ЗОНА НА УДОБНОСТ – РЕДЕФИНИРАНА.

Удобност и сигурност во BMW Серија 2 Coupé.

Понекогаш е позабавно да пливаш спротивно од струјата – како што беспрекорно потврдува BMW Серија 2 Coupé. Тие кои пробиваат нови патишта сакаат да патуваат по добро осветлени патишта. Сообраќајот од спротивниот правец може да смета на сигурен пат без заслепување. Servotronic постојано го одржува управувањето оптимално и останатите бројни детали ги прават невообичаените денови полесни – без оглед каде ќе Ве однесе животот.

Адаптивни предни светла

АДАПТИВНИ ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Адаптивните предни светла со варијабилно дистрибуирање светло за град и за автопат, вклучувајќи светло за скршнување како и технологија на Bi-Xenon предни светла обезбедуваат оптимално осветлување на патот пред Вас. Подвижните предни светла ги осветлуваат свиоците и аглите веднаш што возачот ќе почне да го врти управувачот. За да се подобри видливоста на краток досег, светлата за вртење автоматски се активираат веднаш штом ќе се вклучи трепкачот или кога ќе се сврти управувачот – дури и кога возилото стои во место. Адаптивните предни светла обезбедуваат оптимално осветлување во секоја ситуација на патот и значително ја подобруваат сигурноста при возење.

Систем на автоматски долги светла

СИСТЕМ НА АВТОМАТСКИ ДОЛГИ СВЕТЛА.

Системот на автоматски долги светла му помага на возачот во текот на возење ноќе, така што автоматски ги активира долгите и кратките светла, во зависност од присуството на возилата пред Вашето и од сообраќајот што приоѓа. Исто така, светлата автоматски се затемнуваат кога уличното осветлување е доволно.
Камерата лоцирана во близина на ретровизорот ги регистрира предните светла на другите возила на оддалеченост до 1.000 метри. Кога системот на автоматски долги светла е активиран и приоѓа возило или се регистрираат задните светла на возилото пред Вашето, системот автоматски ги вклучува кратките светла.

SERVOTRONIC.

Servotronic

SERVOTRONIC.

Оптимална серво управување.

Уживајте во оптималното серво управување во секоја ситуација со помош на Servotronic системот. Системот го приспособува серво управувањето на моменталната брзина и испорачува директно и прецизно управување при високи брзини. Исто така, обезбедува неверојатна удобност со минимизирање на физичкиот напор потребен за вртење на управувачот, како и со зголемување на агилноста при паркирање, маневрирање и навигација по тесни и кривулести патишта.

Супериорна прецизност.

Контролната единица користи електронско мерење на брзината за да ја определи неопходната серво помош при управување во секоја ситуација при возењето. Серво помошта може фино да се приспособи и попрецизно да се адаптира на определени ситуации при возење од конвенционалните единици на серво управувањето.

Помал физички напор.

Тоа значи дека при мали брзини на автомобилот, потребен е само минимален напор за да се сврти управувачот. Како што се зголемува брзината, поддршката на управувањето континуирано се намалува за да обезбеди подиректен контакт со патот и, поради тоа, оптимална стабилност при одржување правец.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

BMW Серија 2 Coupé во внатрешноста е дораснат на предизвикот. Просторите за складирање во вратите имаат простор дури и за шишиња од 1 литар. Држачите за чаша во централната конзола и задниот централен потпирач обезбедуваат сигурно сместување на пијалаците.
Потпирачите за грб на задните седишта може да се превиткаат во однос 40:20:40 за транспорт на поголеми и гломазни предмети. Пакетот со прегради во просторот за багаж го подобрува BMW Серија 2 Coupé со корисни детали како мрежа за под, држачи за кеси и куки за прицврстување на багажот. На овој начин се обезбедува сигурност и функционалност.

Систем на удобен пристап

СИСТЕМ НА УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен и лесен за користење – Системот на удобен пристап овозможува отворање на вратите и стартување на моторот без користење клуч. Клучот, кој може да се наоѓа во џебот од Вашите панталони или чанта, автоматски се препознава кога ќе пријдете на возилото. Кога вратата автоматски ќе се отклучи, возачот може да влезе и да го стартува моторот со притискање на копчето Start/Stop.
Сигурноста на работата на Системот на удобен пристап е загарантирана со проверка на автентичноста на клучот.