Дизајнот на BMW Серија 2 Convertible

СТАЛОЖЕН. ЛЕЖЕРЕН. ВЕЛИЧЕСТВЕН.

Дизајнот на BMW Серија 2 Convertible.

СТАЛОЖЕН. ЛЕЖЕРЕН. ВЕЛИЧЕСТВЕН.

Дизајнот на BMW Серија 2 Convertible.

Инспириран од летото: со отворен мек покрив, предниот дел на BMW Серија 2 Convertible има дури посамоуверен изглед, со поатлетски раменици и помускулест заден дел. Дури и кога покривот е затворен, BMW Серија 2 Convertible импресионира со своите динамични контури и спортски пропорции – и, благодарение на мекиот покрив во контрастна боја, дозволува неговиот клучен талент да дојде до израз: да ја фрли претпазливоста низ прозорец и да удоволи на сите сетила. Гаранција за максимално уживање во возењето.  

СТАЛОЖЕН. ЛЕЖЕРЕН. ВЕЛИЧЕСТВЕН.Дизајнот на BMW Серија 2 Convertible.

Инспириран од летото: со отворен мек покрив, предниот дел на BMW Серија 2 Convertible има дури посамоуверен изглед, со поатлетски раменици и помускулест заден дел. Дури и кога покривот е затворен, BMW Серија 2 Convertible импресионира со своите динамични контури и спортски пропорции – и, благодарение на мекиот покрив во контрастна боја, дозволува неговиот клучен талент да дојде до израз: да ја фрли претпазливоста низ прозорец и да удоволи на сите сетила. Гаранција за максимално уживање во возењето.  

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Обликување на иднината: со својата динамично обликувана хауба насочена нанапред и предни светла кои се насочени кон полукружната маска, предниот дел на BMW Серија 2 Convertible има концентриран „израз на лицето“. Фокусот на неговото внимание? Патот, се разбира.
Во профил, рамната линија на рамениците паралелна со патот му дава на возилото еден впечаток на издолженост. Заедно со долгиот распон меѓу оските, широкиот трап и кусите истурени делови, се нагласува агилната, екстровертна природа на возилото. Прачките за заштита од превртување остануваат невидливи и се јавуваат само во итен случај – во дел од секунда.
На задниот дел, BMW светлата со типична L-форма даваат јасен впечаток дури и кога се гледааат од далечина, со што BMW Серија 2 Convertible се чини уште поширок и помускулест. Кога ќе се погледне од блиску, веднаш ви го привлекуваат погледот двојните издувни цевки и нискиот центар на гравитација. И кога е отворен мекиот покрив, можете да уживате во непречениот поглед од задниот дел директно низ ветробранското стакло. Накусо, задоволство при возење на отворен воздух – како и да го гледате.  

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Внатрешноста на BMW Серија 2 Convertible импресионира со складно чувство на простор. Сите елементи за управување со функциите се ориентирани кон возачот, а ексклузивните карактеристики како што се хромираните украси оддаваат еден изглед и чувство на врвен квалитет. Површините и рабовите хомогено се слеваат едни во други, што создава едно чувство на отворен простор и флуидност.
Кога го гледате возилото со спуштен мек покрив, вратата и страничните лајсни како и капакот на собраниот покрив создаваат впечаток на палуба на брод. Еден особено впечатлив момент е повеќеслојниот дизајн на материјалите и извонредната комбинација на боите. Резултатот е едно чувство на модерен кабриолет, кој во комбинација со опционални спортски седишта, обезбедува една чиста возбуда при возење. Еден дополнително важен елемент во внатрешноста е кожниот тапацир со SunReflective технологија, седишта кои значително помалку се загреваат при изложување на силна сончева топлина во споредба со другите кожни седишта. Ова искуство е заокружено со задни звучници кои совршено се интегрирани во страничните панели. Врвен звук. Максимално задволство при возење. И слобода со чувство на ветер во коса.  

Откријте ги дизајнерските карактеристики на BMW Серија 2 кабриолет

ВИЕ СЕ СОНЧАТЕ. ТИЕ ВОЗДИВНУВААТ.

Откријте ги дизајнерските карактеристики на BMW Серија 2 Convertible.

ВИЕ СЕ СОНЧАТЕ. ТИЕ ВОЗДИВНУВААТ.

Откријте ги дизајнерските карактеристики на BMW Серија 2 Convertible.

ДИЗАЈН НА СВЕТЛАТА.

Согледајте се во добра светлина: двојните кружни предни светла се истакнуваат како светилници – не само поради брилијантно белата LED технологија, туку и поради деталите со врвен квалитет, како што се хромираните држачи малку свртени навнатре. Една нова карактеристика е обликот, кој се стеснува кон полукружната маска, давајќи му на BMW Серија 2 Convertible еден исклучителен „израз на лицето“. Со опција за ксенонски светла, тродимензионалните елементи во цевките на предните светла го засилуваат овој ефект.
Кога BMW Серија 2 Convertible се гледа од задниот дел, светлата се тие што веднаш ви го привлекуваат вниманието, со нивниот унукатен дизајн тие го одразуваат стилскиот карактер на возилото. Дури и во темнина, јасно поделените светлински прачки овозможуваат дизајнот да го задржи својот сјај – и, благодарение на типичната L-форма, тој веднаш се препознава како BMW, дури и од далеку.