BMW линии и опрема за BMW Серија 2 Convertible

ОТВОРЕН ЗА СОСЕМА НОВ СТИЛ.

BMW линии и опрема за BMW Серија 2 Convertible.

ОТВОРЕН ЗА СОСЕМА НОВ СТИЛ.

BMW линии и опрема за BMW Серија 2 Convertible.

Сопатник со стил, елегантен спортист или ексклузивен иноватор: вие одлучете каков карактер сакате да му дадете на вашиот BMW Серија 2 Convertible. Со BMW модели и опрема, достапни се три различни дизајнерски варијанти покрај верзијата со основна опрема. Бескомпромисните спортисти исто така може да се одлучат за М Спорт пакетот. А дополнителните пакети како и оригиналните BMW додатоци уште повеќе го истакнуваат вашиот индивидуален стил.  

ОТВОРЕН ЗА СОСЕМА НОВ СТИЛ.BMW линии и опрема за BMW Серија 2 Convertible.

Сопатник со стил, елегантен спортист или ексклузивен иноватор: вие одлучете каков карактер сакате да му дадете на вашиот BMW Серија 2 Convertible. Со BMW модели и опрема, достапни се три различни дизајнерски варијанти покрај верзијата со основна опрема. Бескомпромисните спортисти исто така може да се одлучат за М Спорт пакетот. А дополнителните пакети како и оригиналните BMW додатоци уште повеќе го истакнуваат вашиот индивидуален стил.  

М СПОРТ ПАКЕТ.

Екстремен спорт пренесен на улиците: покажете им на сите колку е див вашиот BMW Серија 2 Convertible со М Спорт пакетот. Комбиниран со М аеродинамичниот пакет, тој додава една дополнителна зачинета нота – не само визуелно, туку за време на секое спортско патување.  

  • Надворешност

    М Спорт пакетот особено е привлечен за динамичните возачи што се докажува со М Спорт потпирањето и Аеродинамичниот М пакет со специјализиран преден браник, прагови и заден браник. Покрај двојните краци на 17-инчните М тркала од лесни легури со тип 460 М, М Спорт сопирачката со сини стеги на сопирачката исто така додава една впечатлива нота. Динамичниот изглед совршено го заокружуваат осумте лајсни од полукружната маска со црно обоени предни делови во висок сјај и хромираниот завршеток на издувната цевка, заедно со дизајнерските елементи од BMW Individual Shadow Line со висок сјај и ексклузивната Estoril сина металик боја.
    Достапни се и други бои поврзани со М Спорт пакетот како минерално сива металик боја, сафирно црна металик, глечер сребрена металик, минерално бела металик боја, алпско бела боја која не е металик и Melbourne црвена металик боја.
    Како алтернатива, достапни се и 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 461 М во сребрена и железна сива металик боја со гуми во разни димензии.

  • Внатрешност

    Во внатрешноста, М Спорт пакетот опрема ги пречекува патниците со М газишта на праговите и спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во М стил со комбинација платно/алкантара „Hexagon“ антрацит со контрастна опшивка во Royal сина боја и ексклузивен М стил. Предните и задните светла Welcome создаваат динамична атмосфера, заедно со амбиент светлото во предниот, задниот дел, предниот простор за нозете и просторот за складирање во централната конзола, кое може да се осветли со протокалово-црвена или бела боја.


    Внатрешните декоративни лајсни во алуминиум Hexagon со акцентирани детали Estoril сина или црна боја создаваат пријатен динамичен впечаток. Кон горниот дел на возилото, BMW Individual обложувањето на покривот од антрацит го нагласува атлетскиот изглед. Дополнителни важни детали во М Спорт моделот вклучуваат потпирач за раце со опција за регулирање, заштитник за коленото од десната страна на нозете на возачот, скратена рачка од менувачот со М лого, како и инструмент табла со уникатен дизајн на мерачите и префинето изработени стрелки и линии на мерачите. Контролата на Driving Experience исто така го вклучува и Sport + режимот на работа. М Спорт пакетот е заокружен со клуч со Estoril сини детали.
    Доколку сакате, достапни се врвна Dakota кожа во црна боја, Oyster Dakota кожа со Oyster темни детали, Terra Dakota кожа или корално црвена Dakota кожа со црни детали како тапацир во М Спорт пакетот. Внатрешноста осто така добива една луксузна атмосфера со внатрешни декоративни лајсни во фин брусен алуминиум со црни или оксидно сребрени акценти, или со Fineline Stream или Fineline Pure дрвени декоративни лајсни, секоја со оксидно сребрена акцентна линија.

МОДЕЛ SPORT LINE.

Впечатливите дизајн елементи во црна боја со висок сјај испраќаат јасна порака: Со BMW Sport Line пакетот, очигледно е дека страста за динамика е на прво место.

