НОВИ СТАНДАРДИ ЗА НОВИ МОЖНОСТИ.

BMW финансиски услуги за BMW Серија 2 Gran Tourer.

Благодарение на флексибилноста на BMW финансиските услуги, не е проблем да дојдете до Вашето возило од соништата. Без оглед дали се работи за лизинг понуда или финансиски договор – програмот Flexibility од понудата на BMW финансиски услуги овозможува индивидуално приспособени решенија кои одговараат на Вашите индивидуални потреби. Тоа значи дека може да се концентрирате на поважни работи, како што е уживање при возењето.

BMW лизинг и BMW кредит

BMW ЛИЗИНГ И BMW КРЕДИТ.

BMW финансиските услуги овозможуваат флексибилен лизинг и можности на финансирање на Вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer со што може да Ви се исполни желбата за возило. Без оглед за која опција ќе се решите, двете решенија се добра основа за сите други компоненти на флексибилната програма на BMW финансиските услуги.
Вашиот BMW застапник ќе Ви помогне да пронајдете понуда која е скроена за да одговара на Вашите потреби.

BMW CARE.

BMW Care

BMW CARE.

BMW Care Ви овозможува да го проширите лизингот или договорот за финансирање за Вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer за да се вклучи осигурување или пакет услуги.
Ако изберете пакет осигурување, ќе уживате во погодностите на основната понуда и сеопфатното покривање.
Ако изберете BMW пакет услуги, може да обезбедите за Вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer голем избор на погодности за фиксен период или врз основа на поминати километри – и, оваа понуда е валидна во целиот свет, нуди максимален квалитет на услуга од BMW сервисните специјалисти и гарантира употреба на оригинални BMW делови.
Од Вашиот BMW застапник може да добиете и индивидуална понуда.

BMW Cover

BMW COVER.

Не можете да се решите помеѓу пакетот на осигурување и пакет услуги? Едноставно изберете BMW Cover кој овозможува сеопфатно осигурување и услуги од врвен квалитет кои ги исполнуваат сите потреби за Вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer.
Понудата скроена според Вашите потреби е достапна кај Вашиот BMW овластен застапник.

BMW COMFORT.

BMW Comfort

BMW COMFORT.

BMW Cofmort е атрактивна целокупна понуда која го проширува договорот за финансирање или лизинг за Вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer за да се опфати пакети услуги за возилото, осигурување или услуги за мобилност.
Контактирајте го Вашиот BMW овластен застапник за повеќе информации и индивидуална понуда.

Вклучен BMW сервис

ВКЛУЧЕН BMW СЕРВИС.

Со вклучен BMW сервис, клиентите може да изберат специфициран период на покривање, без да се грижат за акумулирање на трошоци за редовен сервис и одржување.
Овие услуги, вклучувајќи оригинални BMW делови се опфатени во понудата на вклучен BMW сервис. Оваа опција е достапна во целиот свет во сите сервиси кои се делови од мрежата и овластените BMW сервисни партнери. И во случај ако BMW возилото се продаде, пакетот на вклучен BMW сервис автоматски поминува на наредниот сопственик, со што се зголемува продажната вредност на возилото. Купувачите може да изберат BMW сервисен пакет што одговара на нивните лични потреби. Ова опфаќа: редовни сервиси како промена на масло и дополнување, сервисирање и промена на микрофилтери, филтри за гориво, филтри за воздух и свеќички, промена на течноста на сопирачката, проверка на автомобилот и други дополнителни сервиси во согласност со BMW стандардите.
Кога купувачите ќе го изберат вклучен BMW сервисен пакет плус, на располагање имаат дополнителни BMW сервиси: замена на предните и задните плочки/дискови на сопирачката, спојка (кога е потребно) или бришачи за ветробранското стакло (кога е потребно, во рамките на промена на маслото). Сервисниот пакет е достапен со период на покриеност од три до десет години или врз основа на помината километража од 40.000 до 200.000 км.