Првиот BMW Серија 2 Convertible

ПОМАЛКУ ГРАНИЦИ. ПОВЕЌЕ СЛОБОДА.

Првиот BMW Серија 2 Convertible.

ПОМАЛКУ ГРАНИЦИ. ПОВЕЌЕ СЛОБОДА.

Првиот BMW Серија 2 Convertible.

ПОМАЛКУ ГРАНИЦИ. ПОВЕЌЕ СЛОБОДА. Првиот BMW Серија 2 Convertible.

Максимална брзина во км/ч (228i)

250 [250]

Забрзување од 0-100 км/ч во сек. (228i)

6.1 [6.0]

Максимална излезна снага во kW (hp) за 1/мин (228i)

180 (245)/5,000

Опуштен изглед, компактни димензии – првиот BMW Серија 2 Convertible. Неговиот екстровертен дизајн со кратки испусти, моќни контури и мускулест заден дел ја одразува неговата самоуверена природа. Пакетите со линиите Luxury, Sport и M Спорт како и изобилство оригинални BMW додатоци дополнително го зачинуваат неговиот карактер. BMW Серија 2 Convertible не следи никого; тој предводи. BMW M235i е дури и поимпулсивен. Со својот M Performance TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор, тој ја ослободува нескротената сила на BMW Серија 2 Convertible и не само што ја ослободува брзината, туку го издигнува задоволството при возење на едно сосема ново ниво.  

ОТВОРЕН ЗА ЕДЕН СОСЕМА ПОИНАКОВ СТИЛ.

Модели и опрема за BMW Серија 2 Convertible.

Сопатник со стил, елегантен спортист или ексклузивен иноватор: вие одлучете каков карактер сакате да му дадете на вашиот BMW Серија 2 Convertible. Со BMW модели и опрема, достапни се три различни дизајнерски варијанти покрај верзијата со основна опрема. Бескомпромисните спортисти исто така може да се одлучат за М Спорт пакетот. А дополнителните пакети како и оригиналните BMW додатоци уште повеќе го истакнуваат вашиот индивидуален стил.  

Дизајн

Дизајн.

Инспириран од летото: со отворен мек покрив, предниот дел на BMW Серија 2 Convertible има дури посамоуверен изглед, со поатлетски раменици и помускулест заден дел. Дури и кога покривот е спуштен, BMW Серија 2 Convertible импресионира со своите динамични контури и спортски пропорции – и, благодарение на мекиот покрив во контрастна боја, дозволува неговиот клучен талент да дојде во преден план: да ја фрли претпазливоста низ прозорец и да удоволи на сите сетила. Гаранција за максимално уживање во возењето.
Динамика на возење и ефикасност

Динамика на возење и ефикасност.

Совршена комбинација на контрасти: динамичниот погонски систем на BMW Серија 2 Convertible и иновативните BMW EfficientDynamics технологии ги обединуваат бескомпромисната моќ и максималната ефикасност. Резултат: BMW Серија 2 Convertible кој ја пренесува подвижноста и агилноста директно на улиците, без оглед на тоа дали е во ECO PRO режимот на возење или некој друг поспортски стил – во еден импулсивен, смел пакет кој ги задоволува сите сетила.

180 kW.

Комбинацијата на агилно испорачување снага, извонредна реакција и исклучителна ефикасност при потрошувачка на гориво ги карактеризира бензинските мотори на BMW Серија 2 Convertible. BMW 228i има максимална излезна снага од 180 kW (245 hp), со просечна потрошувачка на гориво од само 6.8 л/100км (Steptronic пренос: 6.6 л/100км). Со својот TwinScroll турбо полнач со Valvetronic, двојниот VANOS и високо прецизно вбризгување (HPI), моторот развива максимална вртежна моќ од 350 Nm при само 1.250 rpm.