Динамика во комбинација со ефикасност во BMW Серија 2 Gran Tourer

ПОВЕЌЕ ЗАБАВА. ПОМАЛКУ ГОРИВО.

Динамика во комбинација со ефикасност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

ПОВЕЌЕ ЗАБАВА. ПОМАЛКУ ГОРИВО.

Динамика во комбинација со ефикасност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

BMW TwinPower турбо бензинските и дизел мотори, софистициран систем на шасија и непречен пренос Steptronic: BMW Серија 2 Gran Tourer овозможува неверојатно спортско искуство на долги и тесни свиоци. А, притоа е и ефикасен: Благодарение на интелигентното управување со енергија со помош на BMW EfficientDynamics технологијата, BMW Серија 2 Gran Tourer има мала потрошувачка на гориво и малку влијае врз околината и врз Вашиот паричник.

ПОВЕЌЕ ЗАБАВА. ПОМАЛКУ ГОРИВО.Динамика во комбинација со ефикасност во BMW Серија 2 Gran Tourer.

BMW TwinPower турбо бензинските и дизел мотори, софистициран систем на шасија и непречен пренос Steptronic: BMW Серија 2 Gran Tourer овозможува неверојатно спортско искуство на долги и тесни свиоци. А, притоа е и ефикасен: Благодарение на интелигентното управување со енергија со помош на BMW EfficientDynamics технологијата, BMW Серија 2 Gran Tourer има мала потрошувачка на гориво и малку влијае врз околината и врз Вашиот паричник.

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

BMW Efficient Dynamics

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

Без оглед дали целта се максимални перформанси или минимална потрошувачка ма гориво – за BMW најважна е испораката на вистинско BMW задоволство. BMW EfficientDynamics е стратегија развиена од BMW за да ја минимизира потрошувачката на гориво и CO2 емисиите, а истовремено ја зголемува динамиката и задоволството при возење. Станува збор за сеопфатен пакет на технологија која го опфаќа моторот, управувањето со енергија и концептот на конструкција на возилото, а стандарден дел е од секој BMW.
Новата генерација на бензински и дизел мотори од семејството BMW TwinPower турбо е заслужна за подобрени перформанси и пониска потрошувачка ма гориво.
Оптимизираната аеродинамика придонесува за зголемената ефикасност, како и програмата BMW EfficientLightweight која со употреба на најсоодветните материјали за секој дел од возилото ја намалува тежината и ја зголемува крутоста на возилото. Тоа е демонстрација на импресивната иновативна работа во BMW, единствениот голем производител кој како најважни материјали употребува ултра-лесни и исклучително цврстото јаглеродно влакно (CFRP). Станува збор за сеопфатна збирка на технологии, меѓу кои и интелигентното управување со енергија и опцискиот ECO PRO режим, наменети за уште поголема заштеда на потрошувачката на гориво.

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.

BMW sDRIVE.

BMW sDrive

BMW sDRIVE.

Системот sDrive се однесува на BMW возилата во кои вртежниот момент од погонскиот склоп се пренесува само преку една оска. Поголемиот број BMW возила се карактеризираат со sDrive погон на задните тркала. Но, во зависност од концептот на возилото, може да се употреби и sDrive со погон на предните тркала. Предниот погон sDrive на BMW Серија 2 Gran Tourer е решение за штедење простор во возилата со компактни димензии, но со многу простор во внатрешноста и, истовремено, нудат карактеристична динамика и агилност за BMW.  

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer  преку филм

ВРВНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer преку филм.

ВРВНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Откријте го BMW Серија 2 Gran Tourer преку филм.

ДИНАМИЧКИ ПОГОНСКИ СИСТЕМ.

Динамичкиот погонски систем BMW Серија 2 Gran Tourer ги комбинира одличните перформанси со извонредната ефикасност. BMW TwinPower турбо бензинските и дизел моторите како и 6-степениот и 8-степениот Steptronic пренос со оптимизирана градација помеѓу степените на пренос помагаат во испораката на максималната снага, подобрена реакција и ниски емисии како и непречено возење.

  • BMW TwinPower турбо технологија

    Благодарение на BMW TwinPower турбо технологијата, иновативната нова генерација на BMW бензински и дизел мотори од палетата на BMW EfficientDynamics, дури и на ниски вртежи може да испорачаат агилни перформанси и одлична брза реакција, а сето тоа со извонредна ниска потрошувачка на гориво и ниски емисии. Зголемената ефикасност и оптималната динамика гарантираат поинтензивно задоволство при возењето.

