БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 2 Convertible.

Комуникации, информации и забава – почувствувајте ја мобилноста на целосно нов начин со услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услуги се основа за функциите BMW ConnectedDrive кои му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа BMW Online, пристап до тековната локација, информации врз база на локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн/мрежни пребарувања овозможени од GoogleTM и практични функции на канцеларија. Во менито со апликации може да се состави сопствена палета услуги и функции како следење веб камери, паркинг информации и патни и хотелски водичи.
Вклучен е и практичен, сигурен и неограничен пристап до избраните апликации на смарт телефонот. ConnectedDrive услугите обезбедуваат пристап до ConnectedDrive продавницата во којашто услугите и апликациите може да се нарачаат и да се продолжат во секое време и секаде за да одговараат на Вашите потреби. Опремата на ConnectedDrive услугите го нуди сè ова и повеќе, и го претвора секое Ваше патување во BMW возилото во вистинско доживување.

ОНЛАЈН ЗАБАВА.

Совршена музика за секоја ситуација, секој пат и секое расположение. Онлајн забавата нуди директен и неограничен пристап до повеќе 22 милиони музички наслови во BMW возилото, сето тоа без смарт телефон или други уреди. На располагање се многу музички нумери за секој вкус. Веднаш штом ќе заврши одредена нумера или албум во возилото, тие автоматски се префрлаат на хард дискот од возилото. Загарантирано и непречено задоволство на слушање музика.
Со пакетот на Онлајн забавата, може да се отвори сметка со паушален износ што важи една година кај кој било BMW музички партнер, на пример Napster или rara, кој може да се користи во шест различни европски држави без дополнителен надоместок: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија.

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Секој кој некогаш сакал да знае какво е чувството да се има личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугите од BMW ConnectedDrive. Со притискање копче возачот е поврзан со агентот од кол-центарот на BMW кој има улога на ,,личен асистент”.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок.

Интернет

ИНТЕРНЕТ.

Опцијата на интернет обезбедува пристап до мрежата на контролниот дисплеј од возилото со висока резолуција. Возачот може да го користи интеренетот исто како на домашниот компјутер со целосна UMTS брзина. URL се внесува едноставно и практично со употреба на iDrive Controller или се избира од листата со означувачи за брз пристап.
Со паушален износ за интернетска употреба, корисниците може да сурфаат низ интернетот директно од возилото, во својата земја (нема роаминг). Контролниот дисплеј може да се користи за пристап до интернет додека патувате со брзина до 4 км/час. Во возила со забава за задните седишта Professional, патниците во задниот дел од возилото може да користат интернет преку рамните екрани вградени во предните седишта.  

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично веднаш, за состојбата во сообраќајот на автопатите, регионалните патишта и на многуте рути низ градот. Интелигентите совети за алтернативни рути му помагаат на возачот да дојде до својата дестинација што е можно побрзо. Податоците се влечат од такви извори како анонимни профили на движење од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања, и ги земаат предвид утврдените сообраќајни шеми, како на пример времето на најголемиот сообраќаен метеж .
Сообраќајните информации јасно се претставуваат благодарение на прикажувањето во боја на патиштата означени со зелена, жолта, портокалова и црвена боја.

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Далечински услуги

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Со далечинските услуги и бесплатната апликација My BMW Remote (достапна во Apple App Store и Google Play продавницата), од далечина може да се управуваат различните функции поврзани со возилото, како што се заклучување и отклучување на возилото. Исто така, адресите на дестинациите може директно да се пренесат со употреба на Google™ пребарувачката машина во навигацискиот систем, доколку е достапен. Исто така, може да се прикаже и локацијата на возилото. За да се користи оваа карактеристика, клиентите едноставно треба да ги активираат далечинските услуги во My BMW ConnectedDrive корисничкиот портал на www.bmw-connecteddrive.com.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик за итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку незгодата се случила со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси, системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.