BMW серија 3 седан

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW серија 3 седан.

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW серија 3 седан.

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ. BMW серија 3 седан.

Комбинирана СО2 емисија во г/км (EfficientDynamics Edition 320d) *

113–102 [109–99]

Комбинирана потрошувачка во л/100км
(EfficientDynamics Edition 320d) *

4.3–3.9 [4.1–3.8]

Комбинирана СО2 емисија во г/км (340i)**

179–172 [159–152]

Комбинирана потрошувачка во л/100км(340i)**

7.7–7.4 [6.8–6.5]

Оригинален уште од 1975 година: BMW серија 3 седан е отелотворение на еден спортски седан. Во својата шеста генерација, оваа неодолива комбинација на динамички дизајн, непобитна агилност и одлична секојдневна практичност е секогаш импресивна. Оптимална распределба на тежината, класичен погон на задните тркала и моќни, ефикасни бензински и дизел мотори со BMW EfficientDynamics технологија гарантираат извонредна динамика и ниска потрошувачка на гориво. Интелигентниот BMW xDrive погонски систем на четири тркала обезбедува најдобра влеча. И со пакетите опции Sport Line, Luxury Line или М Спорт, можете да го прилагодите вашиот BMW серија 3 седан на вашите лични потреби и желби.  

ОТКРИЈТЕ ГО BMW СЕРИЈА 3 СЕДАН.

Дизајн

Дизајн.

Непогрешливите дизајнерски елементи ја прават BMW Серија 3 најспортскиот член во својата класа. Со современо толкување на класичниот троделен дизајн, возилото ја одржува дизајнерската традиција на BMW марката: долга хауба, кратки испусти, долго меѓуоскино растојание и патнички дел повлечен наназад. На овој начин, најдобро продаваната BMW серија на сите времиња продолжува да предводи во својата класа возила.
Динамика на возење и ефикасност

Динамика на возење и ефикасност.

BMW серија 3 седан нуди динамика во многу различни сегменти. Опционалното адаптивно М потпирање или варијабилно спортско управување гарантира врвна агилност и ви обезбедува максимална контрола и прецизност дури и при спортски начин на возење. BMW TwinPower турбо мотори и опционалниот 8-брзински Steptronic спортски пренос обезбедуваат извонредно задоволство при возење. Овие, заедно со други BMW EfficientDynamics технологии овозможуваат впечатливи перформанси и, во исто време, помагаат да се намали потрошувачката на гориво.
Безбедност и комфор

Безбедност и комфор.

BMW серија 3 седан ви нуди се што ви е потребно само да седнете и да уживате. Просторната внатрешност со голем број прегради за складирање секое патување го претвора во прекрасно и удобно искуство. Флексибилниот багажен простор обезбедува извонредна функционалност. А досетливата заштита на патниците гарантира спокој во сите седишта.

240 KW.

Најнова технологија на вбризгување, целосно варијабилна контрола на перформансите на вентилите и најнова генерација на турбо полначи: сите бензински и дизел агрегати од BMW EfficientDynamics семејството мотори нудат импресивна снага – и исклучително ниска потрошувачка на гориво и емисии на штетни гасови. Особено динамичен: врвниот мотор во BMW 340i седан. Особено ниска емисија на гасови и потрошувачка на гориво: BMW 320d седан EfficientDynamics Edition и BMW 330e* седан – го претставуваат првиот хибрид во BMW Серија 3.