и пократкото верме на менување брзини. Таа се прилагодува за да одговара на индивидуалниот стил на возење. Таа е совршена за секој избор, од удобното возење со ограничена брзина до едно многу динамично возење. Покрај автоматскиот менувач, можно е да се избере и рачно менување на брзини во секое време. Ова се постигнува со рачката од менувачот, или со копчињата за менување брзини на спортскиот кожен управувач или М спортскиот кожен управувач. Во Спорт режим, менувањето брзини е конфигурирано за да се постигнат максимални перформанси. Забрзувањето е оптимизирано поради прецизно подесената градација од осум брзини. Покрај тоа, моторот постојано се оптимизира за да гарантира најдобри можни перформанси и карактеристики на возење. Максимално забрзување од статична положба е овозможено со Launch Control: оваа карактеристика автоматски менува брзини со цел да се изкористи оптималниот обем на rpm на моторот. Дополнителните програми спортски ориентирани за менување брзини гарантираат исклучително динамично возење, со пократка рачка на менувачот и време на реакција и капацитет за повеќекратно менување во помал степен на пренос.

LAUNCH CONTROL И BMW КОНТРОЛА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Launch control и BMW контрола на перформансите

LAUNCH CONTROL И BMW КОНТРОЛА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Максимално забрзување и безбедност при возење.

Launch Control овозможува загреаниот мотор да достигне максимално забрзување од статична позиција. Steptronic Sport трансмисијата постојано ги регулира точките на менување брзини така што при префрлање во поголем степен на пренос, станува достапна следната оптимална брзина на моторот. Ова е карактеристика која ќе ги воодушеви возачите со динамични, спортски амбиции. BMW контрола на перформансите ја распределува контролата на моторот и сопирањето на индивидуалните тркала во процесот на вртење. Бидејќи тркалото кое се наоѓа на надворешната страна од свијокот покрива поголема површина од она што е од внатрешната страна. BMW контрола на перформансите интервенира со прилагодување на излезната снага на моторот и со насочено сопирање: надворешните тркала добиваат поголема снага, внатрешните помала, така што сите тркала работат со максимална влечна сила. Ова значи дека возилото практично самото врти, со што се зголемува безбедноста и комфорот.

ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА АМОРТИЗЕРИТЕ.

Динамичка контрола на амортизерите

ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА АМОРТИЗЕРИТЕ.

Динамичната контрола на амортизерите му овозможува на возачот да ги промени карактеристиките на амортизерите на две различни поставки, за исклучително непречено и удобно возење со зголемена динамика при возење. Покрај стандардната поставка Comfort која обезбедува смирено и пријатно искуство при возењето, достапна е и Sport поставката. Кога ќе се избере, амортизерите се потврди и карактеристиките на возење се подиректни и подинамични. Поставките се активираат со прекинувачот на централната конзола со Контролата за доживувањето при возење.

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧКИ СЕРВО УПРАВУВАЧ И ВАРИЈАБИЛЕН СПОРТСКИ УПРАВУВАЧ.

Електромеханички серво управувач и варијабилен спортски управувач

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧКИ СЕРВО УПРАВУВАЧ И ВАРИЈАБИЛЕН СПОРТСКИ УПРАВУВАЧ.

Зголемена агилност и комфор при возење.

Електромеханичкото серво управување создава директно искуство на управување додека во исто време ја подобрува агилноста и комфорот при возење. За да се гарантира карактеристично BMW прецизно управување во комбинација со погон на предни тркала, електромеханичкото управување е совршено калибрирано за новиот концепт на возење. Серво единицата и управувачкиот пренос се комбинирани во единствена компонента. Тоа значи дека системот за управување функционира со многу малку триење. Со цел да се обезбеди прецизно искуство при управување без попречувања, електронското управување работи на принцип што се спротивставува на инаку забележливите погонски сили со електромеханичка сила во управувачкиот преносник на ниво кое е пресметано со DSC уредот за управување. Ова компензирање на погонската сила создава ниво на прецизност во управувањето кое е еднакво со она на едно возило со погон на задни тркала. Многу крутиот преден крај и прецизната кинематика на оската придонесуваат за извонредните карактеристики на управување. Електромагнетното управување ги освојува возачите со својата прецизност и директна реакција, како и со помал напор потребен да се паркира возилото. Варијабилното спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција на управувачот со помал физички напор при вртење. Тоа реагира на аголот на управувачот независно од тековната брзина со различни соодноси во управувањето. Со тоа се намалува движењето што е потребно за управување кај особено големи агли. Тоа значително ја зголемува агилноста и го подобрува управувањето кога се вози динамични во остри свијоци, по тесни патишта или кога се врти ненадејно. Тоа, исто така, го прави попријатно паркирањето, вртењето и маневрирањето. При мали агли во вртењето, системот обезбедува одлична стабилност при одржување насока и многу високо ниво на прецизност при управување.