ПРАКТИЧНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ. ЗА ВАШИТЕ ПАТУВАЊА.

Сигурност и удобност во BMW Серија 3 Gran Turismo.

Системи за помош на возачот, сеопфатни безбедносни функции: Вашиот BMW автомобил Ве штити и Ви помага секаде каде тоа е можно.

Бесконтактно отворање и затворање на задната врата

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА ЗАДНАТА ВРАТА.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Во такви ситуации, иновативниот систем за удобен пристап Ви помага со бесконтактното отворање на задната врата.
Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Вие треба само да го имате клучот со себе. Задната врата тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат просторот за багаж. Оваа иновативна карактеристика на BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и поудобно.

Harman Kardon сараунд звучен систем

HARMAN KARDON САРАУНД ЗВУЧЕН СИСТЕМ.

Harman Kardon сараунд аудио системот нуди искуство на слушање кое може да се спореди со концертните сали. Дигиталното појачало со еквилајзер од 600W и индивидуалното приспособување гарантираат одличен и квалитетен звук.
Вкупно 16 фино приспособени звучници, седум среднотонци, седум високотонци и два централни нискотонци овозможуваат акустично уживање во возилото, со алуминиумски ‘harman/kardon’ натпис на триаглестите огледала.

Адаптивни предни светла

АДАПТИВНИ ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Адаптивните предни светла со Bi-Xenon предни светла, варијабилното дистрибуирање светло за град и за автопат и BMW селективното светло обезбедуваат оптимално осветлување на патот пред Вас. При вртење, подвижните предни светла му овозможуваат на возачот добра прегледност во свиокот.
За да се подобри видливоста на краток досег, светлата за скршнување (вклучени во пакетот со опрема) автоматски се активираат веднаш штом ќе се вклучи трепкачот или кога ќе се сврти управувачот – дури и кога возилото стои во место. Адаптивните предни светла обезбедуваат оптимално осветлување во секоја ситуација на патот и значително ја подобруваат сигурноста при возење.

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Пасивна безбедност

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Пакет на интелигентни мерки за безбедност во BMW Серија 3 Gran Turismo помага да се минимизира ризикот од незгода – за да бидете секогаш во сигурни раце.
Многу отпорни, големи попречни делови и интелигентното користење на цврстите и ултрацврстите мултифазни челици обезбедуваат максимална заштита за безбедност на каросеријата додека, истовремено, се карактеризираат со мала тежина. Силите што се создаваат при судир се спроведуваат подалеку од патничката кабина до другите делови од каросеријата на возилото, како што е подвозјето, страничните рамки, преградата за просторот на моторот и покривот, каде се апсорбираат по пат на зони на деформации на предниот и задниот дел. Во случај на страничен судир, патниците се заштитени со засилени структури во B-столбовите и страничните прагови, многу цврстата заштита во вратите, како и стабилни попречни делови во седиштата.

На предниот дел од BMW Серија 3 Gran Turismo многу карактеристики се наменети за заштита на пешаците. Помеѓу браникот и каросеријата вграден е амортизер кој го намалува ризикот од повреди на нога при судир. Капакот од моторот е опремен со деформациски елементи кои ја апсорбираат силата на ударот и формираат зона на гужвање.