БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

Услуги и апликации во BMW Серија 2 Gran Tourer.

Комуникации, информации и забава – почувствувајте ја мобилноста на целосно нов начин со услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик за итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку се случила незгода со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси (на пример), системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

Како функционира Интелигентниот повик за итен случај.

Погледнете го филмот за оваа карактеристика.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услугите се основа за функциите BMW ConnectedDrive кои му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа BMW Online, со што се обезбедува пристап до тековната локација врз база на информација за локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн пребарување овозможено од GoogleTM и практични функции на подвижна канцеларија . Во менито со апликации, исто така, може да се состави индивидуализирана палета услуги како што се веб камери, информации за цената на горивото, паркинг информации и водичи за патувања и хотели.
Вклучен е и едноставен, безбеден и неограничен пристап до избраните апликации на смарт телефонот. ConnectedDrive услугите, исто така, овозможуваат пристап до BMW ConnectedDrive продавницата каде може да нарачате или да продолжите услуги и апликации во кое било време или место, според индивидуалните потреби. ConnectedDrive услугите нудат многу повеќе слични опции и го прават секое патување во BMW вистинско доживување.

Како функционираат ConnectedDrive услугите.

Погледни филм за оваа карактеристика.

MY KIDIO АПЛИКАЦИЈА.

MyKidio апликацијата развиена од страна на Deutsche Telekom и TV Spielfilm нуди единствено решение на забава во возилото за Вашето семејство и деца, која е базирана на персоналните крајни уреди на корисникот наместо трајно инсталираната опрема: таблети и смарт телефони.
Кога оваа апликација е инсталирана на крајниот уред, родителите и децата избираат самите од изборот на содржини соодветни за возраста: квалитетни филмови, аудио книги, документарни филмови или возбудливи телевизиски емисии. Преку iDrive Controller и контролниот дисплеј, родителите имаат можност за постојана контрола на содржините достапни за нивните деца.
Системот им овозможува надзор на изведуваниот вид содржини на контролниот дисплеј, да изберат нова содржина и да ја прекинат репродукцијата. Функцијата Kids’ Cockpit ја прикажува моменталната брзина, предвиденото време на пристигнување и слични информации.
Програмата се извлекува од големата база на податоци и се презентира на децата на задните седишта преку iPad-и, кои може да се постават на потпирачите за глава од предните седишта со помош на Travel & Comfort системот од понудата на оригинални BMW додатоци. Кога myKidio каналот е вклучен, постојано се вчитуваат нови содржини во заднината, така што децата ќе имаат доволно забава во текот на патувањето.  

Апликација Audible

АПЛИКАЦИЈА AUDIBLE.

Немате време за читање? Аудио книгите се решение кое секој ден привлекува сè повеќе обожаватели, меѓу останатото бидејќи овозможуваат на возачот да ужива во литературата додека е во автомобилот. Во апликацијата Audible за iPhone (достапна со плаќање), за преземање Ви се достапни повеќе од 150.000 аудио книги.
Audible нуди одлична прилика на најдобар начин да се искористи секое патување за уживање во добра книга. На долгите патувања, детските книги ќе ги забавуваат Вашите најмлади, а за возрасните книгите претставуваат убава промена наместо слушање музика.
За да се користи оваа сертификувана опција ,, BMW Apps ready" во BMW возилото, само преземете ја апликацијата од App Store, поврзете го смарт телефонот со USB или snap-in адаптер и стартувајте ја апликацијата. Сите апликациски функции веднаш може да се управуваат удобно и сигурно преку iDrive Controller и контролниот дисплеј, а аудио книгите се репродуцираат преку аудио системот на возилото.

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Секој кој некогаш сакал да знае какво е чувството да се има личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугите од BMW ConnectedDrive. Со притискање копче возачот е поврзан со агентот од кол-центарот на BMW коj има улога на ,,личeн асистент”.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок.
Консиерж услугата е достапна само во комбинација со ConnectedDrive услугите.

Како функционира консиерж услугата.

Погледнете го филмот за оваа карактеристика.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично веднаш, за состојбата во сообраќајот на автопатите, регионалните патишта и на многуте рути низ градот. Интелигентите совети за алтернативни рути му помагаат на возачот да дојде до својата дестинација што е можно побрзо. Податоците се влечат од такви извори како анонимни профили на движење од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања, и ги земаат предвид утврдените сообраќајни шеми, како на пример времето на најголемиот сообраќаен метеж .
Сообраќајните информации јасно се претставуваат благодарение на прикажувањето во боја на патиштата означени со зелена, жолта, портокалова и црвена боја.

Како функционира услугата Сообраќајни информации во реално време.

Погледнете го филмот за оваа карактеристика.

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Далечински услуги

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Со далечинските услуги и бесплатната апликација My BMW Remote (достапна во Apple App Store и Google Play продавницата), од далечина може да се управуваат различните функции поврзани со возилото, како што се заклучување и отклучување на возилото. Исто така, адресите на дестинациите може директно да се пренесат со употреба на Google™ пребарувачката машина во навигацискиот систем, доколку е достапен. Исто така, може да се прикаже и локацијата на возилото. За да се користи оваа карактеристика, клиентите едноставно треба да ги активираат далечинските услуги во ,,My BMW ConnectedDrive” корисничкиот портал на www.bmw-connecteddrive.com.