ПОМАЛКУ ПРАВИЛА. ПОВЕЌЕ ПЕРФОРМАНСИ.

Првиот BMW Серија 2 Coupé.

ПОМАЛКУ ПРАВИЛА. ПОВЕЌЕ ПЕРФОРМАНСИ.Првиот BMW Серија 2 Coupé.

Моќност во kW (h.p.) при 1/мин (М235i)

240 (326)/5,800

Комбинирана потрошувачка во л/100км (М235i)

8.1 [7.6]

Забрзување од 0-100 км/час во с (М235i)

5.0 [4.8]

Див, бунтовен, уникатен. BMW Серија 2 купе има се што дефинира едно спортско купе. Неговиот непогрешлив атлетски дизајн ја нагласува динамиката на возење која го прави најдобар во својата класа. Совршено урамнотежена 50:50 распределба на тежината, моќни BMW TwinPower турбо мотори и интелигентните BMW EfficientDynamics мерки го дефинираат купето. Неговата динамика кулминира во M235i, мотор способен да забрза од 0 до 100 км/час за 4.8 секунди. Доследен на својот слоган: Помалку правила. Повеќе перформанси.

НЕ МУ Е ПОТРЕБЕН ВОЗАЧ. ТУКУ СОУЧЕСНИК.

BMW Серија 2 Coupé M235i.

Возилото започнува онаму каде што другите запираат: линиски 6-цилиндричен бензински мотор со турбо полнач со 240 kW (326 hp) му овозможува на возилото рекордно забрзување со максимална ефикасност. Пакетот опрема М Aerodynamics, работ на задниот спојлер и М шасија создаваат еден исклучително атлетски изглед, поголем контактен притисок и оптимално возачко однесување во секоја ситуација. Дури и внатрешноста на BMW M235i, со своите спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште, М кожниот управувач со мултифункционални копчиња и многу повеќе опции, ја пренесуваат атмосферата на еден свет кој се врти околу тркањето. И нуди високи перформанси онака како што треба: неверојатно.

Надворешност.

Енергични карактеристики: впечатливата линија на преклопот започнува зад предната оска, се движи нагоре во задното крило и ја нагласува спортско-динамичната форма на клин. Комбинирано со мускулестите куќишта на тркалата, тој докажува дека BMW Серија 2 Coupé е секогаш подготвен да го преземе водството.

Внатрешност.

Усогласеност за оние што не се согласуваат: кога ќе седнете зад управувачот на BMW Серија 2 Coupé, влегувате во центарот на вниманието. Ова е поради тоа што целата кабина е ориентирана кон возачот. Асиметричната централна конзола е наклонета кон возачот, самостојниот контролен дисплеј е оптимално во неговото видно поле и сите важни функции секогаш се под негова контрола. Прозорците без рамки во стил на купе не му попречуваат на погледот. Возбудливите површини што се преклопуваат и динамичните линии ја пренесуваат спортската надворешност низ внатрешноста. И, најважно од се, сето ова е постигнато со совршена изработка и со користење на материјали со висок квалитет.

Динамика на возење.

Кога максимално го живеете животот, не ве интересираат компромиси. Истото се однесува и на BMW Серија 2 Coupé. Држањето на патот, 50:50 распределба на тежината и спортските перформанси на неговиот заден погон се уникатни во неговата класа. Динамичен и енергичен, фокусиран само на една цел: врвно задоволство при возење.