BMW Линии и опрема за BMW Серија 2 Coupé

ЛИНИИ ШТО ЗБОРУВААТ САМИ ЗА СЕБЕ.

BMW Линии и опрема за BMW Серија 2 Coupé.

ЛИНИИ ШТО ЗБОРУВААТ САМИ ЗА СЕБЕ.

BMW Линии и опрема за BMW Серија 2 Coupé.

Пионер или спортист? Вие одлучувате каков карактер сакате да му дадете на вашиот BMW Серија 2 Coupé. Пакетите со опрема на линиите Sport и Luxury ви дозволуваат да изберете индивидуален дизајн за вашиот BMW Серија 2 Coupé. Секој што е заинтересиран дополнително да ја нагласи веќе импресивната спортска нота може да го избере пакетот М Спорт, за да ја ослободи нескротената страна на BMW Серија 2 Coupé. А оригиналните BMW додатоци нудат бројни дополнителни можности за уникатност на дизајнот.

ЛИНИИ ШТО ЗБОРУВААТ САМИ ЗА СЕБЕ.BMW Линии и опрема за BMW Серија 2 Coupé.

Пионер или спортист? Вие одлучувате каков карактер сакате да му дадете на вашиот BMW Серија 2 Coupé. Пакетите со опрема на линиите Sport и Luxury ви дозволуваат да изберете индивидуален дизајн за вашиот BMW Серија 2 Coupé. Секој што е заинтересиран дополнително да ја нагласи веќе импресивната спортска нота може да го избере пакетот М Спорт, за да ја ослободи нескротената страна на BMW Серија 2 Coupé. А оригиналните BMW додатоци нудат бројни дополнителни можности за уникатност на дизајнот.

М СПОРТ ПАКЕТ.

Пренесете го спортот на улиците: покажете им на сите колку е див вашиот BMW Серија 2 Coupé со М Спорт пакетот. Комбиниран со М аеродинамичниот пакет (вклучен во опремата), тој е еден оптички извичник кој ги прави појасни неговите способности дури и пред да ги искажете своите намери.

  • Надворешност

    М Спорт пакетот со М Спорт потпирање и Аеродинамичниот М пакет со специјализиран преден браник, прагови и заден браник се дизајнирани имајќи ги на ум спортските возачи. Големите 17-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 460 М помагаат да се истакне атлетскиот стил. BMW Individual Shadow Line со висок сјај вклучува опрема како рамки на страничните прозорци во црна боја со висок сјај, заедно со куќиштата на ретровизорите и рамката. Осум широки лајсни на полукружната маска се во црна боја со висок сјај, страничните натписи „М“, хромирана издувна цевка и ексклузивна Estoril сина металик боја ја заокружуваат естетиката на М Спорт пакетот.
    Достапни се и други бои за М Спорт пакетот, како што се минерално металик сива боја, сафирно црна металик боја, глечер сребрена металик боја, минерално бела металик, алпско бела боја која не е металик и Melboourne црвена металик боја.
    Достапни се и 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 461 М и хромирана линија.

  • Внатрешност

    Во внатрешноста, М Спорт пакетот опрема ги пречекува патниците со М газишта на праговите и спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација платно/алкантара „Hexagon“ антрацит М линија со опшивка во сина боја и во ексклузивен М стил. Предните и задните светла Welcome создаваат динамична атмосфера, заедно со амбиент светлото во предниот, задниот дел, предниот простор за нозете и просторот за складирање во централната конзола, кое може да се осветли со портокалова или бела ексклузивна боја. Внатрешните декоративни лајсни во алуминиум Hexagon со акцентирани детали Estoril сина или црна боја создаваат пријатна динамична атмосфера. Во горниот дел од возилото, BMW Individual потпирачи за глава во антрацит придонесуваат кон поголем спортски изглед. Дополнителни високи точки на М Спорт пакетот вклучуваат М потпирачи за нозете на возачот, скратена рачка од менувачот со М лого, М кожен спортски управувач со мултифункционални копчиња, како и инструмент табла со уникатен дизајн на мерачите и префинето изработени стрелки и линии на мерачите. Клучот со далечинска контрола со Estoril сини детали го заокружува овој М Спорт пакет.
    Доколку сакате, достапни се врвна Dakota кожа, Oyster Dakota кожа со Oyster темни детали, Terra Dakota кожа или корално црвена Dakota кожа со црни детали како тапацир во М Спорт пакетот. Внатрешноста исто така добива една луксузна атмосфера со внатрешни декоративни лајсни во фин брусен алуминиум со црни или оксидно сребрени акценти, или со Fineline Stream или Fineline Pure дрвени декоративни лајсни, секоја со оксидно сребрена акцентна линија.

ЛИНИЈА SPORT.

