Линии и опрема за BMW Серија 2 Gran Tourer

СОВРШЕНА ИНТЕРАКЦИЈА.

Линии и опрема за BMW Серија 2 Gran Tourer.

СОВРШЕНА ИНТЕРАКЦИЈА.

Линии и опрема за BMW Серија 2 Gran Tourer.

Зголемете ја елеганцијата и спортскиот карактер на вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer – со линиите Luxury, Sport или М Спорт. Достапни се и други варијанти на опрема и оригинални BMW додатоци.  

СОВРШЕНА ИНТЕРАКЦИЈА.Линии и опрема за BMW Серија 2 Gran Tourer.

Зголемете ја елеганцијата и спортскиот карактер на вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer – со линиите Luxury, Sport или М Спорт. Достапни се и други варијанти на опрема и оригинални BMW додатоци.  

LUXURY LINE.

Од надворешна страна, префинетите хромирани елементи веднаш го привлекуваат погледот. Во внатрешноста, изборот на квалитетни кожни тапацири и декоративни лајсни од чисто дрво помагаат да се создаде еден врвен изглед и чувство: Luxury Line за BMW Серија 2 Gran Tourer.

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со дванаесет ексклузивно дизајнирани хромирани вертикални лајсни со висок сјај
    • Преден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 481, достапни и други типови тркала
    • „Luxury Line“ лого од страните на возилото
    • Рамки на страничните прозорци и вдлабнатини во прозорците во анодизиран алуминиум, базата и подножјето на ретровизорите во мат црна боја
    • Заден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај  

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, преден дел, со „BMW“ натпис
    • Кожни седишта „Dakota“ во црна боја со ексклузивно перфорирана површина, достапен и друг вид тапацир
    • Кожен спортски управувач со мултифункционални копчиња
    • Клуч со хромирани детали
    • Декоративни внатрешни лајсни од чисто дрво „Fineline“ Stream со акцент во хромирана бисерна боја, како алтернатива внатрешни декоративни лајсни од чисто дрво „Fineline“ Shore со хромиран бисерен акцент, достапни и други украсни лајсни
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка (да одговара на бојата на тапацирот)  

SPORT LINE.

Без оглед на тоа дали се оди на долго патување за на одмор или на кратко растојание за секојдневните активности - BMW Серија 2 Gran Tourer секогаш е во врвна форма и со привлечен изглед. Особено кога е опремен со ексклузивни тркала од лесни легури, динамично акцентирани детали, спортски седишта и многу други елементи на Sport линијата.  

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со десет ексклузивно дизајнирани вертикални лајсни со преден дел во црна боја со висок сјај
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со ѕвездести краци тип 379, достапни и други типови тркала
    • „Sport Line“ лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија, како алтернатива во црна боја
    • Заден браник со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај  

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, преден дел, со „BMW“ натпис
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во платно „Race“ антрацит со сив акцент, достапен и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • Клуч со хромирани детали
    • Алуминиумски декоративни внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент во бисерна хромирана боја, достапни и други украсни лајсни
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка (да одговара на бојата на тапацирот)  

М СПОРТ ПАКЕТ.

М тркала од лесни легури со врвен квалитет, ексклузивна боја на каросерија и многу суптилни спортски елементи во внатрешноста: М Спорт пакетот го комбинира стилот со атлетскиот дух на еден врвен динамичен начин.  

  • Надворешност

    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамка на калникот и металик темен Shadow додаток на дифузорот на задниот браник
    • BMW полукружна маска со десет ексклузивно дизајнирани вертикални лајсни со преден дел во црна боја со висок сјај
    • Светла за магла
    • 17-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 483 М, како алтернатиива 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 486 М
    • М Спорт потпирање, спуштено, како алтернатива стандардна опрема
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line со висок сјај
    • М лого од страните на возилото
    • Каросерија во ексклузивна сина металик боја „Estoril“, достапни се и други бои на каросерија

  • Внатрешност

    • М газиште на праговите напред, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно „Hexagon“ /алкантара антрацит, како алтернатива спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во црна кожа „Dakota“ со перфорирана површина и сини акценти, достапни и друг вид тапацир
    • М кожен спортски управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Инструмент табла и централна конзола со контрастна опшивка
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Клуч со ексклузивно М лого

ПАКЕТИ.

