BMW ConnectedDrive Driver системи за помош при возење во BMW Серија 2 Gran Tourer

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive Driver системи за помош при возење во BMW Серија 2 Gran Tourer.

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive Driver системи за помош при возење во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.BMW ConnectedDrive Driver системи за помош при возење во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-up дисплеј

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е брзината, инструкциите од навигацискиот систем, информациите за ограничување на брзината вклучувајќи го индикаторот за забрана за претекнување, телефонските листи и листите со забава се прикажуваат заедно со системите за помош при возење.
Симболите кои се проектираат на склопливата плоча над инструмент таблата се прикажуваат во боја за сообраќајните знаци да изгледаат реално. Малку затемнетата плоча го зголемува контрастот.
Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, а може и рачно да се приспособи за да ги рефлектира индивидуалните желби. Ноќниот и дневниот дисплеј имаат различен дизајн. Возачот може да избере, освен моменталната брзина и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат. Видливоста е ограничена кога возачот носи поларизирани очила за сонце.  

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ПЛУС.

Опремата за Помош при возење плус носи големо унапредување во сигурноста и удобноста. Таа вклучува контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање, предупредување за напуштање лента, помош на долго светло, предупредување за ограничување на брзината, темпомат(контрола на брзината) со Stop&Go функција со камера како помош при сообраќаен метеж.

  • Помош при сообраќаен метеж

    Помошта при сообраќаен метеж го олеснува возењето во текот на монотони ситуации на возење. При брзини до 60 км/час, системот овозможува ,,рамномерно движење” со останатите возила во густ сообраќај и со тоа го прави сообраќајниот метеж помалку стресен. Системот автоматски ја одржува саканата оддалеченост од возилото пред него, ја регулира брзината на возилото до целосно запирање и обезбедува активна поддршка при управувањето.  

  • Предупредување за напуштање лента

    Предупредувањето за напуштање лента предизвикува вибрации на управувачот кога лентата ненамерно ќе се смени со 70 км/час или повеќе.

  • Предупредување за приоѓање и предупредување за пешаци

    Во критични ситуации, предупредувањето за контрола на приоѓање го информира возачот во два чекори. Предупредувањето за пешаци функционира на брзини помеѓу 10 и 60 км/час и емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Истовремено, сопирачките се подготвени за брза реакција. Во итен случај, системот започнува да сопира за да осигури намалување на брзината при судирот. Ако возилото пред Вас нагло закочи, се емитуваат сѐ посилни предупредувања како и лесно сопирање.  

  • Активен темпомат (контрола на брзината) со Stop&Go функција

    Темпоматот(контрола на брзината) се базира врз камери, а опремен е и со функцијата Stop&Go и одржува брзина до 140 км/час, која возачот претходно ја избрал, како и ја одржува оддалеченоста од возилото пред Вашето. Доколку е потребно, системот ќе го запре возилото, автоматски повторно ќе го задвижи, а во бавно движечки сообраќај тој ќе ја одржува минималната оддалеченост од возилото пред Вашето.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ ПЛУС СО iDRIVE TOUCH CONTROLLER.

Навигациски систем плус со вклучен BMW Head-Up дисплеј поврзува неколку корисни компоненти: навигациски систем со вграден 8.8-инчен LCD екран во боја, радио уред, MP3 плеер, RDS двоен тјунер и инструмент табла со висока резолуција со 5.7-инчен TFT дисплеј. Водењето за рута е претставено со стрелки или со дисплеј на мапа, заедно со говорни инструкции. Со навигацискиот систем лесно се ракува преку iDrive Touch Controller со помош на копчиња за директен пристап и осум функционални обележувачи или, во зависност од карактеристиките на возилото, преку гласовни команди.
Навигацискиот систем плус му покажува на возачот брза и директна рута низ многу европски земји и пошироко. TMC технологијата се користи за рано регистрирање на препреките во сообраќајот и со голема брзина се пресметуваат алтернативни рути заради безбедно пристигнување до Вашата дестинација.  

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller, кој претставува дел од Навигацискиот систем Plus, овозможува лесно ракување со контролниот дисплеј со една рака. Благодарение на површината на допир интегрирана во контролорот, возачот лесно може да внесува информации како дестинации во навигацискиот систем, користејќи рачно внесување адреси.
    Исто така, може да се ротира и да се притисне за пристап и конфигурирање на бројни функции и пребарување низ листите. Ракувањето со системот е многу едноставно и интуитивно врз база на чувството на допир. Со ова се олеснува работата на возачот, бидејќи минимално го одзема вниманието од сообраќајот. Сите функции со кои ракувате преку контролорот може да се видат на Контролниот дисплеј.