BMW 2 Series Active Tourer со eDrive

ВОЗБУДЛИВА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

BMW 2 Series Active Tourer со eDrive.

BMW iPerformance

ВОЗБУДЛИВА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

BMW 2 Series Active Tourer со eDrive.

Со комбинацијата на BMW eDrive и BMW TwinPower турбо мотор, BMW 225xe Active Tourer нуди уживање при возењето со електричен мотор и неограничена мобилност. Со интелигентната соработка помеѓу двата погонски системи се создаде електричниот погон xDrive. Овој систем се управува автоматски и нуди најдобро можно влечење и агилност во секоја ситуација, со оптимална потрошувачка на гориво и CO2 емисии од 2.1 до 2.0 л/100км, односно 49 до 46 г/км.

ВОЗБУДЛИВА ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.BMW 2 Series Active Tourer со eDrive.

Со комбинацијата на BMW eDrive и BMW TwinPower турбо мотор, BMW 225xe Active Tourer нуди уживање при возењето со електричен мотор и неограничена мобилност. Со интелигентната соработка помеѓу двата погонски системи се создаде електричниот погон xDrive. Овој систем се управува автоматски и нуди најдобро можно влечење и агилност во секоја ситуација, со оптимална потрошувачка на гориво и CO2 емисии од 2.1 до 2.0 л/100км, односно 49 до 46 г/км.

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛО.

Сестраноста и штедливоста во комбинација со уживање при возење: BMW 225xe Active Tourer ја поврзува докажаната флексибилност и исклучителната потрошувачка на гориво со карактеристичната BMW динамика на возење. Благодарение на BMW eDrive технологијата од BMW EfficientDynamics, можен е досег до 41 километри во целосно електричен режим на работа, без локални емисии и без една капка потрошено гориво.

Дизајнот на штедење простор се користи за да се сместат компонентите на eDrive погонот, без компромиси во поглед на удобност, функционалност или пространост. Надворешно, возилото се разликува од конвенционално придвижуваните модели благодарение на LED светлосниот прстен на приклучокот за полнење како и ,,eDrive” натписот на C-столбовите, кои укажуваат на иновативната погонска технологија на возилото. Во внатрешноста, ,,eDrive” натписот може да се најде на праговите од вратите, прекинувачите за промена на режимот на возење, рачката од менувачот и на инструмент таблата каде што останува видлив во текот на целото патување.

Индивидуални карактеристики на возење

ИНДИВИДУАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗЕЊЕ.

BMW 225xe Active Tourer е plug-in хибридно возило со различни режими на возење што му овозможува на возачот во значителна мерка да влијае врз реалната потрошувачка на гориво. Ова зависи од избраниот режим на возење и личниот стил на возење на возачот. Кога акумулаторот е целосно наполнет, може да возите до 41 километри без да потрошите една капка гориво. Во AUTO eDrive режимот на возење, оптималната комбинација на електромотор и моторот со внатрешно согорување овозможуваат фокусот да се насочи кон врвна ефикасност.

 

  • Градско возење

    BMW 225xe Active Tourer при градско возење максимално ги искористува предностите на електричниот погон. Со полн акумулатор може да поминете кратки растојанија (до 41 км) без локални емисии – возите низ градот без да потрошите една капка гориво.

  • Секојдневно возење

    При секојдневно возење, во plug-in хибридот доаѓа до израз меѓусебното делување на двата системи. Во AUTO eDrive режимот, интелигентната комбинација на моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор гарантира значително помала потрошувачка во споредба со бензинските и дизел возилата во оваа класа. Накратко: уживајте во сестраноста на BMW 225xe Active Tourer.

  • Возење долги релации

    Почувствувајте го задоволството на ефикасното возење – на долги растојанија. Овој хибрид има извонредни можности за возење долги релации баз компромис во опсегот или функционалноста на возилото.

ПОГОНСКИ СКЛОП.

Новиот BMW TwinPower турбо 3-цилиндричен бензински мотор се карактеризира со агилна испорака на снага, одлична реакција дури и при низок број на вртежи, неверојатен звук и исклучителна ефикасност. Во соработка со електричниот мотор во plug-in хибридот, се докажа како многу моќен погонски склоп. Погонскиот систем на возилото се состои од мотор со внатрешно согорување кој ги придвижува предните тркала, додека на задната оска сместен е електромоторот. Моторите може да го движат возилото одделно и заедно.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија е еден од главните носители на BMW eDrive концептот. Овој систем управува со меѓусебното делување на сите BMW погонски компоненти со помош на електричен мотор за да ја поврзе најдобрата можна ефикасност со исклучителна динамика при возење и да се зголеми досегот на електричниот погон.
eDrive копчето му овозможува на возачот да избере помеѓу три режими на возење на електричен погон: стандардниот AUTO eDRIVE режим, целосно електричниот MAX eDRIVE режим и SAVE BATTERY режимот кој го одржува статусот на полнење на константно ниво.

