Динамиката на возење се соединува со ефикасноста во BMW Серија 2 Convertible

ПОДГОТВЕН. СЛОБОДЕН ДУХ. БРЗ.

Динамиката на возење се соединува со ефикасноста во BMW Серија 2 Convertible.

ПОДГОТВЕН. СЛОБОДЕН ДУХ. БРЗ.

Динамиката на возење се соединува со ефикасноста во BMW Серија 2 Convertible.

Совршена комбинација на спротивности: динамичниот погонски склоп на BMW Серија 2 Convertible и иновативните BMW EfficientDynamics технологии ги соединуваат бескомпромисната снага и максималната ефикасност. Резултатот е: BMW Серија 2 Convertible носи маневарски способности и агилност директно на улиците, без оглед дали е во ECO PRO режимот или е со поспортски режим на возење – во импулсивен, спортски пакет кој ги воодушевува Вашите сетила.

ПОДГОТВЕН. СЛОБОДЕН ДУХ. БРЗ.Динамиката на возење се соединува со ефикасноста во BMW Серија 2 Convertible.

Совршена комбинација на спротивности: динамичниот погонски склоп на BMW Серија 2 Convertible и иновативните BMW EfficientDynamics технологии ги соединуваат бескомпромисната снага и максималната ефикасност. Резултатот е: BMW Серија 2 Convertible носи маневарски способности и агилност директно на улиците, без оглед дали е во ECO PRO режимот или е со поспортски режим на возење – во импулсивен, спортски пакет кој ги воодушевува Вашите сетила.

BMW Efficient Dynamics технологија

BMW EFFICIENT DYNAMICS ТЕХНОЛОГИЈА.

Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, иновативната нова генерација на BMW бензински и дизел мотори од палетата на BMW EfficientDynamics, дури и на ниски вртежи може да испорачаат агилни перформанси и одлична брза реакција, а сето тоа со извонредна ниска потрошувачка на гориво и ниски емисии. Зголемената ефикасност и оптималната динамика гарантираат поинтензивно задоволство при возењето.


Бензинските мотори се карактеризираат со иновативна технологија на турбополнач, Valvetronic целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS варијабилна контрола на брегастото вратило и високопрецизно инјектирање гориво. Сите овие високософистицирани компоненти обезбедуваат извонредна испорака на снага и подобрена ефикасност. Во дизел моторите соединети се турбополначи со варијабилна геометриска технологија и најновата генерација на CommonRail директно инјектирање гориво. Ова ниво на оптимизирано согорување уште повеќе придонесува за ниска потрошувачка на гориво и емисии.

Почувствувајте ја динамиката на возење на BMW Серија 2 Convertible

ВОЗБУДУВАЊЕ ВО ВОЗДУХОТ.

Почувствувајте ја динамиката на возење на BMW Серија 2 Convertible.

ВОЗБУДУВАЊЕ ВО ВОЗДУХОТ.

Почувствувајте ја динамиката на возење на BMW Серија 2 Convertible.

ДИНАМИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ.

Одлични перформанси, ниска потрошувачка – тоа е целта на динамичниот систем на возење во BMW Серија 2 Convertible. Софистицираниот TwinPower турбо мотор и дизел мотори од BMW EfficientDynamics семејството на мотори неколкупати ја освоија наградата ,,Мотор на годината”. Тие импресионираат со ниски емисии , додека пак , истовремено, се карактеризираат со непречена и неверојатна динамичност, и благодарејќи на 8-степениот Steptronic пренос, возбудливо и навистина непрекинато забрзување.

  • BMW Twin Power турбо бензински мотори

    Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW TwinPower турбо дизел мотори

    Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • 8-степен Steptronic пренос

    8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди на удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу брзините ја олеснуваат оптималната испорака на снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
    Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Брзите промени на вртежите на моторот и прецизниот пренос гарантираат неверојатно лесно менување. Интегрираните функции како што се интелигентниот погонски склоп, препознавање на возачот, постојаното следење на движењето на возилото и сообраќајната ситуација значително влијаат врз начинот на којшто менувачот ги префрла степените на пренос. Без разлика на тековниот режим на возење, системот секогаш ќе ја селектира најсоодветната брзина, дури и во рачниот пренос. Во Sport режимот, моторот побрзо реагира и серија на интегрирани функции кои користат податоци од навигацискиот систем уште повеќе ја засилуваат динамиката на возење. Comfort режимот поседува поставки на преносот кои се ориентирани на удобност и обезбедува помали промени на степенот на пренос.  

