ВЕРОЈАТНО НАЈДОБАР СОПАТНИК.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 2 Coupé.

BMW Серија 2 Coupé е веќе опремен со сигурен патник на предното седиште: бројните системи за помош од BMW ConnectedDrive.Тие го поддржуваат возачот и му овозможуваат навистина да ужива во единственото искуство при возење. Даваат навремено предупредување кога е потребно и помагаат при паркирање, или при маневрирање со задната камера во улога на трето око. BMW Серија 2 Coupé е сигурен партнер кој Ви дозволува да се сконцентрирате на најважната работа во текот на патувањето: патот.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час, ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со автоматско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на лесно градско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша акустичен звук. Доколку возачот не реагира, при брзини до 60 км/час, системот самиот почнува да сопира. При брзини од приближно 20-25 км/час, Предупредувањето за лица помага да се спречат незгоди со пешаци, и на брзини до 60 км/час, ја намалува сериозноста на незгодата. Доколку системот треба да интервенира, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција и почнува да сопира, доколку е потребно. Помошта за внимателност го следи однесувањето на возачот за знаци на умор. Кога ќе регистрира некоја абнормалност, на Контролниот дисплеј се прикажува совет да се запре возилото за да се одмори возачот.

iDRIVE TOUCH CONTROLLER.

iDrive Touch Controller овозможува лесно ракување со iDrive системот со една рака. Благодарение на површината на допир интегрирана во контролорот, возачот лесно може да внесува информации како дестинации во навигацискиот систем, користејќи рачно внесување адреси. Исто така, може да се користи за пристап и конфигурирање на бројни функции и пребарување низ листите. Ракувањето со системот е многу едноставно и интуитивно (врз база на чувството на допир). Со ова се олеснува работата на возачот, бидејќи минимално го одзема вниманието од сообраќајот. Сите функции со кои ракувате преку контролорот може да се видат на Контролниот дисплеј.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ БРЗИНА.

Безбедност на прво место: Информациите за ограничување на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување го прикажуваат моменталното ограничување на брзината, како и информации за зоните во кои е забрането претекнување. Таквите информации се прикажуваат на информацискиот дисплеј на инструмент таблата. Специјална камера ги регистрира релевантните сообраќајни знаци. Информациите се процесираат од контролната единица заедно со податоците од навигацискиот систем. Со инкорпорирање на дополнителни функции во автомобилот, системот може да пресметува варијабилни ограничувања на брзината,-на пример при влажни услови или во одредени периоди во текот на денот. Оваа опрема е достапна само во комбинација со навигацискиот систем Business or Professional.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното и нормалното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори, дури и при тесни паралелни паркинг простори, додека возилото поминува крај нив со мала брзина (под 35 км/час) на максимално растојание од 1.5 метри од редот на паркирани возила.
Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали.
Кога возилото полека ќе се приближи до пречката, помошта при паркирање автоматски ќе се активира преку функцијата ,,Auto PDC” (автоматска контрола на оддалеченост при паркирање). Подобрената функционалност на системот вклучува поддршка на возачот при паркирање на места што се нормални со патот. PDC, исто така, емитира сигнал за предупредување, доколку возилото премногу се приближи до пречката.
При паркирање без системот за помош при паркирање, помошта при латерално паркирање користи дополнителни сензори за да ја следи површината покрај автомобилот и прикажува пречки на контролниот дисплеј. На тој начин возачот може да се релаксира и да ужива во поголема безбедност при паркирање.

ЗАДНА КАМЕРА.

Задната камера Ви овозможува да го следите просторот зад возилото на Контролниот дисплеј, при маневрирање и паркирање. Задната камера ја подобрува видливоста при движење наназад и брзина под 20 км/час, на пример при паркирање.
Интерактивни линии водилки прикажуваат дали избраниот паркинг простор е доволно голем за возилото и обезбедуваат помош при паркирање со тоа што на Контролниот дисплеј ја обележуваат површината со бои. Со кука за влечење, благодарение на практичната функција на зумирање, задната камера го олеснува приближувањето до приколката.