ОТВОРЕН ЗА БЕЗГИЖНО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Удобност и сигурност во BMW Серија 2 Convertible.

Уживајте во слободата на возење со спуштен покрив и дозволете на безбројните системи за помош при возење во BMW Серија 2 Convertible да се погрижат за останатото. Тие гарантираат оптимална видливост и најдобра поддршка. Генијалните функции на товарање и складирање помагаат при сместување дури и на најгломазните предмети. Благодарение на сеопфатноста на понудата од BMW услугите, не треба да се грижите дури и кога се потребни одржување и поправки.

Адаптивни предни светла

АДАПТИВНИ ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Благодарение на нивната софистицирана способност да се приспособат, адаптивните предни светла со варијабилно дистрибуирање светло за град и за автопат, вклучувајќи светло за скршнување како и технологија на Bi-Xenon предни светла обезбедуваат оптимално осветлување на патот пред Вас. Возачот има добра видливост во свиокот пред возилото, веднаш штом ќе го сврти управувачот, особено при ноќно возење. За да се подобри видливоста на краток досег, светлата за вртење автоматски се активираат веднаш штом ќе се вклучи трепкачот или кога ќе се сврти управувачот – дури и кога возилото стои во место. Адаптивните предни светла обезбедуваат оптимално осветлување во секоја ситуација на патот и значително ја подобруваат сигурноста при возење.

ПРОШИРЕН СИСТЕМ НА ТОВАРЕЊЕ.

Кога целата задна клупа ќе спушти, имате на располагање голем практичен простор за товарање кој е широк 450 мм и 246 мм висок за полесно товарање и за лесно транспортирање долги предмети, како спортска опрема. Задниот дел од задната клупа тогаш станува површина за товарање. Кога мекиот покрив е затворен, може да се транспортираат две торби со голф стапови, а кога е отворен, долгите предмети може да се сместат благодарение на големиот отвор погоден за товарање.

Систем на селективни светла

СИСТЕМ НА СЕЛЕКТИВНИ СВЕТЛА.

Системот на селективни светла го прават возењето ноќе поудобно и безбедно. Тој обезбедува одлична видливост во темнината без да ги заслепи останатите возачи. Системот регистрира други корисници на патот и селективно ги исклучува од досегот на долгото предно светло. Светлосниот сноп од 400 м обезбедува рано регистрирање на ризици и го олеснува следењето на насоката.

SERVOTRONIC.

Уживајте во оптималното серво управување во секоја ситуација со помош на Servotronic системот. Системот го приспособува серво управувањето на моменталната брзина и испорачува директно и прецизно управување при високи брзини. Исто така, обезбедува неверојатна удобност со минимизирање на физичкиот напор потребен за вртење на управувачот, како и зголемување на агилноста при паркирање, маневрирање и навигација по тесни и кривулести патишта.
Контролната единица користи податоци од електронските мерења на брзините за да ја определи поддршката на потребното серво управување за секоја ситуација на возење. Серво управувачот може прецизно да се приспособи и многу повеќе да се адаптира на ситуациите на возење од конвенционалниот серво управувач.
Тоа значи дека при ниски брзини, потребен е само минимален напор за да се сврти управувачот. Меѓутоа, како што се зголемува брзината, така поддршката на управувањето се намалува за да се осигури подиректен контакт со патот и, со тоа и оптимална стабилност на задржување правец.

ЗАШТИТА ОД ПРЕВРТУВАЊЕ.

Незабележително интегриран и целосно вовлечен систем за заштита од превртување ефикасно ја зголемува пасивната безбедност на возилото. Во случај возилото некогаш да се преврти, автоматски се извлекуваат шипки кои заедно со засилените рамки на ветробранското стакло ги штитат патниците во возилото.
Посебни сензори за превртување интегрирани во систем поттикнуваат шипките, што се вградени зад задните потпирачи за глава, да се издадат за миг и ќе се постават и прицврстат на место. Исто така, тие ги активираат затегнувачите на појасите преку контролната единица за воздушните перничиња со што патниците во возилото добиваат сигурност на највисоко ниво.
Начинот на кој модулите од системот за заштита од превртување потполно се интегрирани во возилото гарантира елегантниот динамичен дизајн на возилото да не биде променет со заштитните елементи.

УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен и лесен за користење – Системот на удобен пристап овозможува отворање на вратите и стартување на моторот без користење клуч. Клучот, кој може да се наоѓа во џебот од Вашите панталони или чанта, автоматски се препознава кога ќе пријдете на возилото. Кога вратата автоматски ќе се отклучи, возачот може да влезе и да го стартува моторот со притискање на копчето Start/Stop.
Сигурноста на работата на Системот на удобен пристап е загарантирана со проверка на автентичноста на клучот.  

ОДРЖУВАЊЕ НА ВАШИОТ BMW АВТОМОБИЛ.

Кога ќе купите BMW, сте се одлучиле не само за најдобра динамика и задоволство при возење, туку, исто така, и за совршено одржување и сеопфатна грижа. Никој не го познава Вашето BMW подобро од професионалците на Вашиот овластен BMW сервис партнер. Без разлика дали се спроведува одржување или се прегледува возилото, со секој сервис или поправка спроведени по мерка, може да се потпрете на првокласно знаење и вештини на нашите специјалисти. Гарантираме дека Вашиот BMW ќе биде во одлична состојба и дека со нетрпение ќе го очекувате максималното задоволство при возење.  

  • Вклучен BMW сервис

    Со вклучениот BMW сервис пакет, максимално може да уживате во задоволството при возење. Сега и во период според Ваш избор повеќе не треба да размислувате за трошоците на одржување, проверка или за трошење и абење. Со вклучениот BMW сервис сè Ви е покриено како за новите, така и за користените возила, вклучувајќи и оригинални BMW делови. Тоа се однесува на сите опфатени BMW сервисни центри ширум светот.  

  • BMW Телеуслуги

    Веќе не треба да размислувате за промена на маслото, проверка на возилото, нови плочки за сопирачката. Благодарение на BMW Телеуслугите, Вашето BMW знае кога и кои услуги се потребни и автоматски испраќа специфични сервисни податоци директно во BMW. Избраниот BMW сервисен партнер веднаш ќе Ви се јави. Доколку не ја сакате оваа услуга, таа може во секое време да се исклучи.

  • Сервис според состојба

    Интелигентниот систем на одржување наречен Condition Based Service (CBS) постојани го следи нивото на маслото и степенот на трошење и абење на посебните делови. По обработка на овие податоци, системот јавува кога е потребно да се направи следниот сервис. Контролниот дисплеј на системот iDrive ги прикажува точните информации за тоа на кои делови им е потребен преглед. На тој начин можете однапред да ги планирате посетите на сервисот и да ги избегнете сите непотребни поправки.

  • BMW систем за помош во случај на дефект и сообраќајна незгода

    Деноноќно во стручни раце: 365 дена во годината, 24 часа на ден. Нашиот систем за помош во случај на дефект или сообраќајна незгода е создаден да биде секогаш тука за да се погрижи за Вас во итен случај. Во случај на дефект, едноставно контактирајте го BMW мобилниот сервис и ќе Ви биде обезбедена помош на патот преку телефон или на лице место со сервисното возило BMW Servicemobile. Во случај на сообраќајна незгода, стручните лице на BMW за управување при незгода наместо Вас ќе комуницираат со полицијата, итните служби, службата за влечење, сервисот, осигурувањето и со сè останато.