БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 2 Active Tourer.

Комуникации, информации и забава – почувствувајте ја мобилноста на целосно нов начин со услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услугите се основа за функциите BMW ConnectedDrive кои му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа BMW Online, со што се обезбедува пристап до тековната локација врз база на информација за локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн пребарување овозможено од GoogleTM и практични функции на подвижна канцеларија. Во менито со апликации, исто така, може да се состави индивидуализирана палета услуги како што се веб камери, паркинг информации и водичи за патувања и хотели.
Вклучен е и едноставен, безбеден и неограничен пристап до избраните апликации на смарт телефонот. ConnectedDrive услугите, исто така, овозможуваат пристап до BMW ConnectedDrive продавницата каде може да нарачате или да продолжите услуги и апликации во кое било време или место, според индивидуалните потреби. ConnectedDrive услугите нудат многу повеќе слични опции и го прават секое патување во BMW возилото вистинско уживање.

Итен повик за помош

ИТЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ.

ИТЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ.

Интелигентниот повик при итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку незгодата се случила со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси, системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

Како функционира Интелигентниот повик при итен случај.

BMW ТЕЛЕУСЛУГИ.

BMW Телеуслугите интелигентно го вмрежуваат возачот, возилото и BMW. Системот независно ги пренесува информациите за возилото до BMW и Ве известува кога е време за редовен сервис. BMW сервисниот партнер според Ваша желба може да пристапи до податоците заради оптимално закажување – и подготовки за – следниот интервал на одржување. На пример, потребните делови кои треба да се заменат може однапред да се нарачаат. BMW сервисниот партнер ќе го контактира сопственикот на возилото кога е време за редовен сервис. Благодарение на BMW телеуслугите некои дефекти може да се решат по далечински пат без одење во сервис.

Консиерж услуги

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Секој кој некогаш сакал да знае какво е чувството да се има личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугите од BMW ConnectedDrive. Со притискање копче возачот е поврзан со агентите од кол-центарот на BMW кои имаат улога на ,,лични асистенти”.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок. Консиерж услугата е достапна само во комбинација со ConnectedDrive услугите.

МУЗИКА И ЗАБАВА.

Има многу работи што треба да се доживеат додека сте на пат со своето BMW. А, бидејќи вистинската музика го претвора секој пат во авантура, во возилото опремени се музички апликации за изведување на вистинската песна за секоја ситуација. Без разлика дали возите кон работа, пазарување или на одмор, благодарение на опциската опрема на услугата ConnectedDrive може да составите сопствена радио станица, да изберете некоја од многуте аудиокниги или да ја репродуцирате музиката директно во Вашиот BMW автомобил.

BMW LTE ПРИСТАПНА ТОЧКА ВО ВОЗИЛОТО/HOTSPOT.

BMW LTE пристапна точка во возилото/hotspot

BMW LTE ПРИСТАПНА ТОЧКА ВО ВОЗИЛОТО/HOTSPOT.

Интернет со голема брзина.

BMW LTE пристапната точка нуди неограничено искуство на сурфање низ интернетот со голема брзина за најмногу 8 корисници. LTE компатибилната SIM картичка е единствениот дополнителен услов за уредот. Мобилната пристапна точка/hotspot може лесно да се инсталира и да се користи и надвор од возилото, благодарение на интегрираната батерија.