Пакети

ПАКЕТИ.

BMW пакети опрема се првиот избор кога зборуваме за дополнителна опрема за вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer. Прашајте кај вашиот дистрибутер на BMW возила кои пакети се достапни во вашата земја или во конфигураторот на возилото на националната/регионалната BMW веб страница.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ

Оригиналните BMW додатоци ви помагаат да ја истакнете спортската елеганција на вашиот BMW Серија 2 Gran Tourer и да ја подобрите неговата секојдневна функционалност. Имате избор на практични производи со висок квалитет.

  • Транспорт

    Висококвалитетните 19-инчни тркала од лесни легури со две бои железна и сива се полирани и имаат впечатлив, спортски изглед. Комплет тркала со ран-флет гуми, тркало со димензии 8J x 19 со гуми димензии 225/40 R19 89W RSC.
    Покривниот носач за монтирање без алат може да се употреби со сите BMW системи на носачи и покривни багажници. Тој лесно се поставува и е усогласен со највисоките стандарди во поглед на квалитетот и безбедноста.
    Екстремно стабилниот држач за велосипеди овозможува безбеден транспорт на тркачки, градски, детски или теренски велосипеди со тежина до 22.5 кг.
    Модерниот покривен багажник во црна боја и антрацит има капацитет од 460 литри и е компатибилен со сите BMW покривни системи.
    Црно/сино детско седиште (Baby Seat Group 0+) со патентирани воздушни перничиња за деца под 13 кг. (приближна возраст 15 месеци) може да се монтира преку ISOFIX базата која се нарачува дополнително или со сигурносниот појас.
    Заедно со ISOFIX базата, BMW детско седиште група 1 во црно/сина боја е безбеден избор за деца на возраст од 12 месеци до 4 години (приближно 9-18 кг). Вклучува воздушни перничиња за поголема заштита при странични удари.
    Ова седиште во црно/сина боја „расте“ како што расте детето и може да се користи долго време, за деца на возраст од три до дванаесет години (приближно 15-36 кг). Со прилагодлив наслон на седиштето и воздушни перничиња околу главата за оптимална заштита од странични удари.
    Двете седишта Baby Seat Group 0+ и BMW детско седиште група 1 може безбедно да се монтираат со ISOFIX базата (дополнително се порачува). Со ISOFIX куки и потпорен дел.

  • Додатоци за надворешноста и внатрешноста

    17-инчните тркала од лесни легури со висок квалитет во две бои Orbit сива се полирани и на нив може да се постават синџири за снег. Нивниот изглед со две нијанси на бои ја нагласува динамичната природа на возилото. Зимски комплет, со тркала димензии 7J x 17 и гуми димензии 195/55 R17 88H.

    Газиштата на праговите со осветлен знак „BMW“ автоматски емитуваат блага светлина кога се отвораат вратите. Нивните батерии за LED осветлување имаат рок на траење до три години. Менувањето батерии е лесно како и инсталирањето на газиштата на праговите.

    Футролата за клуч е направена од кожа со висок квалитет и има метална рамка која е цврсто закачена за клучот. Футролата го штити клучот од гребнатини, нечистотија и влага, го спречува случајното притискање на копчињата и има црна боја која совршено ја надополнува BMW внатрешноста.

    Идеално за патување со деца. Торбата во црна/беж боја е закачена на задниот дел од предното седиште. Со разни внатрешни џебови кои се затвораат и преграда за шишиња која има изолација, таа нуди голем простор за складирање секакви предмети. Лесна е за носење и склопување.  

  • Заштита на возилото

    Совршено поставени и отпорни, елегантно дизајнирани патосници со испакнати рабови го штитат просторот за нозе од нечистотија и влага и ги чуваат нозете суви. Со нивната црна површина и беж рабови, тие совршено со вклопуваат во внатрешноста.
    Цврстите завесички на задните калници го штитат вашето возило, како и возилото што се движи зад вас, од нечистотии и каменчиња на патот. Завесичките совршено го надополнуваат дизајнот на возилото.