BMW линии и опрема за BMW Серија 3 Gran Turismo

МНОГУ ПРОСТОР ЗА КРЕАТИВНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ.

BMW линии и опрема за BMW Серија 3 Gran Turismo.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА КРЕАТИВНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ.

BMW линии и опрема за BMW Серија 3 Gran Turismo.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА КРЕАТИВНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ. BMW линии и опрема за BMW Серија 3 Gran Turismo.

BMW СЕРИЈА 3 GRAN TURISMO СО ЛИНИЈА SPORT.

BMW Серија 3 Gran Turismo со линија Sport ветува нескротлива динамика и поставува јасни визуелни акценти. Неговите впечатливи дизајнерски карактеристики во црна боја со висок сјај го нагласуваат неговиот спортски став.

  • Надворешност

    Осум лајсни на полукружната маска во црна боја со висок сјај создаваат исклучителен спортски ефект во предниот дел од возилото. Заокружена со рамка во хромирана боја, BMW полукружната маска се чини уште поголема. Во предниот дел кај браникот, црните отвори за воздух со алуминиумски обоени хоризонтални прачки го одразуваат динамичниот облик на предните светла и го нагласуваат силниот облик на калниците од тркалата.
    Во оваа точка, во зависност од моделот, 18 или 19-инчните тркала со двојни краци создаваат спортски впечаток – додека ја одржуваат визуелната леснотија. 18-инчните тркала од лесни легури се дизајнирани ексклузивно со двобоен желесно сив изглед.
    Дизајнот на BMW Серија 3 Gran Turismo со линија Sport пренесува атлетски дух од секоја перспектива. Кога се гледа од страна, надворешните ретровизори и рамките на прозорците, кои како опција се достапни во црна боја со висок сјај, дополнително го нагласуваат спортскиот изглед. Завршетокот на издувната цевка е дизајниран со црна хромирана боја, а карактеристичниот отвор за воздух од страната и Б столбовите се во црна боја со висок сјај.

  • Внатрешност

    Во внатрешноста, контрастите меѓу црната и црвената боја го изразуваат типичниот BMW атлетски дух: црвените контрастни прстени на округлите мерачи на инструмент таблата, вклучувајќи ги и спортските хроно скали, црвена контрастна опшивка на кожниот спортски управувач и основната декоративна лајсна во црна боја со висок сјај со корално црвени акценти. Како алтернатива достапна е лајсна со брусен алуминиум со корално црвена акцентна линија. Спортските седишта за возачот и патникот на предното седиште во антрацит „Track“ платно со црвени или сиви детали, црна „Dakota“ кожа со црвени детали или корално црвена „Dakota“ кожа со црни детали нудат цврста потпора за време на спортските маневри и при тешки свијоци.* Покрај тоа, прилагодливата амбиент светлина во портокалово/црвена или бела боја може да се менува со iDrive Touch контролата според вашите желби. Како карактеристична особина на линијата Sport, клучот на возилото има црвена декоративна лента. Овој пакет исто така вклучува нов режим на работа Sport+, на контролата на искуството во возењето.
    *Покрај наведената опрема, достапни се и други бои на тапацир и внатрешни декоративни лајсни.

     

BMW СЕРИЈА 3 GRAN TURISMO СО ЛИНИЈА LUXURY.

BMW Серија 3 Gran Turismo со линијата Luxury импресионира особено со својот класичен и елегантен дизајн. Дискретни и префинети дизајнерски елементи хромирани со висок сјај ја обединуваат ексклузивноста на внатрешноста со спортската агилност и се карактеристики на индивидуалните особини на линијата.

  • Надворешност

    BMW полукружната маска со единаесет хромирани лајсни со висок сјај создава сложен, но сепак впечатлив израз. Покрај маската се наоѓаат две благо изместени хромирани прачки во отворите за воздух на предниот браник, кои совршено се вклопуваат во целосната слика на линијата.
    Страничниот поглед на специјалните 18 или 19-инчни тркала од лесни легури со W краци ја нагласуваат елеганцијата на BMW Серија 3 Gran Turismo со линијата Luxury. Рамките на страничните прозорци се исто така хромирани.
    Една елегантна, хромирана линија со висок сјај се протега по задниот браник, додавајќи дополнителен стил на класичниот дизајн на линијата Luxury. Завршетокот на издувната цевка и отворот за воздух се хромирани со висок сјај.

  • Внатрешност

    Внатрешноста на линијата Luxury ги користи одбраните дизајнерски елементи за да создаде поголема ексклузивност – декоративни површини од чисто дрво во Fineline антрацит или орев со вметнати елементи, двете со акцентирани линии со висок сјај хромирани со бисерен сјај. Седишта во антрацит Move ткаенина или Saddle кафена Dakota кожа со ексклузивна опшивка (долниот дел од инструмент таблата исто така е во Saddle кафена боја) ја нагласуваат привлечната атмосфера на линијата Luxury.* Прилагодливото амбиент светло во портокалово/црвена или бела боја може да се регулира со iDrive Touch контролата според вашите барања. Има и ексклузивна хромирана лента која го врамува радиото и клима уредот.
    Како карактеристика на линијата Luxury, клучот на возилото има бисерно хромирана декоративна линија.
    *Покрај наведената опрема, достапни се и други бои на тапацир и внатрешни декоративни лајсни.