  • Надворешност

    Моделот Sport Line секогаш е подготвен за тргнување со 17-инчните тркала од лесна легура со ѕвездести краци од типот 379. BMW предната маска со впечатлив спортски изглед со осум ексклузивно дизајнирани ребра со црна боја со висок сјај од предната страна. Освен тоа, определени карактеристики на предната и задната маска, како и рамките на надворешните ретровизори, исто така, се со динамично црна боја со висок сјај. Издувната цевка е прекриена со црн хром. Натписот „Sport” на страните од возилото јасно го изразува спортскиот карактер на овој модел.
    Исто така, Системот за помош при паркирање наназад го олеснува паркирањето и движењето наназад во тесен простор. Светлата за магла на предната маска ја подобруваат безбедноста кога видливоста е слаба, поради лоши временски услови.
    18-инчните тркала од лесна легура со двојни краци од типот 384, исто така, се достапни на барање.

  • Внатрешност

    Инспириран од класичната BMW динамика на возење, моделот Sport Line ја вклучува ознаката ,,BMW Sport” на праговите од вратите. Клучот со прекрасни црвени детали го симболизира возбудувањето на возење BMW возило. Навлаките на спортските седишта од ткаенината ,Track’ антрацит со црвени и сиви детали обезбедуваат неверојатна странична поткрепа. Останатите делови опфаќаат варијабилно внатрешно осветлување со порткалово-црвена или бела боја, како и инструмент табла со црвени прстени и црвени ознаки на мерачот за брзина и бројачот на вртежи.
    Внатрешните декоративни делови во црна сјајна боја или од брусен алуминиум со мат сребрени Oxide детали и ѝ даваат на внатрешноста на моделот Sport Line тркачки впечаток.
    Со комбинацијата на директно и индиректно светло, пакетот светла со различни извори на LED осветлување создава пријатна и привлечна атмосфера. Возачот има на располагање динамички темпомат (контрола на брзината) како и спортски кожен управувач со мултифункционални копчиња и црвено – црни контрастни шевови. Практичниот пакет за складирање со бројни опции за складирање совршено ја дополнува внатрешноста на моделот Sport Line.

МОДЕЛ LUXURY LINE.

Премиум елементите на дизајнот на хром со висок сјај веќе на прв поглед испраќаат јасна порака: Luxury Line на BMW се фокусира на елеганција и софистицираност. Освен тоа, Системот за помош при паркирање (PDC) овозможува да го паркирате возилото и во најтесни паркинг простори и со тоа Ви овозможува, покрај луксузот, уште поголема слобода.

  • Надворешност

    Моделот Luxury Line дизајниран е за да остави впечаток. 17-инчните тркала од лесна легура со Y-краци од типот 380, BMW маската со единаесет ребра со хромиран преден дел со висок сјај, дизајнерските елементи од BMW Chrome линијата, предниот и задниот браник со посебни карактеристики, и хромираните издувни цевки со висок сјај совршено прилегаат на модерниот изглед на возилото. Натписот ,,Luxury” на страничниот дел од возилото јасно ја прикажуваат намерата на овој модел.
    Системот за помош при паркирање во задниот дел го олеснуваат паркирањето и возењето наназад во тесни простори. Светлата за магла на предната маска ја подобруваат безбедноста кога видливоста е слаба поради лоши временски услови.
    Кај моделот Luxury Line како опција достапни се 18-инчните тркала од лесна легура со V краци од типот 387 и комбинирани гуми.

  • Внатрешност

    Алуминиумските прагови со натписот ,,BMW Luxury” ја чинат внатрешноста на Luxury Line уште попривлечна. Навлаките од ,Dakota’ кожа во Oyster боја со темни Oyster детали и светлата боја во внатрешноста гарантираат исклучителна удобност и естетска привлечност. Горниот дел од инструмент табла е со црна боја. Внатрешните декорации и обложувања од првокласно дрво ,Fineline’ со детали во сребрена Oxide боја совршено го надополнуваат изгледот на централната конзола.
    Со комбинацијата на директно и индиректно осветлување, пакетот светла со различни LED извори на осветлување создаваат привлечна и удобна атмосфера. Возачот има на располагање динамички темпомат (контрола на брзината) и кожен Sport управувач со мултифункционални копчиња.
    Практичен пакет за складирање со бројни практични опции на складирање совршено ја заокружуваат внатрешноста на моделот на Luxury Line.

ПАКЕТИ.

Дополнителна опрема за Вашиот BMW

ПАКЕТИ.

Дополнителна опрема за Вашиот BMW.

