Дизајнот на BMW Серија 2 Coupé

ТРАДИЦИОНАЛНО НЕТРАДИЦИОНАЛЕН.

Дизајнот на BMW Серија 2 Coupé.

ТРАДИЦИОНАЛНО НЕТРАДИЦИОНАЛЕН.

Дизајнот на BMW Серија 2 Coupé.

Еден поглед ви кажува се. Овој автомобил е впечатливо продолжение на долгата BMW Coupé традиција. Тој претставува една посвета на иконата на BMW историјата: легендарниот BMW 2002. Сепак, тој има сопствена личност која оддава страст и свежина. Секоја линија во BMW Серија 2 Coupé го нагласува неговиот бунтовен карактер. И внатрешноста е доследно дизајнирана за да ви помогне да го доживеете концентрираното задоволство при возење. Едно Coupé кое е на пат да постави нови граници.

ТРАДИЦИОНАЛНО НЕТРАДИЦИОНАЛЕН. Дизајнот на BMW Серија 2 Coupé.

Еден поглед ви кажува се. Овој автомобил е впечатливо продолжение на долгата BMW Coupé традиција. Тој претставува една посвета на иконата на BMW историјата: легендарниот BMW 2002. Сепак, тој има сопствена личност која оддава страст и свежина. Секоја линија во BMW Серија 2 Coupé го нагласува неговиот бунтовен карактер. И внатрешноста е доследно дизајнирана за да ви помогне да го доживеете концентрираното задоволство при возење. Едно Coupé кое е на пат да постави нови граници.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Енергични карактеристики.

Впечатливата линија на преклопот започнува зад предната оска, се движи нагоре во задното крило и ја нагласува спортско-динамичната форма на клин. Комбинирано со мускулестите куќишта на тркалата, тој докажува дека BMW Серија 2 Coupé е секогаш подготвен да го превземе водството.

Авторитативен заден дел.

Задни светла со L форма со LED светлински прачки и хоризонталното порамнување го зацврстуваат впечатокот на ширина на возилото. Работ на спојлерот на задниот дел на M235i го намалува подигањето при големи брзини.

Неограничен потисок нанапред.

Контурните линии на продолжената хауба го пратат протокот на воздухот, додека големите отвори за воздух ја симболизираат моќта на BMW Серија 2 купе, што е впечатливо дури и кога возилото стои во место.

Впечатливи предни светла.

Предните светла остро се насочени кон тродимензионалната полукружна маска. Со нивниот висок сјај, лајсните на полукружната маска создаваат реална длабочина. Хромираната полукружна рамка дополнително го нагласува овој ефект и му дава на возилото импозантен изглед.

Обоете го вашиот свет.

Надворешните ретровизори во железно сива боја се една истакната надворешна карактеристика на M235i. Неговите нагласени бои исто така се наоѓаат на решетките од отворите за воздух што се наоѓаат од страните и импозантните 18-инчни тркала. Ефектот е: извонреден спортски изглед.

ПРЕДЕН И ЗАДЕН ДЕЛ.

Се во ова возило е ориентирано во една насока: напред. Ова особено се однесува на предниот дел. Полукружната маска што е насочена нанапред со своите четири контурни линии кои го следат протокот на воздухот. Заострената форма на предните светла му дава на типичното лице на BMW еден целосно автономен карактер.
Строгата, хоризонтална поставеност на впечатливиот заден дел го нагласува широкиот траг на BMW Серија 2 Coupé. Оптичката взаемна игра меѓу задната издувна цевка и спуштениот заден дел го прави возилото да изгледа поблиску до земјата. Особено спортскиот изглед на M235i нагласен со работ на спојлерот на задната врата. Покрај овој оптички ефект, тој влијае на возната динамика со намалување на подигањето при големи брзини и зголемување на притисокот на површината.

Дизајн

ДИЗАЈН.

Сите важни дизајнерски елементи во еден филм: погледнете ја длабинската анализа на BMW Серија 2 Coupé.

ДИЗАЈН.

Сите важни дизајнерски елементи во еден филм: погледнете ја длабинската анализа на BMW Серија 2 Coupé.

ДИЗАЈН НА СВЕТЛАТА.

Двојните кружни предни светла поставени широко на надворешниот дел од возилото се концентрирани на она што е важно: на патот. Нивната хоризонтална форма го прави предниот дел да изгледа поширок. Нивниот изглед е концентриран и фокусиран. Различни одрази од површините му даваат на возилото свеж, жив изглед кој е нагласен со тродимензионалните елементи во опционалните ксенон предни светла.
Самоуверен, како и да го погледнете: задните светла импресионираат со широките, црвени LED светлосни цевки во L-форма. Нивниот дизајн од еден дел ги прави особено впечатливи и им дава уникатен ефект како дење така и ноќе.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Усогласеност за оние што не се согласуваат: кога ќе седнете зад управувачот на BMW Серија 2 Coupé, влегувате во центарот на вниманието. Ова е поради тоа што целата кабина е ориентирана кон возачот. Асиметричната централна конзола е наклонета кон возачот, самостојниот контролен дисплеј е оптимално во неговото видно поле и сите важни функции секогаш се под негова контрола. Прозорците без рамки во стил на купе не му попречуваат на погледот. Возбудливите површини што се преклопуваат и динамичните линии ја пренесуваат спортската надворешност низ внатрешноста. И, најважно од се, сето ова е постигнато со совршена изработка и со користење на материјали со висок квалитет.