Динамиката на возење на BMW Серија 2 Coupé

НЕ Е ПОТРЕБЕН ВОЗАЧ. ПОТРЕБЕН Е ПОМОШНИК.

Динамиката на возење на BMW Серија 2 Coupé.

НЕ Е ПОТРЕБЕН ВОЗАЧ. ПОТРЕБЕН Е ПОМОШНИК.

Динамиката на возење на BMW Серија 2 Coupé.

Кога живеете со полни гради не се согласувате на компромиси. Ист е случајот со BMW Серија 2 Coupé. Прилепувањето на патот, распределбата на тежината 50:50 и спортските перформанси на неговиот заден погон се единствени во оваа класа. Динамичен и енергичен, фокусиран на една цел: врвно доживување при возењето.

НЕ Е ПОТРЕБЕН ВОЗАЧ. ПОТРЕБЕН Е ПОМОШНИК.Динамиката на возење на BMW Серија 2 Coupé.

Кога живеете со полни гради не се согласувате на компромиси. Ист е случајот со BMW Серија 2 Coupé. Прилепувањето на патот, распределбата на тежината 50:50 и спортските перформанси на неговиот заден погон се единствени во оваа класа. Динамичен и енергичен, фокусиран на една цел: врвно доживување при возењето.

Динамика на возење

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

Може да го почувствувате неговиот порив за движење, дури и кога стои во место. Ветување кое BMW Серија 2 Coupé го исполнува веднаш штом ќе притиснете на копчето старт. Уверете се самите.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

Може да го почувствувате неговиот порив за движење, дури и кога стои во место. Ветување кое BMW Серија 2 Coupé го исполнува веднаш штом ќе притиснете на копчето старт. Уверете се самите.

BMW M235i.

Ова возило стартува таму каде другите запреле: 6-цилиндричниот линиски бензински мотор со турбо полнење со 240 kW (326 hp) ги дава своите спортски карактеристики со максимална ефикасност. М аеродинамичниот пакет, задниот спојлер и М шасијата резултираат во екстремно спортски изглед, со повеќе контактен притисок и оптимално однесување во секоја ситуација при возење. Дури и внатрешноста на BMW M235i со своите спортски седишта за возачот и за патникот на предното седиште, М кожниот управувач со мултифункционалните копчиња и многуте други опции, шират атмосфера која се врти околу автомобилските трки. И, перформансите се како и што се очекува: го одземаат здивот.

  • Надворешност

    Со својот 6-цилиндричен мотор и спортскиот звук, M Performance моделот е најспортскиот модел од моделите на Серија 2. Дури и на прв поглед, неговите 18-инчни М тркала од лесна легура со посебно развиените комбинирани гуми, ксенон предните светла и М спортската сопирачка во темно сина металик боја со ,М’ лого ја покажуваат посветеноста на неверојатно спортските карактеристики. Специјално приспособеното М Sport потпирање, спуштено за 10 милиметри и варијабилното спортско управување, вклучувајќи Servotronic, му даваат на возилото подобрена агилност и динамично возење. Поголема безбедност, поголема динамика на возење: Опционалниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive, флексибилно ја распоредува снагата помеѓу двете оски, и со тоа обезбедува оптимално прилепување и агилност дури и во тешки услови на возење.
    М аеродинамичниот пакет со специјален преден дел и заден дифузер, заедно со задниот спојлер на просторот за багаж, обезбедуваат подобра аеродинамичност и прилепување на патот. Куќиштата на надворешните ретровизори во Ferric сива боја, заедно со двете издувни цевки изработени од црн хром, совршено го надополнуваат спортскиот изглед на возилото. Сите преостанати сомневања за единствените перформанси на овој модел веднаш исчезнуваат штом ќе ја здогледате ознаката на моделот ,,M235i" во темен хром на задниот дел.

  • Внатрешност

    Внатрешноста на М Performance моделот зрачи со неверојатен спортски дух, со прагови на вратите со ,,M235i" лого, спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште со класични М навлаки и М кожен управувач со мултифункционални копчиња. Соодветна атмосфера се генерира со М внатрешните декорации од алуминиум хексагон и инструмент таблата со посебно дизајнирани бројченици, како и инструмент таблата со зголемена функционалност со ,,M235i" логото. Опционалната Dakota кожа Oyster со темни детали во внатрешноста создава особено елегантен контраст наспроти спортското присуство. Исто така, M Performance моделот доаѓа со М потпирач за нога на возачот. Внатрешното осветлување може да се постави на ексклузивна портокалова-црвена или бела боја. BMW Individual покривниот дел во антрацит го дополнува динамичкиот изглед, а Professional радио уредот го дополнува финалниот изглед на внатрешноста.