Впечатливи дизајнерски елементи во динамична црна боја со висок сјај зборуваат сами за себе за надворешноста: и со BMW Sport линијата, страста за динамика секогаш е во преден план. Еден поглед кон брзиномерот и обртомерот ќе предизвика неизмерно задоволство за сите љубители на спортот: црвените линии на мерачите со нетрпение го очекуваат следното возење.

  • Надворешност

    Моделот Sport линија секогаш е подготвен за движење на 17-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци тип 379. BMW полукружната маска му дава на автомобилот атлетски и ексклузивен дух со осум ексклузивно дизајнирани лајсни чиј преден дел е во црна боја со висок сјај. Покрај тоа, определени елементи на предниот и задниот браник, како и рамките на надворешните ретровизори исто доаѓаат во динамична црна боја со висок сјај. Завршетокот на издувната цевка има црн хромиран сјај. Натписот „Sport“ на страничните делови јасно го искажува чистиот спортски дух на овој модел.
    Покрај тоа, Контрола на паркирањето (PDC) на задниот дел го прави лесно паркирањето и враќањето наназад во тесни простори. Светлата за магла во предниот дел ја зголемуваат безбедноста при слаба видливост или во лоши временски услови. 18-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 384 се достапни на барање.

  • Внатрешност

    Инспирирани од класичната динамика на возење на BMW, моделот Sport го вклучува натписот „BMW Sport“ на газиштата на праговите од вратите. Клучот со впечатливи црвени детали ја симболизира возбудата на возење едно BMW возило. Спортските седишта, кои се тапацирани во текстил „Track“ антрацит со црвени и сиви детали, обезбедуваат дополнителна странична потпора. Дополнителни декорации вклучуваат разни внатрешни светла во портокалово-црвена или бела боја, како и инструмент табла со црвени акцентирани прстени и црвени мерачи на брзиномерот или бројачот на вртежи.
    Внатрешните декоративни лајсни во црна боја со висок сјај или со фино брусен алуминиум и даваат на внатрешноста на Sport линијата едно тркачко чувство.
    Претставувајќи една релаксирачка комбинација на директна и индиректна светлина, пакетот за осветлување со разни извори на LED светлина создава една пријатна и пријателска атмосфера. Возачот исто така има придобивки од контрола на брзината, како и од спортскиот управувач со мултифункционални копчиња со црвени или црни контрастни опшивки. Практичниот пакет со прегради за складирање со бројни дополнителни опции за складирање совршено ја заокружуваат внатрешноста на моделот Sport Line.

LUXURY ЛИНИЈА.

BMW Luxury линијата нуди ексклузивна опрема за внатрешноста и за надворешноста на BMW Серија 2 Coupé, овозможувајќи да се добие уште помодерен и полуксузен изглед – како и да го гледате.

  • Надворешност

    Моделот Luxury Line е дизајниран да остави впечаток. Неговите 17-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 380, BMW полукружната маска со единаесет хромирани лајсни со висок сјај од напред, дизајнерски елементи од BMW Chrome линијата, предниот и задниот браник со специфични елементи и хромираната издувна цевка со висок сјај се во совршен склад со модерниот изглед на автомобилот. Натписот „Luxury“ од страните дава јасна изјава за намерата на овој модел.
    Покрај тоа, контролата на паркирањето на задниот дел го олеснува паркирањето и враќањето наназад во тесни простори. Светлата за магла во предниот дел ја подобруваат безбедноста кога видливоста е слаба поради лошите временски услови.
    18-инчните тркала од лесни легури со V краци тип 387 со гуми во разни димензии исто така се достапни како алтернатива за моделот Luxury Line.

  • Внатрешност

    Алуминиумските газишта на праговите на линијата Luxury со натписот „BMW Luxury“ додаваат една привлечна нота на внатрешноста. Кожниот тапацир „Dakota“ со Oyster темни детали и светлата боја на внатрешноста нудат исклучителен комфор и естетска привлечност. Горниот дел од инструмент таблата е во црна боја.
    Внатрешните декоративни лајсни од чисто дрво „Fineline Stream“ со рамки во оксидно сребрена мат боја совршено одговараат со деталите на централната конзола. Разновидното внатрешно осветлување во портокалова или бела боја, со дополнително светло на B носачите, прават полесно снаоѓање во внатрешноста кога е темно и може да се нагодува преку iDrive контролата. Црните клучеви доаѓаат со хромирани детали.
    Со релаксирачка комбинација на директна и индиректна светлина, пакетот за осветлување со разни LED извори создава пријатна и пријателска атмосфера. Возачот исто така има придобивки од контрола на брзината, како и од спортскиот управувач со мултифункционални копчиња.
    Практичниот пакет со прегради за складирање со бројни дополнителни опции за складирање совршено ја заокружуваат внатрешноста на моделот Luxury Line.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Оригиналните BMW додатоци ја истакнуваат спортската агилност на BMW Серија 2 Coupé и ја зголемуваат неговата разновидност и флексибилност. Тука ќе најдете избор на практични производи со висок квалитет.

