ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive системи за помош при возење во BMW Серија 3 Gran Turismo.

Бројните иновативни технологии Ви помагаат на различни начини и го гарантираат највисокото ниво на удобност и безбедност. Така може да се фокусирате на важните работи во животот – безгрижно и удобно возење.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со лесно градско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на лесно градско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW возилото веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Системот функционира во чекори. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша звучен сигнал и на крај системот самиот почнува лесно да сопира (при брзини до 60 км/час).
При брзини од приближно 10 и 60 км/час, Предупредувањето за лица емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Доколку системот треба да интервенира, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција. Во случај на опасност, системот ги активира сопирачките. Оваа функција може да биде ограничена поради темнина и магла.

СИСТЕМИ НА КАМЕРА.

PDC систем (помош при паркирање), Систем за поглед на околината (Surround View), задна камера: Уживајте во јасен поглед на областа околу возилото при паркирање.
PDC на предниот и задниот дел од возилото Ви овозможуваат да паркирате безбедно и удобно, благодарение на оптичките и звучните сигнали.
Погледот на околината го прикажува возилото на контролниот дисплеј со проектирање одозгора. Системот за страничен поглед гарантира подобар поглед кога видливоста на патот е слаба.
Задната камера обезбедува поддршка кога се паркирате наназад при брзини помали од 20 км/час.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори додека возилото поминува крај нив со мала брзина (под 35 км/час) на максимално растојание од 1.5 метри од редот на паркирани возила.
Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали.
При паркирање без системот за помош при паркирање, помошта при латерално паркирање користи дополнителни сензори за да ја следи површината покрај автомобилот и прикажува пречки на контролниот дисплеј. На тој начин возачот може да се релаксира и да ужива во поголема безбедност при паркирање.

АКТИВЕН ТЕМПОМАТ(КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА) СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

Активниот темпомат со стоп/старт функција вклучувајќи контрола на приоѓање со радар и функција на сопирање Ви овозможува поголема удобност, поголема безбедност и ефективна поддршка во секој поглед.
Радарските сензори постојано го скенираат патот пред Вас, приспособувајќи ја брзината и одржувајќи го растојанието од возилото пред Вашето. Кога патот пред Вас ќе се ослободи, системот автоматски забрзува. Благодарение на предупредувањето за контролата на приближување, може да уживате во безбедно возење во која било ситуација, дури и кога темпоматот не е моментално активиран. Доколку возилото нагло запре, системот прво ќе Ве предупреди со оптички, а потоа со звучен сигнал. Доколку не реагирате со сопирање, Вашето BMW ќе реагира и ќе запре наместо Вас.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

Сите информации во Вашето видно поле.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е моменталната брзина -во зависност од опремата- инструкциите од навигацискиот систем, информациите за ограничување на брзината вклучувајќи го индикаторот за забрана за претекнување, телефонските листи и листите со забава се прикажуваат заедно со информациите и предупредувањата од другите системи за помош при возење.

Висока резолуција.

Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа приближно 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат и без одземање на вниманието. Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен ноќен и дневен дисплеј, а висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере, покрај моменталната брзина и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНДИКАТОР НА ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.

Безбедност на прво место: Информациите за ограничувањето на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување Ве информираат за максимално дозволената брзина како и забраните за претекнување.
Камерата интегрирана во ретровизорот ги регистрира сообраќајните знаци. Контролната единица потоа ја процесира оваа информација заедно со податоците од навигацискиот систем. Другите компоненти во возилото, како сензорот за дожд, исто така, може да се користат, и системот може да Ве информира за варијабилните ограничувања на брзината- како тие кои се применуваат во текот на влажни услови или во одредени периоди во текот на денот.

Активна заштита

АКТИВНА ЗАШТИТА.

Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа приближно 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат и без одземање на вниманието. Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен ноќен и дневен дисплеј, а висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере, покрај моменталната брзина и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат.
Откако ќе се прицврстат сигурносните појаси на предните седишта, тие автоматски се затегнуваат кога возилото ќе почне да се движи. Доколку дојде до критична ситуација на патот, сигурносните појаси на предните седишта реверзибилно се затегнуваат, доколку е потребно, и страничните прозорци се затвораат, а и лизгачкиот покрив, доколку има. Критичната ситуација може да опфати итно запирање спроведено од возачот или, доколку автомобилот покаже недоволно вртење или нагло свртување.
Кога возилото е опремено со предупредување за приближување или предупредување за приближување со функција на сопирање, потенцијалните судири со подвижни или статични возила пред Вашето може однапред да се препознаат (во рамките на ограничувањата на системот).
Во определени незгоди, системот може целосно да го запре возилото без интервенирање на возачот. Овој систем помага при намалување на веројатноста од судир и минимизирање на штетата.
Освен тоа, Помошта за внимателност го следи однесувањето на возачот за знаци на умор. Овој систем го анализира вртењето на управувачот и реагира на необичното однесување при возење со прикажување порака на контролниот дисплеј и му предлага на возачот да направи пауза.