Систем на тргнување од место

СИСТЕМ НА ТРГНУВАЊЕ ОД МЕСТО.

СИСТЕМ НА ТРГНУВАЊЕ ОД МЕСТО.

BMW Серија 2 Coupé веднаш импресионира, дури и кога стои во место. Клучниот збор кој ги возбудува сите спортски возачи: максимално забрзување. Ова е можно со функцијата на 8-степениот Steptronic спортски пренос, наречен Launch Control. Едно кратко притискање на DSC копчето, префрлете го менувачот во ,S’ , притиснете го педалот од сопирачката и активирајте ја функцијата ,,kick-down” (префрлање во понизок степен на пренос) со педалот за гас – сега отпуштете ја сопирачката и дознајте што значи вртежен момент.

Адаптивно М потпирање

АДАПТИВНО М ПОТПИРАЊЕ.

Адаптивното М потпирање е поставено десет милиментри пониско и со тоа уште повеќе се зголемува целосниот динамички потенцијал на возилото. Возачот може да ги приспособи карактеристиките на возење преку Контролата на доживување при возење според моменталната желба за начинот на возење, од удобно возење до екстремно спортско возење. Без разлика кој режим ќе се избере, електрично контролираните амортизери на Адаптивното М потпирање за миг се приспособуваат за да одговараат на условите на патот. Системот користи бројни сензори кои ги мерат вибрациите на тркалото, како и брзината на возилото, за да се постигне оптимална амортизација и безбедност на возилото.

За релаксирано возење предвиден е режимот COMFORT. Во режимот SPORT, потпирањето станува особено спортско со забележително потврди амортизери. За исклучително динамично возење, SPORT+ е најдобриот избор: ќе се активира DTC функцијата (Динамичка контрола на влечење), која овозможува поголемо пролизгување на погонските тркала за спортско возење за да се достигнат границите на динамиката на возилото. Сепак, DSC функцијата не е целосно исклучена, само интервенира подоцна, во рамките на границите на она што физички е возможно и безбедно, за да се стабилизира возилото.

Варијабилно спортско управување

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Варијабилното спортско управување со Servotronic овозможува директни агилни карактеристики на возење со минимален напор. Реагира со менување на односот на управување, независно од моменталната брзина. На тој начин, го намалува потребното вртење на управувачот за да се постигне потребниот агол на управување. Со ова во голема мерка се подобрува агилноста, особено при возење динамично во остри кривини или при скршнување заради избегнување пречка. Исто така, се зголемува удобноста при паркирање, вртење и маневрирање. Кај управување под мали агли, системот обезбедува одлична стабилност на одржување правец и многу висок степен на прецизност при управувањето.

КОНТРОЛА НА ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Контрола на доживување при возење

КОНТРОЛА НА ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Comfort режим, ECO PRO режим и Sport режим.

Контролата на доживување при возење му овозможува на возачот да избере помеѓу Comfort режимот, ECO PRO режимот кој ја зголемува ефикасноста и Sport режимот кој овозможува уште подинамично возење.

Ефикасност со ECO PRO режим.

Економичниот ECO PRO режим интелигентно ги приспособува карактеристиките на педалот за гас и преносот, како и поставките на клима уредот и загревањето на кабината. ECO PRO режимот ја намалува потрошувачката на гориво до 20 проценти. Функцијата на ,празен од‘ , Помошта за предвидување рута и ECO PRO рутата (достапно само со навигацискиот систем Professional) дополнително заштедуваат гориво. Помошта за предвидување рута го користи навигацискиот систем за да ги процени условите на патот и однапред да даде совет. Ако постои промена на ограничување на брзината по следниот свиок, системот ќе го советува возачот да ја намали брзината пред вртење.
Опцијата ECO PRO рута, исто така, помага во намалување на потрошувачката на гориво. Таа предлага ефикасна рута која го зема предвид обемот на сообраќајот, Вашиот стил на возење и локалните услови. Функцијата ,празен од’ му овозможуваат на возилото да крстари по патот со брзини до 160 км/час кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, без да сопира. Во Sport режимот, возилото реагира подиректно и овозможува поспортски стил на возење.

Управување

УПРАВУВАЊЕ.

УПРАВУВАЊЕ.

BMW Серија 2 Coupé не е дизајниран само за да ги исполни потребите на возачот во однос на дизајнот и функционалноста. Неговата технологија има цел да создаде машина што нуди вистинско задоволство при возењето. И таа цел е постигната! Благодарение на BMW задниот погон, Контролата на доживување при возење, варијабилното спортско управување и – единствено за својата класа- совршеното распределување на тежината 50:50, ова спортско купе одушевува со неверојатно агилно и прецизно управување. Или како тоа ние го викаме: непречено уживање при возење.