BMW пакетите опрема се првиот избор кога станува збор за дополнителна опрема за Вашиот BMW Серија 2 Convertible. Повеќегодишното искуство гарантира дека сите делови се избрани, усогласени, а потоа совршено вградени во возилото. Распрашајте се кај својот BMW застапник за достапноста на пакетите во Вашата земја или побарајте со конфигураторот на BMW националната/регионалната страница.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Оригиналните BMW додатоци го нагласуваат спортскиот дух на BMW Серија 2 Convertible и ја заголемуваат неговата разновидност и флексибилност. Овде може да пронајдете избор на практични, висококвалитетни производи.

  • Превоз и багаж

    Комплетот за патување вклучува рачен куфер со тркалца и торба за носење кои Ви помагаат да добиете дополнителен простор на задните седишта. Багажот може да се транспортира поединечно или поставен еден врз друг и прицврстен со сигурносни појаси. Се карактеризира со опција на заклучување за спречување кражба.
    Универзалната кука од Travel&Comfort системот овозможува лесно закачување облека или лесни кеси на задната страна од потпирачите за грб, штитејќи ги од прашината од патосниците. Благодарение на приклучокот за поврзување, неверојатно е лесно да се постави основниот носач. Носачот се закачува помеѓу шипките од потпирачот за глава и обезбедува сигурна основа за сите делови во модуларниот Travel & Comfort систем. Закачалката за облека, масата што се склопува, универзалната кука или држачот за Apple iPad™ и Samsung Galaxy Tab може лесно да се прицврстат во место благодарение на приклучокот за поврзување.
    Држачот за велосипед е лесен, но стабилен и може да носи до 60 кг. Лесно и брзо може да се монтира на куката за влечење приколка и може да се пренесуваат до два велосипеди или електрични велосипеди (може да се прошири и да пренесуваат до три велосипеди). Функцијата на наведнување овозможува во секое време лесен пристап до просторот за багаж.

  • Внатрешни и надворешни додатоци

    Текстилните патосници штитат од влага и нечистотија. Истакнувајќи го Sport Line дизајнот и дискретното BMW лого, тие имаат гумен долен слој, отпорен на вода и дополнителна заштита од абење.
    Долготрајната, нелизгачка, водоотпорна патосница за багаж со издигнати рабови од сите страни го штитат багажникот од нечистотија и влага. Дизајнот со црна боја и црвените детали совршено ја дополнуваат внатрешноста на Sport Line.
    Црно/црвената кутија на склопување со носивост до 20 кг е дизајнирана за сместување помали предмети или може да служи за сместување намирници. Лесно може да се склопи и отвори благодарение на лепливите лентите, не се лизга и може лесно да се собере за да се заштеди простор кога не Ви е потребна.
    19-инчните тркала од лесна легура со двојни краци од типот 361 со премиум квалитет се сива Ferric боја, сјајно полирани од видливата страна и на возилото му даваат нота на спортски дух. Комплетот тркала со гуми, со димензии на предните тркала 7.5J x 19 со 225/35 R19 88Y XL RSC гуми, а задните тркала со димензии 8J x 19 со 245/30 R19 89Y XL RSC гуми.
    BMW M Aerodynamics пакетот вклучува браници и изразени, аеродинамично оптимизирани лакови на калниците во боја на каросеријата, со модификуван вод за спроведување воздух, капак на подвозјето и заден дифузер во контрастна боја. Изгледот ја нагласува неверојатната динамичност на возилото.
    Премиум BMW M Performance 19-инчните тркала од лесна легура со двојни краци од типот 624 М се ковани и полирани. Комплетот тркала одат заедно со run-flat (ран-флет) комбинирани гуми, со димензии на предните тркала 7.5J x 19 со 225/35 R19 88Y RSC гуми, а задните тркала со димензии 8J x 19 со 245/30 R19 89Y RSC гуми.

  • Производи за деловни луѓе

    Адаптерот за поврзување (snap-in) овозможува поврзување и брзо полнење на Samsung Galaxy S4 мобилниот телефон. Освен тоа, меморираната музика, исто така, може да се изведува преку аудио системот, а сликите од албумот кој се изведува се прикажуваат на дисплејот од возилото.
    За индивидуализирано уживање кога слушате, компатибилен Apple iPod™ или iPhone™ може да се интегрира во оперативниот систем на возилото и истовремено да се полни со употреба на издржливиот USB адаптер. Со уредот може да се ракува преку iDrive Controller, мултифункционалните копчиња на управувачот или радиото.
    Футролата за клуч, изработена од висококвалитетна кожа е прицврстена за клучот со отмено метално копче. Го штити клучот од грабнатинки, нечистотија и влага, спречува возачот случајно да притисне на копчињата, и е во црна и црвена боја кои совршено одговараат на Sport линијата.