ЕНЕРГЕТСКА БОМБА.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Благодарение на BMW TwinPower технологијата, иновативната нова генерација на BMW бензински и дизел мотори од палетата на BMW EfficientDynamics мотор овозможуваат агилни перформанси и одлична реакција, дури и на ниски вртежи, а истовремено се многу ефикасни и со ниски емисии. Зголемената ефикасност и оптималната динамика гарантираат интензивно задоволство при возење.

BMW Twinpower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 220i
    Цилиндри/вентили
    4/4
    Капацитет во ccm
    1,998
    Клип/цилиндар во mm
    94.6/82.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    141 (192)/5,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    280/1,250
    Размер на компресија:1
    11.0
  • BMW 218i
    Цилиндри/вентили
    3/4
    Капацитет во ccm
    1,499
    Клип/цилиндар во mm
    94.6/82.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    100 (136)/4,400
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    220/1,250
    Размер на компресија:1
    11.0
BMW Twinpower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • BMW 220d xDrive
    Цилиндри/вентили
    4/4
    Капацитет во ccm
    1,995
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    140 (190)/4,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    400/1,750
    Размер на компресија:1
    16.5
  • BMW 218d
    Цилиндри/вентили
    4/4
    Капацитет во ccm
    1,995
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    110 (150)/4,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    330/1,750
    Размер на компресија:1
    16.5
  • BMW 216d
    Цилиндри/вентили
    3/4
    Капацитет во ccm
    1,496
    Клип/цилиндар во mm
    90.0/84.0
    Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин
    85 (116)/4,000
    Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин
    270/1,750
    Размер на компресија:1
    16.5