Линии и опрема за BMW Серија 2 Active Tourer

ПОСТАВЕТЕ ГИ РАБОТИТЕ ОНАКА КАКО ШТО ТРЕБА.

Линии и опрема за BMW Серија 2 Active Tourer.

ПОСТАВЕТЕ ГИ РАБОТИТЕ ОНАКА КАКО ШТО ТРЕБА.

Линии и опрема за BMW Серија 2 Active Tourer.

Прилагодете го вашиот BMW Серија 2 Active Tourer за да одговара на вашите лични потреби и желби – со палета на пакети опрема што се достапни од BMW. BMW Серија 2 Active Tourer може да стане профинет со BMW линиите Luxury и Sport. Потоа, тука е и М Спорт пакетот и други пакети како и оригиналните BMW додатоци. 

ПОСТАВЕТЕ ГИ РАБОТИТЕ ОНАКА КАКО ШТО ТРЕБА.Линии и опрема за BMW Серија 2 Active Tourer.

Прилагодете го вашиот BMW Серија 2 Active Tourer за да одговара на вашите лични потреби и желби – со палета на пакети опрема што се достапни од BMW. BMW Серија 2 Active Tourer може да стане профинет со BMW линиите Luxury и Sport. Потоа, тука е и М Спорт пакетот и други пакети како и оригиналните BMW додатоци. 

LUXURY LINE.

Пакетот опрема на Luxury Line импресионира со својата врвна елеганција. Премиум додатоците за надворешноста и внатрешноста на BMW Серија 2 Active Tourer додаваат еден впечаток на висока класа како на изгледот, така и на чувството при возење.

  • Надворешност
    • BMW полукружна маска со дванаесет ексклузивно дизајнирани хромирани вертикални лајсни со висок сјај
    • Преден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 481, достапни и други типови тркала
    • „Luxury Line“ лого од страните на возилото
    • Рамки на страничните прозорци и вдлабнатини во прозорците во анодизиран алуминиум, базата и подножјето на ретровизорите во мат црна боја
    • Заден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
  • Внатрешност
    • Алуминиумски газишта на праговите, преден дел, со „BMW“ натпис
    • Кожни седишта „Dakota“ во црна боја со ексклузивно перфорирана површина, достапен и друг вид тапацир
    • Кожен спортски кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • Клуч со хромирани детали
    • Декоративни внатрешни лајсни од чисто дрво „Fineline“ Stream со акцент во хромирана бисерна боја, како алтернатива внатрешни декоративни лајсни од чисто дрво „Fineline Pure“ со хромиран бисерен акцент, достапни и други украсни лајсни
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка (да одговара на бојата на тапацирот)

SPORT LINE.

Со мускулестите пропорции и неограничена енергија, BMW Серија 2 Active Tourer оддава вистински спортски впечаток. Сепак, вие можете да додадете и дополнителна спортска нота – со моделот Sport Line кој содржи впечатливи дизајнерски елементи како за внатрешноста така и за надворешноста на возилото.

  • Надворешност
    • BMW полукружна маска со десет ексклузивно дизајнирани вертикални лајсни со преден дел во црна боја со висок сјај
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци тип 379, достапни и други типови тркала
    • „Sport Line“ лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија, како алтернатива во црна боја
    • Заден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај  
  • Внатрешност
    • Алуминиумски газишта на праговите, преден дел, со „BMW“ натпис
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во платно „Race“ антрацит со црвен акцент, како алтернатива со сив акцент, достапен и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • Клуч со хромирани детали
    • Алуминиумски декоративни внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент во бисерна хромирана боја, достапни и други украсни лајсни
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка (да одговара на бојата на тапацирот)  

M SPORT ПАКЕТ.

Пристојна доза на спорт секој ден е од основно значење за секојдневната благодет – и со опционалниот пакет М Спорт можете да ја добиете таа екстра доза. Динамична шасија, аеродинамичен пакет, ексклузивна боја и разновидни додатоци во внатрешноста се само некои од многуте детали кои се на понуда.

