Првиот BMW Серија 2 Gran Tourer

ЗАДОВОЛСТВО ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО.

Првиот BMW Серија 2 Gran Tourer.

ЗАДОВОЛСТВО ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО.

Првиот BMW Серија 2 Gran Tourer.

       

ЗАДОВОЛСТВО ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО.Првиот BMW Серија 2 Gran Tourer.

       

Комбинирана потрошувачка во л/100км (218d)

4.5–4.3 [4.5–4.3]

Капацитет на багажен простор

645 и 1,905 литри

Патничко седиште со преклоплив наслон

да

BMW Серија 2 Gran Tourer е доказ дека компактните димензии, функционалноста и разноликоста може совршено да се комбинираат со динамичниот дизајн. Без оглед дали се работи за спортски настани, одмори со возење или секојдневна употреба, ова возило секогаш е подготвено да тргне – со сета динамика што ја очекувате од едно BMW.  

ОТКРИЈТЕ ГО BMW СЕРИЈА 2 GRAN TOURER.

Комфор и сестраност

Комфор и сестраност.

Без оглед на тоа дали го превезувате семејството, пријателите или багаж - BMW Серија 2 Gran Tourer нуди извонредна флексибилност во секоја смисла. Од сестраната кабина до адаптивните задни седишта и потоа до просторниот багажен простор, кој може да се вклопи со опционален трет ред седишта за уште двајца патници – секогаш има доволно простор за се и секого.

Дизајн.

Пропорциите на BMW Серија 2 Gran Tourer укажуваат на сестраноста на возилото веднаш штом ќе го забележите. Кога се гледа однапред, тој изгледа спуштен како да е спортска верзија. Широката полукружна маска формира оптичка точка и е пониска од предните светла, со што се добива динамичен изглед кој е уникатен во оваа класа на возила. Ако сакате да го откриете пространиот бел свет со BMW Серија 2 Gran Tourer, се што треба да направите е да влезете во возилото. Поради тоа што во внатрешноста просторноста е главна карактеристика. Големото ветробранско стакло и опционалниот стаклен панорамски покрив помагаат да се добие една отворена, светла атмосфера, која дополнително може да се зголеми со опционалниот пакет осветлување.

Флексибилност во кабината.

На предниот дел од кабината на BMW Серија 2 Gran Tourer, просторниот дизајн го истакнува функционалниот карактер на возилото. Но не е се во визуелниот впечаток: прилагодливите седишта и богат избор можности за складирање гарантираат непобитна флексибилност.