БИДЕТЕ ПРЕДВОДНИК. ОСТАНАТИТЕ НЕКА ВЕ СЛЕДАТ.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW 3 Series Gran Turismo.

Комуникации, информации и забава – почувствувајте ја мобилноста на целосно нов начин со услугите и апликациите од BMW ConnectedDrive.

Услуги на поврзано возење.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

BMW ConnectedDrive услугите му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа BMW Online, со што се обезбедува пристап до тековните локализирани временски услови и вести, како и онлајн пребарување и, исто така, функции на подвижна канцеларија. Исто така, може да се состави индивидуализирана палета услуги како што се веб камери, паркинг информации и водичи за патувања и хотели.
Опцијата, исто така, опфаќа безбеден и неограничен пристап до апликациите на смарт телефонот како BMW Connected.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI), дел од ConnectedDrive опремата, е Ваш личен извидник што ги обезбедува информациите за тоа што се случува на автопатиштата, локалните патишта и другите патишта како и на многу градски улици и нуди ефикасни алтернативни рути.
На овој начин секогаш сте упатени за моменталната состојба во сообраќајот на Вашата планирана рута и имате потенцијални алтернативни правци. Користењето на RTTI системот е дизјаниран во трасење од три години и во секое време може да се продолжи.
Достапно е во комбинација со дополнителната опрема ConnectedDrive услугите.
 

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Консиерж услуги

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Уживајте во специјалниот тип услуги со консиерж услугите од BMW ConnectedDrive понудата. Со притискање копче ќе бидете поврзани со агентот од BMW кол центарот кој Ви стои на располагање како ,личен асистент’ додека сте на пат.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне, а може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Агентот може да направи резервација за Вас во ресторан или хотел. Консиерж услугите работат независно од мобилниот телефон на возачот, и се достапни во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок. Оваа функција е достапна само во комбинација со ConnectedDrive услугите.

BMW APPS.

BMW Apps

BMW APPS.

Функцијата на апликации е платформа што овозможува едноставна употреба на апликациите на селектиран смарт телефон во BMW возилата. За да се направат достапни различните апликации за корисниците, BMW не само што разви сопствени апликации, како што се BMW Connected App и BMW M laptimer, туку и блиску соработува со партнери како Spotify, Napster, GoPro, Deezer и Audible, така што овие апликации може сигурно да се искористат во возилото.
Едноставно поврзете компатибилен смарт телефон со возилото преку snap-in адаптер или USB кабел. Аудиото се репродуцира преку звучниот систем на возилото. Сите апликациски функции може практично да се управуваат преку iDrive Controller. Селекцијата на апликациите, достапни за употреба во возилото, постојано се проширува благодарение на блиската соработка помеѓу BMW и големиот број добавувачи. За повеќе информации видете на www.bmw.com/apps.

BLUETOOTH OFFICE.

Bluetooth Office

BLUETOOTH OFFICE.

Конекцијата за Bluetooth и USB уредите во комбинација со навигацискиот систем и интелигентната интеграција на селектирани бизнис мобилни телефони овозможува канцелариските функции како што се електронска пошта, состаноци, задачи и текстуални пораки да се прикажуваат на контролниот дисплеј и може да бидат прочитани гласно преку аудио звучниците. И со Bluetooth Audio Streaming, може да уживате во музичките датотеки преку Bluetooth компатибилните уреди.

ДИКТИРАЊЕ ПОРАКИ.

Канцеларија каде и да одите: диктирање и испраќање електронска пошта или текстуални пораки во текот на возење. Во комбинација со навигацискиот систем Professional, Bluetooth поврзувањето и ConnectedDrive услугите, веќе не мора да го држите во раце Вашиот телефон.
Благодарение на новата функција на диктирање во возилото и препознавање говор од Nuance®, сè што ќе изговорите се претвора во текстуална порака што може веднаш да се испрати преку електронска пошта или SMS. Може бесплатно да ја користите функцијата на диктирање во Вашето возило во период од 60 дена. За да се продолжи користењето во Вашето возило, потребен е договор со Nuance®. На www.bmw.com/bluetooth може да дознаете дали Вашиот мобилен телефон е компатибилен со оваа функција. Предуслови за користење на оваа функција се наведени на www.bmw.com/bluetooth.

ИНТЕРНЕТ.

ИНТЕРНЕТ

ИНТЕРНЕТ.

Неограничен пристап до интернет.

Сметка со провајдер на интернет Ви овозможува да сурфате низ интернетот (без роаминг) од Вашето BMW возило.
Интернет страницата може да се отвори на контролниот екран со внесување URL адреса преку iDrive Controller или со отворање листа со понудени страници. Може да сурфате низ интернетот на контролниот екран до брзина до 7 км/час.
Достапно само во комбинација со опциската опрема ConnectedDrive услугите.

Интелигентен повик при итен случај

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ПРИ ИТЕН СЛУЧАЈ.

Во случај на сериозна незгода, функцијата Интелигентен повик при итен случај активира автоматски итен повик по активирање на воздушните перничиња или сигурносните појаси.
Преку вградената во возилото SIM картичка, податоците релевантни за службите за спасување, како што е точната положба на возилото или информациите за сериозноста на незгодата или можниот ризик од повреда на патниците се испраќаат до BMW кол центарот. BMW кол центарот, потоа ги информира службите за спасување кои се најблиску до местото на незгодата и овозможува помош на повредените преку телефон додека службите за спасување не пристигнат. Повикот може да се активира и рачно, на пример кога треба да се помогне на другите корисници на патот.