ИМПРЕСИВЕН СПОРТСКИ ДУХ НА ТОЛКУ МНОГУ НАЧИНИ.

Динамиката при возење на BMW Серија 3 Gran Turismo.

Со опционалната опрема како адаптивното М потпирање, Sport режимот и варијабилното спортско управување може да го направите Вашиот BMW Серија 3 Gran Turismo уште поспортски и поагилен. Активниот заден спојлер ја користи воздушната струја за да се минимизира подигнувањето на каросеријата и да ја зголеми ефикасноста и динамиката.

SPORT РЕЖИМ.

Поставка: со контролата на доживувањето при возење поставено во Sport режимот, моторот и динамиката при возење на Вашиот BMW Серија 3 Gran Turismo реагира подиректно и овозможува подобрен спортски стил на возење.
Sport режимот се активира преку контролата на доживувањето при возење, која се наоѓа на централната конзола. Преку однапред дефинирано приспособување и во согласност со избраната опрема, резултира со значително поголемо динамично приспособување на погонскиот склоп и потпирање, во споредба со стандардното поставување. Моторот поспонтано реагира. Во комбинација со Steptronic преносот, промените на степенот на пренос добиваат поспортски карактер.
Во комбинација со адаптивното М потпирање, шасијата добива подинамично приспособување. Доколку се избере варијабилното спортско управување, помошта од серво управувањето е намалена за подиректно чувство на контрола врз возилото.

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Variable sport steering

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Варијабилното спортско управување поттикнува директниот стил на возење и вклучува Servotronic за зголемена агилност и полесно паркирање.
Варијабилното спортско управување функционира независно од Вашата моментална брзина, менувајќи го односот на управување во согласност со аголот на управување. Системот вклучува Servotronic функција и го намалува потребното вртење на управувачот за да се скршне под посебно остар агол. Овој систем ја зголемува удобноста при паркирање и маневрирање како и спортската агилност во остри свиоци и серпентини. При мали агли на управување, системот дава одлична стабилност за одржување правец и многу голем степен на прецизност на управување.

Активен заден спојлер

АКТИВЕН ЗАДЕН СПОЈЛЕР.

Активниот заден спојлер ја оптимизира воздушната струја на задниот дел од возилото за да се обезбеди добро прилепување и класична динамика при возење BMW возило. 
Задниот спојлер автоматски излегува при брзини преку 110 км/час, и ќе се вовлече кога брзината ќе се спушти под 70 км/час. Исто така, активниот заден спојлер може рачно да се контролира преку копчето на вратата на возачот (под електричните копчиња за контрола на прозорците).

АДАПТИВНО М ПОТПИРАЊЕ.

Adaptive M suspension

АДАПТИВНО М ПОТПИРАЊЕ.

Адаптивното М потпирање е поставено десет милиментри пониско и со тоа уште повеќе се зголемува целосниот динамички потенцијал на BMW Серија 3 возилото. Возачот може да ги приспособи карактеристиките на возење преку Контролата за доживување при возење, за да се овозможи начин на возење кој најмногу му одговара, од удобно возење до екстремно спортско возење. Без разлика кој режим ќе се избере, електрично контролираните амортизери на Адаптивното М потпирање за миг се приспособуваат за да одговараат на условите на патот. Системот користи бројни сензори кои ги мерат вибрациите на тркалата, како и брзината на возилото, за да се постигне оптимална амортизација и безбедност на возилото. 
За релаксирано возење предвиден е режимот COMFORT. Во режимот SPORT, потпирањето станува особено спортско со забележително потврди амортизери. За исклучително динамично возење, SPORT+ е најдобриот избор: ќе се активира DTC функцијата (Динамичка контрола на влечење), која овозможува поголемо пролизгување на погонските тркала за спортско возење за да се достигнат границите на динамиката на возилото. Сепак, DSC функцијата не е целосно исклучена, само интервенира подоцна, во рамките на границите на она што физички е возможно и безбедно, за да се стабилизира возилото.

BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.