     

М СПОРТ ПАКЕТ.

Возбудливите линии на BMW Серија 3 Gran Turismo обезбедуваат возилото да остави впечаток уште од самиот почеток. Со М Спорт пакетот се добива уште подинамичен изглед.

  • Надворешност

    Оваа опција го вклучува аеродинамичниот М пакет: зголемени отвори за воздух во динамично дизајнираниот преден дел кои му овозможуваат на моторот да дише, страничните прагови имаат дополнителна контурна линија. Впечатлив завршеток на дифузорот во темна Shadow металик боја на крајот – и, во зависност од моторот – до две хромирани издувни цевки. Изберете меѓу 18 или 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци. Целиот пакет е заокружен со отворот за воздух како и лајсните на полукружната маска во црна боја со висок сјај. Ексклузивната Estoril сина металик боја и BMW Individual Shadow линијата дополнително ја нагласуваат.

  • Внатрешноста

    Внатрешноста на М Спорт пакетот вклучува М кожен управувач со мултифункционални копчиња и кратка рачка на менувачот (во возила со рачен пренос со 6 брзини) во Nappa кожа со М лого. Седиштата се покриени со Hexagon антрацит платно/алкантара со М опшивка и сини детали кои ги истакнуваат спортските седишта. Дизајнерскиот концепт е целосен со алуминиумски внатрешни лајсни Hexagon со мат Estoril сина боја или акцентна линија со црна боја со висок сјај.* Пакетот исто така вклучува брзиномер типичен за спортски автомобили и мерач на вртежи со црвени хроноскали и црвен контрастен прстен, М Спорт потпирање и Sport+ режим за контрола на задоволството при возење.

    *Покрај наведената опрема, достапни се и други бои на тапацир и внатрешни декоративни лајсни.

BMW пакети опрема

ПАКЕТИ.

BMW пакети опрема се првиот избор кога зборуваме за дополнителна опрема за вашиот BMW Серија 3 Gran Turismo.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Оригиналните BMW додатоци ви помагаат да ја истакнете спортската елеганција на вашиот BMW Серија 3 Gran Turismo и да ја подобрите неговата секојдневна функционалност. Имате избор на практични производи со висок квалитет.

  • Системи за транспорт

    Носачот на е-велосипеди се монтира на задниот дел од возилото и може да се преклопи по потреба, на пример кога сакате да го товарите багажникот. Носачот може да се преклопи и остави во багажикот, со неговата конструкција од цврст алуминиум има минимална тежина. Прилагодливите светла ја покриваат ширината на сите стандардни BMW возила.

  • Додатоци за забава

    BMW базна станица за Apple iPhone е дизајнирана совршено да се вклопува со внатрешноста на вашиот BMW и овозможува iPhone да биде прицврстен за инструмент таблата во хоризонтална или вертикална положба. Таа го поврзува вашиот iPhone со аудио системот на возилото со скриени кабли и има функција hands-free со микрофон со висок квалитет, GPS антена и функција за полнење. Инструкциите за навигација и телефонските повици имаат придобивка од BMW Link кој ги пренесува преку звучниците во возилото, автоматски намалувајќи го звукот на музиката од CD плеерот/радиото. Јачината може да се контролира преку BMW радиото или преку мултифункционалните копчиња на управувачот.

  • Сладирање

    Со капацитет од 20 литри, торбата за складирање во задниот дел на линијата Luxury овозможува дополнителен простор за багаж. Таа се прицврстува на површината на задното седиште со централиот сигурносен појас и вклучува разни прегради за складирање како што се термички изолиран држач за шишиња.
    Совршено вклопена преграда за складирање Luxury која се наоѓа на наслонот од предното седиште има прегради во различни големини и лесно се закачува на задниот дел од предните седишта и идеална е за пренесување мали предмети.
    Торбата за скии и даска за скијање ви овозможува безбеден транспорт на до четири пара скии или три даски за скијање. Торбата за скии може лесно да се извади и да се користи надвор од возилото – благодарение на тркалцата.

  • Корисни додатоци

    Закачалката за облека ви овозможува пренесување на облека без нивно брчкање или превиткување и, благодарение на делот за закачување што се вади, може да се користи и надвор од возилото. Модуларниот Travel & Comfort систем е изграден околу базниот носач (достапен одделно) кој лесно се закачува меѓу потпорните прачки на потпирачот за глава. Може да се користи со закачалка за облека, масичка на преклопување, универзална кука или држач за Apple iPad.
    Специјално направената футрола за клуч изработена од црна кожа со висок квалитет не само што го заштитува клучот од гребнатини, туку спречува и несакано притискање на копчињата.

  • Внатрешност

    Рачката на рачната сопирачка Luxury е стилски акцентирана со кожен централен дел – направено по мерка за BMW Серија 3 Gran Turismo.