  • AUTO eDrive режим

    Во режимот AUTO eDrive, интелигентниот BMW EfficientDynamics систем ја утврдува најефикасната комбинација на електричен мотор и мотор со внатрешно согорување, во зависност од брзината на движење и статусот на наполнетост на акумулаторот. Овој режим е поделен на две фази: Доколку статусот на наполнетост на акумулаторот е помеѓу 100% и 7% може да возите до 80 км/час, без локални емисии и без потрошувачка на гориво. При поголеми брзини или при потешки услови, бензинскиот мотор автоматски се вклучува. Доколку нивото на наполнетост на акумулаторот опадне под приближно 7%, BMW 225xe Active Tourer може да се вози во целосно електричен режим со умерено забрзување до 20 км/час и со лесно забрзување или при константна брзина од 55 км/час.

  • MAX eDrive режим

    Забава при електрично возење: во MAX eDrive режимот може да уживате во целосно електрично возење со брзини до 125 км/час. При поголеми брзини или кога ќе се потроши потенцијалот на забрзување, автоматски се вклучува моторот со внатрешно согорување.
     

  • SAVE BATTERY режим

    Кога статусот на наполнетост на акумулаторот е низок, SAVE BATTERY режимот овозможува акумулаторот да се полни преку моторот за внатрешно согорување или да се одржува наполнетоста на 50%. На овој начин, возачот може да го зачува капацитетот на акумулаторот за подоцнежно возење со целосно електричен погон.
     

  • Предвидување на потрошувачката на гориво

    Кога во навигацискиот систем ќе се внесе дестинацијата, системот за предвидување на потрошувачката на енергија ја анализира планираната рута со употреба на константни податоци како што се ограничувањето на брзината и информации во реално време за моменталната ситуација во сообраќајот. Системот потоа многу ефикасно го користи целосно електричниот погон, според ситуацијата и за оние делови од рутата за кои таквото возење најмногу се исплати: на пример при градско возење.
     

  • Контрола на перформансите при возење

    Контролата на доживувањето при возење му овозможува на возачот да избере помеѓу Comfort режим, за стандардни поставки на моторот и преносот, поефикасен начин на работа ECO PRO, и Sport режим кој е наменет за подинамично возење. ECO PRO режимот ги приспособува карактеристиките на педалот за гас и преносот како и поставките на греење/климатизација заради оптимална потрошувачка на гориво.

    ECO PRO режимот ја намалува потрошувачката до 20 проценти. Дополнителна заштеда се овозможува со употребата на функцијата ECO PRO Route која Ви го препорачува најефикасниот пат земајќи ги предвид обемот на сообраќајот, како и индивидуалниот начин на возење на возачот и локалните услови за да предложи рута со којашто се оптимизира ефикасноста и со тоа се намалува потрошувачката на гориво.

    Начинот на работа Comfort гарантира исклучителна удобност при возењето со соодветно приспособување на поставките на компонентите на потпирање. Во Sport начинот на работа, сите поставки на погонскиот систем се приспособени за подинамично возење. Моторот е поспонтан во реакциите, степените на автоматскиот пренос се менуваат при повисоки брзини, точките кога треба да се промени степенот на пренос при рачниот пренос се прикажуваат подоцна и, општо земено, самото возилото реагира подиректно и подинамично.

    Контролата на перформансите при возење е достапна и кај моделот BMW 2 Series Active Tourer со конвенционален погонски систем и кај BMW 225xe Active Tourer.

ПОЛНЕЊЕ.

Полнењето на високонапонскиот акумулатор не може да биде поедноставно, независно дали употребувате класичен домашен приклучок или BMW i Wallbox од сеопфатниот асортиман на производи и услуги 360° ELECTRIC. Може да го полните автомобилот и додека сте надвор на една од многуте ChargeNow јавни станици за полнење.
 

  • Полнење дома

    Возилото може лесно да се полни дома на приклучок преку опремениот стандарден кабел за полнење и потоа, по два до четири часа полнење, возилото е подготвено за возење со целосно наполнет акумулатор. Полнењето е уште побрзо и попрактично кога тоа го правите со посебно достапниот BMW i Wallbox: оваа станица за полнење вградена во ѕид за домашна употреба го зголемува капацитетот на полнење и го намалува времето на полнење што претставува идеален додаток за BMW возилата. Инсталацијата е флексибилна во зависност од Вашите индивидуални потреби. За дополнително зголемување на капацитетот, BMW i Wallbox Pro подржува и интелигентна интеграција во куќната мрежа и функции на паметни домови како и системи за управување со енергија.