  • Држач за велосипеди што се монтира на задниот дел

    Држачот за велосипеди во новиот, атрактивен дизајн на BMW групацијата се монтира исклучиво на топчестиот дел од куката за влечење и е соодветен за пренос на два велосипеда и е-велосипеди. Функцијата за преклопување која е лесна за употреба овозможува подобар пристап кон задниот дел од возилото. Доколку држачот за велосипеди не е потребен, тој може да се склопи во помали димензии. Достапен е и продолжеток за трет велосипед.

  • Патосници за сите временски услови, Спорт

    BMW патосници за сите временски услови во дизајнот Sport Line се отпорни на нечистотија и влага. Нивниот дизајн ја нагласува динамиката на возилото. Патосниците за сите временски услови може 100% да се рециклираат и се достапни во бои кои одговараат на другите линии.

  • Адаптер за мобилни телефони Snap-in

    Адаптерот за мобилни телефони Snap-in е сигурен и безбеден систем за приклучок со интегрирани функции за брзо полнење за мобилни телефони како што се Apple, Nokia, Motorola, Samsung, Sony како и RIM/Blackberry. Врската со антената гарантира одличен прием на сигнал додека, во исто време, се намалува зрачењето во кабината. Во зависност од опремата во возилото, од мобилниот телефон и адаптерот што се користи, може да се интегрираат и одредени апликации за смарт телефони преку BMW.

  • BMW Click & Drive систем

    BMW Click & Drive систем е нов модуларен држач кој се состои од основен носач и рамки за држач кои се заменуваат.
    Овој систем ви овозможува да прицврстите Samsung Galaxy смарт телефон на едноставен начин исто како и iPhone или преносен уред за навигација на BMW – со помош на рамка за држачот која се заменува и која се поставува на основниот носач.
    BMW Click & Drive системот ви овозможува лесно и безбедно монтирање и полнење на телефони или на преносни системи за навигација во возилото. Прицврстен на предното стакло со самолеплив дел, основниот носач е дизајниран да се вклопи во внатрешноста на вашиот BMW. Неговиот вграден USB склоп ви овозможува да го полните телефонот или преносниот уред за навигација во возилото. Со концептот на модуларен држач што се состои од основен носач и рамки што се менуваат, ќе биде лесно да се префрлите на други модели телефони во иднина, со што овој систем ќе се докаже како одлично и флексибилно идно решение.  

  • USB адаптер за поврзување мултимедиуми

    Овој адаптер ви овозможува да го поврзете вашиот Apple iPod™ / iPhone™, MP3 плеер или друг смарт телефон со аудио системот преку интегриран USB склоп – и вклучува функција за полнење и прикажување наслови на листи. Лесно се контролира преку мултифункционалните копчиња на управувачот, iDrive контролата или радиото.

  • BMW детско седиште 1

    Детско седиште Junior група 1 е идеално за деца на возраст од 10 месеци до 3.5 години (приближно 9 до 18 кг.). Тој се состои од школка на седиштето со сигурносен појас што се прицврстува на пет места и ISOFIX база, која исто така може да се користи зa бебешко седиште 0+ и за детско седиште 1. Школката на седиштето може да се прицврсти во возилото заедно со ISOFIX базата. Децата се најбезбедни кога седиштето е свртено наназад, иако е можно да се прицврстат и нанапред. Интегрираните воздушни перничиња нудат заштита на главата и се пријатно меки и удобни за секојдневна употреба. Комфорните сигурносни појаси со пет точки со магнетно закопчување го олеснува закопчувањето, а местењето на висината на седиштето со една рака го олеснува ракувањето. Достапно е во црно/антрацитна или црно/сина комбинација на бои.

  • Travel & Comfort систем, закачалка за облека

    Закачалката за облека ви овозможува транспорт на облека без нивно брчкање. Таа исто така може да се извади и користи за носење на облеката надвор од возилото. Модуларниот Travel & Comfort систем е дизајниран околу одделно достапниот базен држач кој лесно може да се монтира меѓу прачките на потпирачот за глава. Потоа може да се монтираат закачалка за облека, масичка на преклоп, универзална кука или држач за Apple iPad™.

  • М Спорт футрола за клуч

    М Спорт футролата за клуч е направена од кожа со висок квалитет и има метална рамка која ви овозможува лесно да го извадите клучот. Футролата го штити вашиот BMW клуч од гребнатини, нечистотија и влага и овозможува тој да остане функционален. Таа е достапна во разни бои кои одговараат на различните линии, на пример футрола за клуч Спорт во црвена и црна боја.