ПОТИСОК КОН СЛОБОДА.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 2 Convertible.

Еден допир на копчето е сè што е потребно за да се оживеат наградуваните погонски системи во BMW Серија 2 Convertible. Сите мотори BMW TwinPower турбо се опремени со интелигентната технологија EfficientDynamics, благодарение на која моторите – бензин, дизел, 4-цилиндричен и 6-цилиндричен – обезбедуваат динамичка снага и неверојатна ефикасност. И, секако максимум задоволство при возењето.

BMW Twinpower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасен погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW M240i
    BMW M240i
  • BMW 230i
    BMW 230i
  • BMW 220i
  • BMW 218i
BMW Twinpower турбо 4-цилиндрични дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО 4-ЦИЛИНДРИЧНИ ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.  

  • BMW 220d