ЕКОНОМИЈА НА ДВИЖЕЊЕ.

BMW EfficientDynamics во BMW Серија 2 Active Tourer.

Како и сите врвни спортисти, BMW Серија 2 Active Tourer знае како да ја искористи својата снага за да постигне максимални резултати. Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата и интелигентното управување со енергија на BMW EfficientDynamics, кои помагаат да се обезбеди помала потрошувачка на гориво и помала емисија на штетни гасови. Но има едно нешто што воопшто не се намалува: вообичаеното BMW задовоство при возење.

BMW TwinPower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, иновативните BMW бензински и дизел мотори овозможуваат брза испорака на снага и неверојатна реакција дури и при ниски вртежи на моторот, со мала потрошувачка на гориво и ниски емисии на гасови. Најновата генерација на мотори од EfficientDynamics фамилијата ги комбинира врвните технологии на инјектирање гориво со целосно варијабилно дистрибуирање на снага со иновативната технологија на турбополнач за да се подобри ефикасноста и динамиката.

Снага и ефикасност во едно.

BMW TwinPower Turbo мотори во BMW Серија 2 Active Tourer.

ECO PRO РЕЖИМ.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на празен од (само со 8-степениот Steptronic пренос) и ECO PRO Route(само со навигацискиот систем Plus) нудат уште поголема заштеда на гориво.

  • ECO PRO Route

    ECO PRO Route системот го избира најефикасниот пат врз база на ситуацијата во сообраќајот, стилот на возење и условите на патот. Патниот компјутер го покажува процентот на гориво што може да се заштеди со возење по препорачаниот пат.

  • Празен од

    Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без пренос. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час и не го притиска педалот од сопирачката. Во комбинација со Активен темпомат (контрола на брзината), возилото забрзува до саканата брзина поефикасно по сопирање кога е во ECO PRO режимот.

Автоматска старт/стоп функција

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
Сигнал на информацискиот дисплеј покажува кога Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне на педалот од спојката (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Обновување на енергијата на сопирање

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија. Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено при градско возење, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Компаративните тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.