  • 6-степен Steptronic пренос

    6-степениот Steptronic пренос ги олеснува промените на брзините и го прави возењето значително поудобно со подобрување на реакцијата при промената на преносот. Тоа се постигува благодарение на оптимизираната хидраулична контрола која ја соединува неверојатната удобност со динамиката при возење и намалената потрошувачка на гориво.

  • 8-степен Steptronic пренос

    8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди во областа на удобност и динамични перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics филозофијата. Необично малите растојание помеѓу степените на пренос осигуруваат испорака на снага при сите брзини. Тоа значително ја намалува потрошувачката додека му овозможува на возачот да ужива во спортските и динамични перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при поголемите брзини, што за возврат ја намалуваат потрошувачката на гориво и бучавата на моторот Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Брзите промени на вртежите на моторот и прецизниот пренос гарантираат неверојатно лесно менување.
    Интегрираните функции како што се интелигентниот погонски склоп, постојаното следење на движењето на возилото и сообраќајната ситуација значително влијаат врз начинот на којшто менувачот ги префрла степените на пренос. Без разлика на тековниот режим на возење, системот секогаш ќе ја селектира најсоодветната брзина.  

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Да се намали потрошувачката на гориво и да се зголеми задоволството при возење: благодарение на интелигентното управување со енергија од BMW EfficientDynamics технологијата, во BMW Серија 2 Gran Tourer секоја капка гориво се искористува поефикасно. Резултат е многу подобри перформанси, поголема ефикасност и поголемо задоволство при возењето.

  • ECO PRO режим

    Според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво, ECO PRO режимот им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво до 20 проценти, во зависност од стилот на возење. Функцијата на празен од и ECO PRO рутата овозможуваат намалување на потрошувачката за уште 5 проценти.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп го исклучува моторот кога возилото привремено ќе се запре (на пример, на семафор или во сообраќаен метеж) за дополнително да ја намали потрошувачката на гориво. Кога возачот ќе притисне на педалот од спојката (рачен пренос) или ќе ја отстрани ногата од педалот на сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува во дел од секундата.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената кинетичка енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија.
    Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Интелигентното управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

  • Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

    Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено во урбани средини, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Компаративните тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.

АЕРОДИНАМИКА.

Благодарение на аеродинамичните мерки, секое BMW возило има извонредно мали вредноста на отпор на воздухот. Тоа има позитивно влијание врз ефикасноста и стабилноста при возење како и намалување на бучавата во внатрешноста на возилото. Тоа е постигнато со софистицираните решенија како што се вентилациските отвори, рамното подвозје на возилото, воздушните перки на задниот дел и воздушната завеса на предниот браник.

  • Воздушна завеса

    Предниот дел со вградена воздушна завеса е дизајн кој ја отелотворува BMW EfficientDynamics филозофијата. Воздушната завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи и поминува покрај предните калници, па забрзаниот проток на воздух создава еден вид на завеса на надворешната страна од тркалата. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува.  

  • Воздушни перки

    Воздушните перки се продолжувања на горните столбови од каросеријата од страните на задниот дел од возилото. Нивната улога е да се запре воздушната струја и да се намали турбуленцијата зад возилото. Резултатот е намален отпор на воздухот, а со тоа и потрошувачката на гориво и CO2 емисиите. Воздушните перки, исто така, му даваат на задниот дел од возилото поголем спортски изглед.

АГИЛНОСТ И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Агилност и удобност при возење

АГИЛНОСТ И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Агилноста во градскиот сообраќај или релаксација на долгите патувања: BMW Серија 2 Gran Tourer совршено се адаптира на сите услови на патот и во секој момент обезбедува најголемо задоволство при возењето.
Останете на вистинскиот пат благодарение на електромеханичкиот серво управувач кој испорачува директна реакција при управување и, исто така, ја зголемува агилноста и удобноста при возење. Совршено приспособениот концепт на возење кој импресионира со прецизност, директен одговор и со намалено физичко напрегнување при паркирање.
Варијабилното спортско управување со Servotronic системот обезбедува директна и брза реакција и помага да се минимизира физичкиот напор при вртење на управувачот. Системот реагира на аголот на управувачот со променлив однос на управување. Со ова се подобрува управувањето во текот на спортскиот начин на возење и удобноста во текот на паркирање или вртење.