СЕКОГАШ ПОВРЗАНИ. ЗАСЕКОГАШ СЛОБОДНИ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 2 Coupé.

Слобода значи секогаш да можете да го изберете својот сопствен пат во животот. Да го правите тоа што сакате да го правите. За таа намена создадени се интелигентните услуги на BMW ConnectedDrive: да бидат тука, кога Ви се потребни, го знаат Вашиот вкус за музика и да ја најдат најбрзата рута до Вашата дестинација. И тоа го прави BMW Серија 2 Coupé совршен помошник – Ви овозможува да уживате во бесконечна слобода.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услуги се основа за цела палета интелигентни информации во возилото и услуги за забава.
Понудата опфаќа BMW Online, што овозможува пристап до тековната локација, информации врз база на локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн/мрежни пребарувања и функции на уред.
Исто така, може да се состават индивидуални услуги како веб камери, информации за паркирање и патни и хотелски водичи. Освен тоа, оваа опција вклучува едноставна, безбедна и неограничена употреба на апликации од смарт телефони како што е BMW Connected. И тоа не е сѐ: BMW ConnectedDrive услугите нудат многу повеќе за да го направат возењето и патувањето во BMW уште поудобно.

ОНЛАЈН ЗАБАВА.

Совршена музика за секоја ситуација, секој пат и секое расположение. Онлајн забавата нуди директен и неограничен пристап до 18 милиони музички наслови во BMW возилото, сето тоа без смарт телефон или други уреди. На располагање се многу музички нумери за секој вкус. Со пакетот на Онлајн забавата, може да се отвори сметка со паушален износ и без дополнително плаќање кај кој било BMW музички партнер, на пример во Napster. Оваа услуга е достапна во шест различни европски држави: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија.
Достапно е само во соработка со опциската опрема ConnectedDrive услугите и навигацискиот систем Professional.

BMW  апликации

BMW АПЛИКАЦИИ.

Функцијата на апликации е платформа што овозможува едноставна употреба на апликациите на избран смарт телефон во BMW возилата. За да се направат достапни различните апликации за корисниците, BMW не само што разви сопствени апликации, како што се BMW Connected App и BMW M laptimer, туку и блиску соработува со партнери како Spotify, Napster, GoPro, Deezer и Audible, така што овие апликации може безбедно да се искористат во возилото.
Едноставно поврзете компатибилен смарт телефон со возилото преку приклучниот адаптер или USB кабел. Аудиото се изведува преку аудио системот на возилото. Сите апликациски функции може практично да се управуваат преку iDrive Controller. Селекцијата на апликациите, достапни за употреба во возилото постојано се проширува благодарение на блиската соработка помеѓу BMW и големиот број снабдувачи. За повеќе информации видете на www.bmw.com/apps.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично во реално време. Податоците се влечат од такви извори како профили на движење од мрежите на мобилните телефони, од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања. Овие податоци прецизно се анализираат за да може точно да се локализира сообраќајниот метеж до неколку метри. Ова овозможува RTTI да обезбеди информации во реално време за тековната состојба во сообраќајот на автопатиштата, главните патишта, регионалните патишта и бројни урбани рути и да препорача сигурни алтернативни патишта.
Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Доколку сте сакале да знаете како изгледа да имате личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугата од BMW ConnectedDrive.
Практичните услуги Ве поврзува со агентот на BMW кол-центарот кој игра улога на Ваш личен помошник додека сте на пат.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Дури може да резервира маса во ресторан или да направи резервација на хотелска соба за Вас. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок.
Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик за итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку се случила незгода со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси, системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

ИНТЕРНЕТ.

Во BMW возилото опремено со интернет опција, до веб страниците може да се пристапи преку Контролниот дисплеј. URL се внесува едноставно и практично со употреба на iDrive Controller или се избира од листата со означувачи за брз пристап. Со паушален износ за интернетска употреба, BMW сопствениците може да сурфаат низ интернетот директно од возилото, во својата земја (нема роаминг). Контролниот дисплеј може да се користи за да се сурфа низ интернетот додека патувате со брзина до 4 км/час. Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.