Удобност и функционалност во BMW Серија 2 Gran Tourer

МЕСТО ЗА СИТЕ – СО ФЛЕКСИБИЛЕН РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ.

Удобност и функционалност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

МЕСТО ЗА СИТЕ – СО ФЛЕКСИБИЛЕН РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ.

Удобност и функционалност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Без оглед дали е за превоз на пријатели, семејство или само багаж - BMW Серија 2 Gran Tourer нуди извонредна флексибилност. Почнувајќи од разновидниот преден дел на кабината, задните приспособливи седишта до просторниот багажен простор во кој може да се постават трет ред седишта – секогаш има доволно простор за секого и за сè.

МЕСТО ЗА СИТЕ – СО ФЛЕКСИБИЛЕН РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ.Удобност и функционалност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Без оглед дали е за превоз на пријатели, семејство или само багаж - BMW Серија 2 Gran Tourer нуди извонредна флексибилност. Почнувајќи од разновидниот преден дел на кабината, задните приспособливи седишта до просторниот багажен простор во кој може да се постават трет ред седишта – секогаш има доволно простор за секого и за сè.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА ВНАТРЕШНОСТА.

На предните седишта од BMW Серија 2 Gran Tourer, пространиот дизајн го нагласува функционалниот карактер на возилото. Но, не се работи само за оптичка илузија: Приспособливите седишта и многуте опции за сместување предмети гарантираат неограничена флексибилност.

  • Простран дизајн

    Хоризонталната поделеност на површината на BMW Серија 2 Gran Tourer создава впечаток на пространост што го нагласува реалното количество достапен простор. Широкото ветробранско стакло, големите прозорци и опцискиот панорамски стаклен покрив овозможуваат големо количество светлина да навлегува во внатрешноста со што уште повеќе се придонесува за впечатокот на пространост.

  • Држачи за чаша

    На предните седишта од BMW Серија 2 Gran Tourer, може да уживате во Вашите пијалаци без никаков ризик од истурање, благодарение на двата големи држачи за чаша зад рачката од менувачот. Во пространите прегради од вратите во предниот и задниот дел има простор за шишиња до 1,5 литри.

  • Простор за сместување

    Можностите за сместување во BMW Серија 2 Gran Tourer опфаќаат отворена преграда над централната конзола во која може да се сместат смарт телефони, очила и клучеви, како и практични прегради под предните седишта и вториот ред седишта.

СЕСТРАНИ ЗАДНИ СЕДИШТА.

Задните седишта на BMW Серија 2 Gran Tourer се идеално скроени за сите Ваши потреби од простор. Во зависност од тоа што треба да превезете, сè што треба да направите е да повлечете, турнете и да превиткате и ќе добиете дополнителен простор за багаж. Благодарение на превиткувањето на потпирачите за грб во однос 40:20:40, чии агол може да се приспособи, оваа клупа за седење нуди дополнителен простор за сместување.

  • Електрично превиткување на задното седиште

    Кога товарате предмети во BMW Серија 2 Gran Tourer низ широко отворената задна врата, дури и долгите предмети (до 2.60 м) не претставуваат проблем: Далечинското електрично деблокирање на потпирачите за грб на задните седишта го олеснува превиткувањето на задните седишта од страната на багажникот.

  • Приспособливи задни седишта

    Приспособливите задни седишта уште повеќе ја зголемува функционалност и големината на просторот за багаж. Седиштата може да се приспособат за да се зголеми просторот за нозе за патниците на задните седишта или да се максимизира просторот за товарање во багажникот, во зависност од потребите на секое патување. И двете се исклучително практични за секојдневната употреба. Седиштата може механички да се поместуваат напред-назад за 130 милиметри со употреба на рачката под седиштето. Седиштата може да се поделат во однос 60:40.

  • Практични масички

    Патниците може да постават различни предмети на масичките во задниот дел – од играчки и боенки за младите патници, до конзоли за игри, книги, лаптопи и грицки.
    Масичките се прицврстени со шини на задниот дел од предните седишта и може да се поместат горе-доле. Кога не се користат, тие може да се склопат. Кога се затворени, се овозможува непречен пристап до задните седишта.

ТРЕТ РЕД СЕДИШТА.

Опциски расклопливиот трет ред седишта со простор за уште два патника во BMW Серија 2 Gran Tourer. Тој ред седишта, што може да се склопат во подот кога не се користат и со тоа да се создаде рамна површина за товарање, уште повеќе придонесуваат за флексибилноста на кабината.

  • Простор за седум патници

    Без оглед на тоа дали се деца или возрасни – во третиот ред седишта, двата дополнителни патника може да сметаат на исклучителна удобност. Благодарение на високиот покрив, возрасните имаат доволно простор за главите и нозете, додека за помладите патници загарантирана е најголема можна сигурност-во третиот ред седишта законски може да се постават дополнителни две детски седишта. Просторот е доволно голем и за багаж. Дури и кога третиот ред седишта се користат, багажниот сè уште нуди 145 литри простор за багаж.

  • Удобност

    Во третиот ред седишта на BMW Серија 2 Gran Tourer владее мир, тишина и релаксираниот. Посебната средишна конзола со два држачи за чаша и преграда за складирање нуди високо ниво на удобност. Преградите за сместување со мрежи на страничните панели овозможуваат дополнителен простор за сместување предмети. Патниците, исто така, имаат свој извор на осветлување во покривниот дел (во комбинација со опцискиот пакет на осветлување.)  

  • Функција на лесно влегување

    Вториот ред седишта имаат функција на превиткување на потпирачите за грб, кои може да се наведнат нанапред со функцијата на лесно влегување, за да овозможи лесно влегување на патниците. Поголемиот праг на задната врата помага при влегување.

ПРОСТОР ЗА БАГАЖ.

Широкото отворање на задната врата на BMW Серија 2 Gran Tourer, која има опциска функција на отворање и затворање без допир, овозможува дури и најголемите предмети да се сместат на рамниот под од багажниот простор.

Удобност.

  • Волумен на просторот за багаж

    Благодарение на приспособливите задни седишта кои може да се свиткаат во однос 40:20:40 како и предното патничко седиште со функција на превиткување на потпирачот за грб (опциски), целиот простор за багаж се проширува во предниот дел на внатрешноста. Во зависност од позицијата на седиштата, целиот волумен е помеѓу 645 и 1.905 литри.  

  • Поден дел во багажникот што се преклопува

    Делот под подот на багажникот нуди приближно 80 литри дополнителен простор за сместување. За да пристапите до овој простор под багажникот, за само неколку секунди подниот дел може лесно да се отвори со неколку едноставни движења на рацете.