Дизајнот на BMW Серија 3 Gran Turismo

ПРОСТОР: ВОЗБУДЛИВ. ФОРМА: СОВРШЕНА.

Дизајнот на BMW Серија 3 Gran Turismo.

ПРОСТОР: ВОЗБУДЛИВ. ФОРМА: СОВРШЕНА.

Дизајнот на BMW Серија 3 Gran Turismo.

ПРОСТОР: ВОЗБУДЛИВ. ФОРМА: СОВРШЕНА.Дизајнот на BMW Серија 3 Gran Turismo.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Надворешноста на BMW Серија 3 Gran Turismo ги обединува динамичните линии со елеганција на едно купе на фасцинантен начин. Ова возило е отелотворение на уникатна хармонија на форма и простор и создава целосно автономна естетика која не се споредува со другите.
Вклопена во прецизно обликуван преден дел, широката, речиси тродимензионална полукружна маска го нагласува посебниот карактер на BMW Серија 3 Gran Turismo дури и кога се гледа од страна. Благодарение на карактеристичните хромирани рамки, полукружната маска се чини дека се стопува со двојните кружни предни светла. Силуетата елегантно е издолжена со долги линии. Растечката прогресија создава неодолива динамика и непречено продолжува се до задниот дел. Благо навалена линија на покривот е карактеристика на класично купе и го зголемува просторот во внатрешноста.

  • Спортски и елегантен

    Задниот дел на BMW Серија 3 Gran Turismo, со проширените задни светла во типична L-форма, е показател за тоа колку е голем капацитетот на багажникот и еден пример на висока функционалност на целото возило. Покрај тоа, широкиот дизајн на возилото дава поголема стабилност на улиците – возило кое без напор комбинира спортски карактер со стилска елеганција.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН.

  

 

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Добредојдовте во возилото: внатрешноста на BMW Серија 3 Gran Turismo создава впечаток на изобилство и удобност. Естетиката и функционалноста оформуваат импресивна целина и го канат набљудувачот да биде дел од сцената. Со атрактивна просторност и издигнати седишта, едно релаксирано и удобно опкружување едноставно е неизбежно.
Светлиот и елегантен дизајн на инструмент таблата создава една структура и оптичка хармонија во внатрешноста со типичните BMW хоризонтални линии. Сите важни функции се ергономнично поставени и може интуитивно да се користат. Тркалезните инструменти се во видното поле на возачот, централната конзола и самостојниот централен дисплеј се ориентирани кон него. Пред рачката на менувачот се наоѓа практична преграда за складирање или два држача за чаши, според ваша желба. И има уште повеќе простор – за шишиња вода со капацитет од 1 литар или за други помали предмети – во џебовите за складирање во предните врати.

  • Просторност

    Задниот дел може да прими три возрасни лица во еден ексклузивен и релаксиран комфор. Долго меѓуоскино растојание значи простор за нозете сличен на оној во луксузните возила, додека удобните задни сдишта исто така им овозможува на патниците доволно широчина. Прилагодливите наслони на задните седишта создаваат чувство на максимална релаксираност, додека товарната функција го зголемува 520 литарскиот багажен простор и за 33 литри повеќе. Со преклопување на наслоните од задните седишта во сооднос 40:20:40 се добива уште 1.600 литри, доколку е потребно. BMW Серија 3 Gran Turismo не само што ве поканува да одите некаде на пат – со толку многу простор ви гарантира дека ќе уживате.

УДОБЕН ДИЗАЈН.

 

 

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН БАГАЖЕН ПРОСТОР.

Без оглед на тоа дали одите на море, на пазарување за викенд или на големо патување за годишен одмор: што и да имате планирано, BMW Серија 3 Gran Turismo ќе обезбеди да бидете добро подготвени. Неговиот интелигентен концепт на багажен простор е толку флексибилен што нуди совршено решение за секоја ситуација.
Карго функцијата ви овозможува да ги преклопите наслоните на задните седишта во делови и да го зголемите багажниот простор за 33 литри. Со преклопување на седиштата во сооднос 40:20:40 се зголемува капацитетот до 1.600 литри багажен простор. Ова може да се направи рачно или преку рачката на клучот со далечинско со опционалниот комфор пакет. Со тоа можете да бидете сигурни дека секогаш ќе бидете подготвени за секоја ситуација според вашите специфични потреби.

  • Флексибилен комфор

    Опционално достапниот пакет Comfort Access го олеснува товарењето на возилото. Во овој пакет е вклучено и бесконтактното отворање на вратата од багажникот: само поставете го стапалото под задниот браник и багажникот сам се отвора. Ова е особено практично кога ви се полни рацете. Сега веќе не треба да го спуштате багажот за да ја отворите вратата од багажникот. Дводелната полица за лесни предмети има повеќе предности: кога е отворена вратата од багажникот, дел од неа останува на место и може да се користи како преграда за складирање. Кога е потребно, целата полица може да се отстрани и лесно да се спакува во багажникот, со што може да се искористи целата висина на багажникот и лесно да се наместат поголемите предмети.

Комфор

КОМФОР.

Високо ниво на комфор и панорамски поглед од секое седиште: впечатлив простор во BMW Серија 3 Gran Turismo дава поголема слобода на движење. Возачот, патникот на предното седиште и патниците на задните седишта сите имаат придобивки од великодушно дизајнираната внатрешност и издигнатите седишта. Покрај високиот квалитет на материјалите и врвната изработка, достапен ви е голем простор кој ви гарантира комфор и задоволство при возење на долги патувања. Има доволно простор за нозете и главата како во предниот така и во задниот дел од возилото. Долгото задно седиште удобно може да прими три возрасни лица. Во центарот на ова салонско опкружување со врати без рамки, патниците може да уживаат во специјалниот поглед. И имате пристап кон најважните работи за вашето патување – како шишиња вода – во преградите за складирање на вратите.