ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Convertible.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање. Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час, ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со лесно градско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на лесно градско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша акустичен звук. Доколку возачот не реагира, при брзини до 60 км/час, системот самиот почнува да сопира. При брзини од приближно 20-25 км/час, Предупредувањето за лица помага да се спречат незгоди со пешаци, и на брзини до 60 км/час, ја намалува сериозноста на незгодата. Доколку системот предупредува за потенцијален судир, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција и почнува да сопира, доколку е потребно. Помошта за внимателност го следи однесувањето на возачот за знаци на умор. Кога ќе регистрира некоја абнормалност, на Контролниот дисплеј се прикажува совет да се запре возилото.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со префинет дизајн и супериорна палета услуги: тој испорачува едноставен и лесен за употреба навигациски систем што е целосно интегриран во BMW возилото, вклучувајќи iDrive оперативен концепт и iDrive Touch Controller.
Системот се состои од хендсфри (hands-free) уред со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, тој ја олеснува употребата на Сообраќајните информации во реално време (RTTI). Вградениот 8.8" LCD дисплеј во боја со функција на поделен екран (главен и дополнителен екран) е дизајниран за најдобра видливост и преглед.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација и тоа рачно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување.  

  • Автоматско ажурирање мапи

    Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надоместок во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во избрани европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНДИКАТОР НА ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.

Ограничување на брзината вклучувајќи индикатор на забрана за претекнување

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНДИКАТОР НА ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.

Информациите за ограничувањето на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување го прикажуваат моменталното ограничување на брзината на инструмент таблата, како и информации за зоните во кои е забрането претекнување. Таквите информации се прикажуваат на информацискиот дисплеј на инструмент таблата. Камерата интегрирана во ретровизорот ги регистрира сообраќајните знаци. Контролната единица потоа ја процесира и ја прикажува оваа информација заедно со податоците од навигацискиот систем. Со употреба на останатите функции во автомобилот, понекогаш може да се прикажат, дури и варијабилни ограничувања на брзината, како тие кои се применуваат во текот на влажни услови или во одредени периоди во текот на денот.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното и нормалното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори, дури и при тесен паркинг простор, додека возилото поминува крај нив со мала брзина (под 35 км/час) на максимално растојание од 1.5 метри од редот на паркирани возила.
Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали.
Кога возилото полека ќе се приближи до пречката, помошта при паркирање автоматски ќе се активира преку функцијата ,,Auto PDC” (автоматска контрола на оддалеченост при паркирање). Подобрената функционалност на системот вклучува поддршка на возачот при паркирање на места што се нормални со патот. PDC, исто така, емитува сигнал за предупредување, доколку возилото премногу се приближи до пречката.
При паркирање без системот за помош при паркирање, помошта при латерално паркирање користи дополнителни сензори за да ја следи површината покрај автомобилот и прикажува пречка на контролниот дисплеј. На тој начин возачот може да се релаксира и да ужива во поголема безбедност при паркирање.

ЗАДНА КАМЕРА.

Задна камера

ЗАДНА КАМЕРА.

Задната камера му овозможува на возачот при маневрирање и паркирање на Контролниот дисплеј да го следи просторот зад возилото. Задната камера ја подобрува видливоста при движење наназад и брзина под 15 км/час, на пример при паркирање.
Линиите водилки и обоените препреки што се прикажуваат на Контролниот дисплеј прикажуваат дали избраниот паркинг простор е доволно голем за возилото што го прави паркирањето полесно. Кога управувачот е свртен докрај, системот прикажува црвени линии и зелени линии водилки што се приспособуваат на вртењето на управувачот.
Задната камера автоматски се исклучува по десет метри или кога брзината ќе надмине 15 км/час. Во комбинација со кука за влечење, задната кука има корисна функција на зумирање.