СНАГА БЕЗ НАПОР.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 2 Active Tourer.

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, новата генерации на BMW бензински и дизел мотори во BMW Серија 2 Active Tourer забележително ја олеснуваат поагилната испорака на снага и неверојатната брза реакција дури и при ниски вртежи на моторот, а истовремено се исклучително економични во однос на горивото и се карактеризираат со ниски емисии на гасови.

BMW TwinPower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 225i
  • BMW 225i xDrive
  • BMW 220i
  • BMW 218i
BMW TwinPower турбо  дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • BMW 220d
  • BMW 220d xDrive
  • BMW 218d
  • BMW 216d