    Приклучокот за полнење на возилото се наоѓа под капакот на предниот панел на левата страна од возилото. LED светлосниот прстен на приклучокот овозможува јасно следење на статусот на полнење.

  • Јавни станици за полнење

    Освен полнење на возилото дома, благодарение на развојот на BMW ChargeNow услугата на мобилност, овие BMW електрични и plug-in хибридни возила може да се полнат и на јавните станици за полнење. Голем број провајдери на јавни станици за полнење се здружени во голема мрежа.

    ChargeNow станиците за полнење може лесно да ги пронајдете во навигацискиот систем со помош на услугата BMW ConnectedDrive, апликацијата Remote на BMW или веб страницата ChargeNow. Приклучокот за полнење на возилото е лоциран под капакот на предниот страничен дел од возилото, а LED светлосниот прстен на приклучокот Ви дава информации за состојбата на наполнетост на возилото, дури и однадвор.

    ChargeNow картицата и апликациите за плаќање овозможуваат на возачите да пристапат до станиците за полнење без потреба од готовина. Преглед на сите податоци достапен е на корисничкиот портал chargenow.com. ChargeNow, исто така, им овозможува на корисниците сеопфатен преглед на сите направени трошоци. На крајот од месецот на корисниците им се доставува попис на сите трошоци кои се плаќаат со кредитна картичка.

ПОВРЗУВАЊЕ.

Со Вашиот BMW секогаш сте поврзани: преку смарт телефоните (iOS или Android), освен BMW далечинските услуги како што е далечинско заклучување, достапни се и други функции специфични за хибридите возила. Со ова се обезбедува секогаш да имате преглед на потрошувачката на гориво и ефикасноста на Вашиот BMW 225xe Active Tourer. BMW услугите, во секоја ситуација, може да се користат во возилото и надвор од него.
 

  • Апликација My BMW Remote

    Апликацијата My BMW Remote за plug-in хибридните возила за iOS и Android ги прикажува деталните информации за моменталниот статус на возилото, како што е неговата локација, наполнетоста на акумулаторот и преостанатиот досег.
    Постапката на полнење може да се регулира на далечина преку неделен тајмер, а температурата на возилото може на далечина и навреме да се приспособи за следното патување. Дестинациите, точките на интерес и локацијата на станиците за полнење може лесно да се испратат од апликацијата директно до возилото.
    My BMW Remote апликацијата за plug-in хибридните возила, исто така, ја мери ефикасноста на секое патување и може да понуди како поефикасно да го возите возилото и да го зголемите досегот.

  • Климатизација

    Влезете во удобно разладено возило во лето и загреано во зима, овозможено од стационарниот клима уред во BMW 225xe Active Tourer. Благодарение на електричниот компресор за ладење и електричниот грејач без резервоар за гориво, автоматскиот клима уред функционира скоро бесшумно, дури и кога моторот е исклучен. За секој ден од неделата може однапред да се програмираат две времиња на поаѓање.

    Половина час пред планираното тргнување, интелигентниот контролен систем го вклучува загревањето, ладењето и вентилацијата на селектираната температура. Системот се управува од iDrive Controller во возилото или практично со компатибилен смарт телефон со употреба на апликацијата My BMW Remote.

    Доколку високонапонскиот акумулатор е доволно наполнет, стационарниот клима уред за загревање и ладење функционира без разлика дали возилото се полни од надворешен приклучок или не.

ВНАТРЕШНОСТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

BMW 225xe Active Tourer е економичен потрошувач на енергија и поседува повеќе простор отколку што е потребно. Благодарение на подигнатата позиција за седење, патниците на задните седишта имаат одлична прегледност. Високонапонскиот акумулатор е сместен под задните седишта што значи дека има доволно простор за Вашите потреби за транспортирање. Стандардната опција на превиткување на задните седишта во однос 40:20:40 уште повеќе ја подобрува практичноста на возилото. Со ова се зголемува флексибилноста на просторот за багаж и се олеснува превозот на големи предмети.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Fuel consumption, CO2 emissions and power consumption for the BMW 225xe Active Tourer:

    Fuel consumption in l/100 km (combined): 2.1 to 2.0
    CO2 emissions in g/km (combined): 49 to 46
    Power consumption in kWh/100 km (combined): 11.9 to 11.8

    The figures for fuel consumption, CO2 emissions and power consumption depend on the wheel and tyre sizes selected.
    Further information about the official fuel consumption and the official specific CO2 emissions for new passenger automobiles can be found in the 'New Passenger Vehicle Fuel Consumption and CO2 Emission Guidelines', which are available free of charge at all sales outlets and from DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.