Дизајнот на BMW Серија 2 Gran Tourer

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.

Дизајнот на BMW Серија 2 Gran Tourer.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.

Дизајнот на BMW Серија 2 Gran Tourer.

Уште еден додаток на семејството BMW Серија 2, BMW Серија 2 Gran Tourer кое е функционално возило што се карактеризира со просторност, сестраност и флексибилност. Од надворешната страна, кусите натстрешници обезбедуваат динамичен изглед, со висока покривна линија која помага да се создаде поголем простор внатре во возилото. Покрај великодушниот простор во багажникот, внатрешноста со врвен квалитет нуди разни можности за седење, складирање и транспорт.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.Дизајнот на BMW Серија 2 Gran Tourer.

Уште еден додаток на семејството BMW Серија 2, BMW Серија 2 Gran Tourer кое е функционално возило што се карактеризира со просторност, сестраност и флексибилност. Од надворешната страна, кусите натстрешници обезбедуваат динамичен изглед, со висока покривна линија која помага да се создаде поголем простор внатре во возилото. Покрај великодушниот простор во багажникот, внатрешноста со врвен квалитет нуди разни можности за седење, складирање и транспорт.

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА.

Пропорциите на BMW Серија 2 Gran Tourer укажуваат на сестраноста на возилото веднаш штом ќе го забележите. Кога се гледа однапред, тој изгледа спуштен како да е спортска верзија. Широката полукружна маска формира оптичка точка и е пониска од предните светла, со што се добива динамичен изглед кој е уникатен во оваа класа на возила.
Во профил, високата линија на покривот, големите врати и исправениот „Хофмајстер“ свијок даваат впечаток на просторна внатрешност. Во исто време, возилото е оптички издолжено со прецизните контури и издолжените прозорци.
Задниот дел исто така дава увид во просторната внатрешност. Хоризонталното порамнување на контурите и површините и издолжените светла кои се поставени широко го нагласуваат широкиот став на возилото.

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer во акција

ВРВНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer во акција.

ВРВНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer во акција.

ДИЗАЈН НА LED СВЕТЛАТА.

LED предните светла со аголни светла оптимално го осветлуваат патот, со што ноќното возење го прават порелаксирано и побезбедно. Предните светла имаат светла и ефикасна би-LED технологија за предни долги и средни светла.
Аголните светла, заедно со задните светла, исто така работат со LED технологија. Со вклучување на аголните светла со ниско ниво за осветлување, ќе добиете подобро странично осветлување во градски средини и возачот полесно и побрзо ќе ги препознава пешаците и велосипедистите, на пример. При брзина меѓу 40 и 70 км/час, аголните светла исто така служат како статично осветлување на свијоците.
Двојните прстени и LED светла за дневно возење и паркинг светлата во светлинските цевки на главните предни светла создаваат еден впечатлив и непогрешлив изглед.

ПАНОРАМСКИ СТАКЛЕН ПОКРИВ.

Панорамскиот стаклен покрив овозможува атрактивен поглед и пропушта многу светлина во внатрешноста, со што се добива една особено просторен и отворен амбиент. Доколку сончевата светлина е многу јака, едноставно и лесно, можете да ја затворите ролетната. Со своите функции на лизгање и подигање, панорамскиот стаклен покрив дава разни опции за одлична вентилација. Доколку стаклениот покрив е поставен во положба на проветрување, ролетната автоматски се повлекува за да овозможи соодветен проток на воздух. Интегрираниот штитник од ветер автоматски се подига за да ја сведе турбуленцијата при возење на минимум кога е отворен покривот.

ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТА.

Ако сакате да го откриете пространиот бел свет со BMW Серија 2 Gran Tourer, се што треба да направите е да влезете во возилото. Поради тоа што во внатрешноста просторноста е главна карактеристика. Големото ветробранско стакло и опционалниот стаклен панорамски покрив помагаат да се добие една отворена, светла атмосфера, која дополнително може да се зголеми со опционалниот пакет осветлување.
Опционалните тапацири во перфорирана кожа како и впечатливите опшивки на седиштата, инструмент таблата и централната конзола гарантираат извонреден изглед и чувство. Возачот и патникот на предното седиште уживаат во издигнатата положба на седење, која, заедно со дополнителните прозорци, обезбедуваат подобар преглед во сите насоки. Друга опција е BMW Head-Up дисплеј, кој ги прожектира сите информации поврзани со возењето директно во видното поле на возачот.
Во задниот дел, внатрешноста се карактеризира со сестраност. Клупата за седење може да се подели во соодност 60:40 по должина. Покрај тоа, наслоните од задните седишта може да се преклопат во сооднос 40:20:40. И на крај, постои опционален трет ред на седишта кој овозможува простор за уште двајца патници.  

  • Амбиент светло

    Амбиент светлото кое го вклучува и осветлениот Welcome натпис пријатно и елегантно ја осветлува внатрешноста со стилска комбинација на директна и индиректна светлина, пренесувајќи една елегантна салонска атмосфера. Светлата се поставени во централната конзола и во просторот за нозете. Предните и задните светла за читање исто така се вклучени.

МАТЕРИЈАЛИ.

Концептот за материјалите во BMW Серија 2 Gran Tourer се фокусира на свежата и модерната природа на возилото. Покрај седишта во платно, постои избор на одбран кожен тапацир со перфорирани површини и контрастни опшивки кои – во зависност од варијантата на опремата што е избрана – се исто така присутни на инструмент таблата и централната конзола.
Големите галванизирани декоративни лајсни на инструмент таблата ги раздвојуваат отворите за воздух и со тоа ја нагласуваат светлата атмосфера на внатрешноста. Ексклузивноста и премиум изгледот и чувството исто така се надополнуваат со хромираните апликации, кои се достапни како опција. Декоративните лајсни на инструмент таблата и на вратите се достапни во сребрена или алуминиум варијанта, во елегантна црна боја или чисто дрво.  

САМОСТОЕН ДИСПЛЕЈ.

Самостоен дисплеј

САМОСТОЕН ДИСПЛЕЈ.

Типично за BMW, сите важни елементи за ракување со возилото во кабината на BMW Серија 2 Gran Tourer се ориентирани кон возачот. Тие се заокружени со 8.8-инчниот самостоен контролен дисплеј, кој, заедно со „висечката“ централна конзола, го одразува врвниот квалитет и светлиот, модерен карактер на внатрешноста. Совршено поставен на ниво на видното поле на возачот, тој, на пример, може да се комбинира со систем за навигација за да ви обезбеди важни информации во еден врвен квалитет – дури и при неповолно осветлување.