  • Надворешност
    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови и металик темен Shadow додаток на дифузорот на задниот браник
    • BMW полукружна маска со десет ексклузивно дизајнирани вертикални лајсни со преден дел во црна боја со висок сјај
    • Светла за магла
    • 17-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 483 М, како алтернатиива 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 486 М
    • М Спорт потпирање, спуштено, како алтернатива стандардна опрема
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line со висок сјај
    • М лого од страните на возилото
    • Каросерија во ексклузивна сина металик боја „Estoril“, достапни се и други бои на каросерија
  • Внатрешност
    • М газиште на праговите, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно/алкантара „Micro Hexagon“ антрацит со ексклузивен М изглед, како алтернатива спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во црна кожа „Dakota“ со перфорирана површина и сини акценти, достапни и друг вид тапацир
    • М кожен спортски кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка
    • Алуминиумски декоративни лајсни Hexagon, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Клуч со ексклузивно М лого

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Оригиналните BMW додатоци го истакнуваат спортскиот карактер и елеганцијата на BMW Серија 2 Active Tourer. Тука ќе најдете избор на практични производи со висок квалитет.

  • Надворешност

    Висококвалитетните 18-инчни тркала од лесна легура со двојни краци од типот 361 двобојни со Orbit сива боја се сјајно полирани и му даваат на возилото особено спортски изглед. Во понудата како комплет димензиите на тркалата се 8J x 18 со 225/45 R 18 91W гуми.

  • Внатрешност

    Совршено поставени и трајни, елегантно дизајнирани патосници за сите сезони со испакнати рабови го штитат просторот за нозе од нечистотија и влага. Достапни се во антрацит, антрацит со црвени рабови и антрацит со беж рабови.
    Пространата црна торба лесно се прицврстува на централниот сигурносен појас и може да се користи како потпирач за рацете во задниот дел. Двата држача за чаши и бројните внатрешни и надворешни џебови обезбедуваат голем простор за складирање на додатоците за патување. Торбата може да се носи со интегрираните нараменици.
    Практичниот штитник за сонце лесно се закачува на рамката од прозорецот и може да се користи дури и кога е отворен прозорецот. Благодарение на прецизно вклопениот облик, тој особено ги заштитува децата од директна сончева светлина и помага да се намали температурата во внатрешноста на возилото.

  • Транспорт

    Модерниот BMW покривен багажник 320 во црна и антрацит боја има простор за до пет пара скии со должина од 185 цм и е компатибилен со сите BMW покривни носачи. Благодарение на системот за отворање од двете страни и тројното заклучување од двете страни, скиите лесно се товарат и заштитени се од кражба.
    Заедно со ISOFIX базата, BMW детско седиште група 1 во црно/сина боја е безбеден избор за деца на возраст од 10 месеци до 3.5 години (околу 9-18 кг). Тоа може да се монтира поставено нанапред или наназад и патентираните воздушни перничиња ја зголемуваат страничната заштита за главата.
    Црна/беж Urban/Modern кутија на преклопување со капацитет на носење до 20 кг е дизајнирана за помали предмети или како кутија за намирници. Лесно може да се преклопи благодарение на самолепливите ленти, не се лизга и лесно може да се тргне за заштеда на простор кога не се користи.
    Држачот за велосипеди/е-велосипеди е лесен, но стабилен и може да носи до 60 кг тежина. Лесно и сигурно се монтира на топката за влечење и може да пренесува до два велосипеда или е-велосипеда (може да се продолжи за да носи до три велосипеди). Неговата функција на наведнување овозможува лесен пристап кон багажниот простор во секое време.

  • Забава

    Адаптерот за мобилни телефони Snap-in за сите телефони со микро USB влез. Тој овозможува брзо полнење на телефони и го подобрува приемот и безбедноста при чувањето. Благодарение на USB влезот, музиката што се чува на телефонот може да се репродуцира преку BMW аудио системот.
    Држачот за Apple iPad™ лесно се приклучува во основниот носач на Travel & Comfort системот (достапен одделно). Тој дава сигурна основа за Apple iPad™ 2, 3 или 4 и може да се постави како што сакаат патниците на задните седишта благодарение на рамката што ротира за 360° и аголот на поставување.