ECO PRO РЕЖИМ.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на празен од, помошта за предвидување на рутата и ECO PRO рутата овозможуваат намалување на потрошувачката за уште 5 проценти.
Функцијата на празен од (достапна само со 8-степениот Steptronic пренос) го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без никакво влијание на моторот и возилото се движи во празен од без никаков погон кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час, не го притиска педалот од сопирачката и системот за предвидување на рутата не ја приспособува брзината.
Со помош на податоците од навигацискиот систем, системот за предвидување на рутата (достапна само со навигацискиот систем Professional) ги препознава свиоците, населените места, ограничувањата на брзината и излезите од автопатите и однапред дава совети возачот да го стопира забрзувањето.
Во зависност од состојбата во сообраќајот, начинот на возење и локалните услови на патот, ECO PRO рутата (достапно само со навигацискиот систем Professional или навигацискиот систем Business) го пресметува и го прикажува најекономичниот пат. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со ECO PRO рутата.

СПОРТСКО ВОЗЕЊЕ.

Екстравертен, енергичен и спортски од глава до петици. Потребно е само едно притискање копче за вклучување на моторот за да се препознае снагата која лежи зад самоуверениот изглед на BMW Серија 2 Convertible. Неговите перформанси, совршената распределба на масата помеѓу оските во однос 50:50 и агилното управување се единствени во неговата класа – и совршено се реализирани во BMW M235i моделот.

  • BMW M235i

    Кога линискиот 6-цилиндричен бензински мотор со турбополнење и 240 kW (326 hp) ќе ја разбуди моќната страна на BMW Серија 2 кабриолет, задоволството при возење е загарантирано. Технологиите усвоени на автомобилските трки како Адаптивното М потпирање, М сопирачката или М аеродинамичниот пакет го претвораат BMW Серија 2 кабриолет во совршен спортист. М тркалата, М кожниот управувач, спортските седишта и посебното спортско управување го заокружуваат неговиот впечатлив изглед. Сè е очигледно на прв поглед. Овој кабриолет преставува единство со ветрот.

  • Управување

    BMW Серија 2 кабриолет величествено лизга по асфалтот, без оглед на временските услови. Благодарение на BMW технологијата на погон на задните тркала, Контролата на доживувањето при возење и варијабилното спортско управување како и единствената распределба на масата помеѓу оските во однос 50:50 што е единствено во неговата класа, тој импресионира со неверојатно агилност, врвни способности на маневрирање и многу практично управување.

  • Адаптивно М потпирање

    Идеалното потпирање со динамично управување – електронско контролираните амортизери во рамките на адаптивното М потпирање се приспособуваат да одговараат на стилот на возење и на условите на патот. Возачот може да ги модифицира карактеристиките на возилото со употреба на Контролата на доживување при возење. Адаптивното М потпирање е поставено десет милиментри пониско и со тоа уште повеќе се зголемува целосниот динамички потенцијал на возилото. Во режимот SPORT, потпирањето станува особено спортско со забележително потврди амортизери преку Контролата на доживување при возење. Во SPORT+ режимот, Динамичката контрола на стабилност (DSC) е заменета со Динамичката контрола на влечење (DTC), која овозможува поголема динамика на возење и дозволува поголема флексибилност пред DSC да интервенира.

  • Контрола на тргнување од место

    Контролата на тргнување од место е функција вклучена во 8-степениот Steptronic Sport пренос кој овозможува максимално забрзување од место. За да се искористи оваа функција, активирајте ја Динамичката контрола на влечење (DTC) со кратко притискање на DSC (Динамичка контрола на стабилност) копчето, префрлете го менувачот во ,S’, притиснете го педалот од сопирачката и притиснете го педалот за гас до ,,kick-down” (префрлање во понизок степен на пренос). Отпуштете ја сопирачката додека ја одржувате ,,kickdown” позицијата и возилото ќе забрза до максимум сè додека не се отпушти гасот. Оваа карактеристика е наменета да го воодушеви возачот со динамични спортски амбиции.  

BMW xDRIVE.

BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентен систем на погон на сите тркала xDrive.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.