НЕМИЛОСРДНО ДИНАМИЧЕН. БЕСКОМПРОМИСНО ЕФИКАСЕН.

BMW EfficientDynamics во BMW Серија 2 Coupé.

Новиот модел од Серијата 2 Coupé не може да биде подобар: подобри перформанси, повеќе спортски карактер, повеќе воодушевува. Исто така, ги поседува суперлативите кога е во прашање што помалку: помала потрошувачка на гориво и пониски емисии. Без оглед дали се користи ECO PRO режимот, регенеративното сопирање или автоматската функција старт/стоп, купето знае како да ги искористи интелигентните BMW EfficientDynamics мерки. И благодарение на аеродинамичниот дизајн, BMW Серија 2 Coupé има неверојатен изглед.

ECO PRO РЕЖИМ.

Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Дополнителните функции, празен од (само со Steptronic пренос), Помошта за предвидување на рутата и ECO PRO рутата (само со навигацискиот ситем Professional) овозможуваат уште поголемо намалување на потрошувачката.
Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без никакво влијание на моторот. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час и не го притиска педалот од сопирачката и Системот за предвидување на рутата не регистрира промена на ограничувањето на брзината.
Со помош на податоците од навигацискиот систем, Системот за предвидување на рутата ги препознава свиоците, населените места, ограничувањата на брзината и излезите од автопатите и однапред дава совети возачот да ја намали брзината.
Во зависност од начинот на возење, состојбата во сообраќајот и условите на патот, ECO PRO рутата го пресметува и го прикажува најекономичниот пат. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со ECO PRO рутата.

АЕРОДИНАМИКА.

Целокупниот дизајн на возилото е усогласен со филозофијата BMW EfficientDynamics. Неговата аеродинамична силуета значително го намалува отпорот на воздухот при возење. Предната маска има впечатливо обележје на дизајнот што ја отелотворува филозофијата BMW EfficientDynamics. Интегрираната воздушна завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи и поминува покрај предните калници. Забрзаниот проток на воздух создава еден вид на завеса на надворешната страна од тркалата. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува. Рамното подвозје со заштита на просторот на моторот и задната оска значително ја подобруваат аеродинамиката на возилото. Овие нови елементи не само што во голема мерка придонесуваат за аеродинамичностa, туку и ја подобруваат звучната изолација и обезбедуваат поголема заштита од ‘рѓосување.

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе префрли во брзина (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.
Автоматската функција старт/стоп никогаш не ги нарушува удобноста и сигурноста при возењето затоа што не се вклучува ако возилото не ја постигнало идеалната работна температура, ако внатрешноста доволно не се загреала/оладила, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или, доколку управувачот е свртен.
Централната контролна единица го вклучува моторот, доколку е потребно, дури и кога возилото е во мирување – на пример, доколку возилото се придвижи или ако се замагли ветробранското стакло. Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време со притискање копче.

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија. Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

8-степен steptronic пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди на удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу брзините ја олеснуваат оптималната испорака на снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Во комбинација со брзиот премин на степените на пренос и прецизно приспособените брзини, таа обезбедува неверојатно лесно менување и значително ја намалува бучавата.
Благодарение на 8-степениот Steptronic пренос од технологијата BMW EfficientDynamics, сега е можно да се подобрат перформансите во возилото со новата функција на Предиктивен погонски склоп преку Контролата на доживувањето при возење. Во режимот ,,Sport”, системот за управување со преносот користи податоци од навигацискиот систем за да испорача ниво на брза реакција што е уште подинамична и спонтана базирано врз карактеристиките на рутата. Како што и самото име кажува, режимот Comfort нуди поудобен програм на менување со помалку менување брзини.

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено во урбани средини, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Интерните компаративни тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.