МИНИМИЗИРАЊЕ ОТПОР. МАКСИМИЗИРАЊЕ ЕФИКАСНОСТ.

BMW EfficientDynamics во BMW Серија 3 Gran Turismo.

BMW Серија 3 Gran Turismo нуди сеопфатен пакет на BMW EfficientDynamics мерки и технологии, за поголемо задоволство при возење и пониски емисии.

ECO PRO РЕЖИМ.

Веднаш штом го вклучите ECO PRO режимот, сите приспособувања се насочени кон поголема ефикасност и во зависност од индивидуалниот стил на возење, ова резултира со намалување на потрошувачката на гориво до 20 проценти (според интерната BMW студија за потрошувачката на гориво.)
Овој режим ги оптимизира забрзувањето и преносот како и промените на степените на пренос и интелигентно го приспособува греењето/клима уредот. На контролниот дисплеј се прикажува кои EfficientDynamics технологии во моментот ја намалуваат потрошувачката на гориво. Исто така, ќе добиете ECO PRO совети кои се однесуваат на Вашата тековна ситуација во сообраќајот за да помогне за дополнително зголемување на ефикасноста.
Може да се заштедат уште 5% со употреба на дополнителната функција на крстарење (само со Steptronic преносот), помошта на препознавање пат и ECO PRO Route (само во Навигацискиот систем Professional) и активната контрола на брзината (темпомат) во ECO PRO режимот..

  • Празен од

    Функцијата на празен од претставува дел од ECO PRO режимот: доколку при брзини помеѓу 50-160 км/час возачот го отстрани стапалото од педалот за гас и не сопира, системот го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без моторна снага.

  • Помош за препознавање пат

    Системот за препознавање на патот, во соработка со навигацискиот систем Professional, претставува многу иновативен систем во склоп на ECO PRO режимот. Врз основа на навигациските податоци, системот регистрира свиоци, населени места, кружни текови, Т раскрсници, ограничување на брзината и излези од автопат и однапред Ви дава совети за да се намали брзината. Проактивниот систем за помош при возење, исто така, ефикасно ја контролира функцијата на празен од.

  • ECO PRO Route

    ECO PRO режимот, исто така, ја вклучува ECO PRO рутата која ја комбинира новата генерација на навигациски систем Professional за да се користат разните параметри како што е индивидуалниот начин на возење како и моменталната сообраќајна ситуација и условите на патот за да ја пресмета најефикасната рута.

  • Активен темпомат/контрола на брзината во ECO PRO режимот

    Активниот темпомат во ECO PRO режимот ја регулира брзината и сопирачките кога е потребно, сè до целосно запирање на возилото. Кога ситуацијата во сообраќајот ќе се нормализира, возилото ефикасно повторно ја враќа саканата брзина.

Аеродинамика

АЕРОДИНАМИКА.

Дизајнот на возилото систематски е насочен кон BMW EfficientDynamics филозофијата. Особено, аеродинамичниот оптимизиран преден браник и подвозјето импресионираат со нивните иновативни нови карактеристики кои го намалуваат отпорот и потрошувачката на гориво.
Предниот браник има впечатливо обележје на дизајнот што ја отелотворува филозофијата BMW EfficientDynamics. Интегрираната воздушна завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи. Забрзаниот проток на воздух создава еден вид на завеса на надворешната страна од тркалата. Понатаму, одводот за воздух ја насочува воздушната струја на предните тркала. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува. Рамното подвозје со заштита на просторот на моторот значително ја подобрува аеродинамиката на возилото.

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи.
Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
Информацискиот дисплеј прикажува дека функцијата е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне педалот од спојката (рачен пренос) или кога ќе го отстрани стапалото од педалот на сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува и Ви овозможува удобно да го продолжите патувањето.

  • Безбедност и удобност

    Вашата удобност и безбедност остануваат непроменети затоа што функцијата не е активирана ако моторот не ја постигнал оптималната работна температура, температурата во кабината не е на саканото ниво, напонот на акумулаторот е пренизок или го вртите управувачот. Доколку сакате, централната контролна единица го стартува моторот, дури и ако возилото стои во место (на пример, ако Вашето возило почне да се движи или прозорците се замаглат). Автоматската функција старт/стоп може во секое време да се исклучи со притискање на копче.

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија.
Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

8-степен steptronic пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic пренос и 8-степениот Steptronic Sport пренос овозможуваат многу побрзи промени на степенот на пренос, благодарение на фино приспособените односи на степени на пренос и кратките интервали на вртежи на моторот. На овој начин се овозможува комбинација на одлична удобност, динамика и ниска потрошувачка на гориво.
8-степениот Steptronic пренос гарантира лесни промени на степените на пренос и помала бучава при повисоки брзини, а исто така, и значително намалување на потрошувачката на гориво. Степените на пренос се фино приспособени и процесот на промени на степени на пренос е скоро незабележителен. Во исто време, моторот останува на оптималните вртежи што овозможува оптимално користење на неговата снага и ефикасноста. При големи брзини, дополнителните степени на пренос ги намалуваат вртежите на моторот што води кон намалување на потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.

  • Предиктивен погонски склоп

    Благодарение на 8-степениот Steptronic пренос од BMW EfficientDynamics, сега може активно да ги подобрите перформансите во возилото со новиот предиктивен погонски склоп преку Контролата на доживување при возење. Во ,Sport’ режимот, системот на управување со преносот користи податоци од навигацискиот систем за да испорача подинамична и поспонтана реакција, во согласност со карактеристиките на рутата која сте ја избрале. Како што и самото има сугерира, ,Comfort’ режимот нуди програм на промени на степенот на пренос ориентиран кон удобност кој вклучува помали промени на степените на пренос.

  • 8-степен Steptronic Sport пренос

    8-степениот Steptronic Sport пренос се адаптира за да соодветствува на индивидуалните стилови на возење: од удобно крстарење до многу динамично возење. Освен автоматското избирање брзини, во секое време може рачно да се менуваат степените на пренос, и ги менувате степените на пренос со скратената рачка од менувачот или преку двете копчиња на спортскиот управувач. Во SPORT режимот, промените на степените на пренос се конфигурирани за најдобри можни перформанси и оптимизирано забрзување. Функцијата на тргнување од место (Launch Control) обезбедува дополнителна динамика: оваа функција, инспирирана од мотоспортот, го регулира почетниот број вртежи и овозможува максимално забрзување при тргнување од место.Со 8-степениот Steptronic Sport пренос ќе постигнете врвна ефикасност и, истовремено ќе уживате во совршените промени на степените на пренос.